ОД ПОНЕДЕЛНИК СЕ ДОЗВОЛУВА ВАКЦИНАЦИЈА НА ДЕЦА ОД 12 ДО 16 ГОДИНИ: Најмладите ќе бидат вакцинирани со Фајзер
Објавено во: Македонија 07 Јули, 2021 12:49
Министерот за
здравство, Венко Филипче, денеска соопшти дека од понеделник во Македонија ќе
се дозволи вакцинација на младата, односно школската популација од 12 до 16 години.
По ширењето на делта варијантата, како што рече министерот, се соочуваме со ситуација која ни укажува колку е битно граѓаните да се вакцинираат.
Филипче уште еднаш нагласи дека присуството на корона вирусот најверојатно ќе трае повеќе години, но нагласи дека, тоа не значи дека животот на граѓаните треба да биде затворен.
-Затоа од исклучителна важност е да имаме што помасовна вакцинацира, рече Филипче.
Инаку, имунизацијата кај децата нема да биде задолжителна, туку родителите со своите деца ќе може да се појават на пунктовите на доброволна основа, истакна министерот, додавајќи дека вакцината на Фајзер, во овој моментов е единствена вакцина која е дозволено да се користи согласно препораките во внатрешното упатство за оваа категорија на деца.
Исто така, Филипче нагласи дека за да бидат вакцинирани децата нема да има потреба од закажување термин.
-На пунктовите во здравствените домови се и педијатрите,
значи може да се искористи и нивната експертиза. Родителите треба со децата да
дојдат по своја волја, не е задолжително да се вакцинираат.
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:
Можеби ќе ве интересира
Исповед на Надалина, ќерката на актуелниот градоначалник на Кочани која ја преживеа трагедијата: Последната слика на која се сеќавам е луѓе како врескаат, обидувајќи се да излезат
(ВИДЕО) ОГРОМНА ПУКНАТИНА ВО ЛИПКОВО: Жителите се вознемирени
Прекршочна за Менди Ќира и Општина Струга: На прославата за Денот на алабнското знаме изостана македонското знаме
ЛЕКОВИ, ЦИГАРИ, ЖЕСТОКИ ПИЈАЛОЦИ, ЌИЛИМИ - Цариниците со голема заплена, еве каде биле скриени предметите
КАКО ЌЕ ВОЗАТ АВТОБУСИТЕ НА ЈСП ВО ПОНЕДЕЛНИК? Еве како празнично ќе се работи
Се огласи Зоран Заев: Никола, до сега ќе си го одлежеше затворот и ќе беше слободен во Македонија
„АКО ИТАЛИЈА СЕ СПРАВИ СО КОЗА НОСТРА, МОЖЕМЕ И НИЕ СО МАФИЈАТА НА ВМРО-ДПМНЕ“: Филипче најави „бомби 2.0“
КРИВИЧНА ПРИЈАВА ЗА ДИРЕКТОРКА НА СРЕДНО УЧИЛИШТЕ ОД ДЕЛЧЕВО - МВР ја товари за „фалсификуван тест за англиски“
ЕУ ДА ИЗВРШИ ПРИТИСОК ВРЗ ТИЕ ШТО ГО БЛОКИРААТ ПРОЦЕОТ НА ПРОШИРУВАЊЕ: Николоски - Македонија одамна засужила да ги почне преговорите





