18 Јули, 2024
0.0248

ОД НУДЕЊЕ БРЗИ КРЕДИТИ И ТОА КАКО ДОБРО СЕ ЖИВЕЕ - Изи Фајнанс лани со профит од половина милион евра

Објавено во: Финансии 10 Јули, 2024

Добивај вести на Viber

Давањето брзи кредити од финансиските друштва е и тоа како профитабилна дејност. Со своите податоци излезе Изи Фајнанс АД Скопје, преку Македонската берза за долгорочни хартии од вредност. 

Нејзините финансиски извештаи покажуваат дека компанијата минатата година ја завршила со нето добовка, односно профит после оданочување од близу 500 илјади евра. 

Според скромните податоци што се приложени на Берзата кај друштва со посебни обврски за известување, ова финансиско друштво остварило вкупни приходи од 2,5 милиони евра.

Додека, пак, добивката пред оданочување била 583 илјади евра.

Компанијата има нето готовински тек од близу 92 илјади евра. 

За сопственичкиот капитал на компанијата е наведено дека е 100 отсто сопственост на едно физичко лице.

На веб страната на Изи Фајнанс е наведено дека тоа е финасиско друштво, односно Еазу Фајнанс АД Скопје е небанкарска финансиска институција, лиценцирано и регистрирано од страна на Министерството за финансии на 07 јуни 2018 година, за извршување на следните финансиски услуги: одобрување кредити и факторинг.

„Ние сме насочени кон изнаоѓање на решенија, нудејќи различни производи од микокредитирање, хипотекарно кредитирање и факторинг“, стои на нивната веб страница.

Нагласуваат уште и дека во делот на микрокредитирање нудат ние сме максимално корисни и лесно достапни за секој корисник, нудејќи потполно онлајн аплицирање за кредит.

Н.Н.Ф. 

Можеби ќе ве интересира

ДОДЕКА СЕ ЧЕКААТ 500 МИЛИОНИ ЕВРА ОД ОРБАН, „БАЈПАСИРААТ“ ДОМАШНИТЕ БАНКИ, АМА И ЌАРУВААТ - издадена државна обврзница од 48 милиони евра со камата од 5,6 отсто

ДОДЕКА СЕ ЧЕКААТ 500 МИЛИОНИ ЕВРА ОД ОРБАН, „БАЈПАСИРААТ“ ДОМАШНИТЕ БАНКИ, АМА И ЌАРУВААТ - издадена државна обврзница од 48 милиони евра со камата од 5,6 отсто

ЗАСИЛУВАЊЕ НА ФИСКАЛНАТА ПОЛИТИКА - Кина ќе издаде ултра долги специјални државни обврзници од 55 милијарди јуани

ЗАСИЛУВАЊЕ НА ФИСКАЛНАТА ПОЛИТИКА - Кина ќе издаде ултра долги специјални државни обврзници од 55 милијарди јуани

БУЏЕТОТ ПАК ПОРАСНА ИАКО ЕКОНОМИЈАТА НЕМА ДА РАСТЕ КАКО ШТО СЕ ОЧЕКУВАШЕ – министерката бара одговорно работење од сите институции

БУЏЕТОТ ПАК ПОРАСНА ИАКО ЕКОНОМИЈАТА НЕМА ДА РАСТЕ КАКО ШТО СЕ ОЧЕКУВАШЕ – министерката бара одговорно работење од сите институции

Генерали Инвестментс: Зелено, те сакам зелено…

Генерали Инвестментс: Зелено, те сакам зелено…

Одлука на Народната банка: Од август 2025 година стапката на противцикличниот заштитен слој на капиталот ќе изнесува 1,75 отсто

Одлука на Народната банка: Од август 2025 година стапката на противцикличниот заштитен слој на капиталот ќе изнесува 1,75 отсто

СТОПАНСКА БАНКА БИТОЛА ЗНАЧАЈНО СЕ „СТЕГНА“ - загубата се претвори во добивка од над 800 илјади евра, еве какви се плановите

СТОПАНСКА БАНКА БИТОЛА ЗНАЧАЈНО СЕ „СТЕГНА“ - загубата се претвори во добивка од над 800 илјади евра, еве какви се плановите

ТАЈНАТА СОСТОЈКА НА ОЗЕМПИК ВО ТРКА ЗА ОСВОЈУВАЊЕ НА ПАЗАР ОД 100 ИЛЈАДИ ЕВРА: Се бори за водечка позиција

ТАЈНАТА СОСТОЈКА НА ОЗЕМПИК ВО ТРКА ЗА ОСВОЈУВАЊЕ НА ПАЗАР ОД 100 ИЛЈАДИ ЕВРА: Се бори за водечка позиција

КЛИМА УРЕДИТЕ ПУШТЕНИ НА НАЈЈАКО: Еве која температура е погубна за сметките

КЛИМА УРЕДИТЕ ПУШТЕНИ НА НАЈЈАКО: Еве која температура е погубна за сметките

ДУРИ 1.500 ЕВРА ЗА КЕЛНЕР ВО ГРЦИЈА, ИСТО ТОЛКУ ЗА ЧИСТЕЊЕ ВО ХРВАТСКА, ОД 800 ЕВРА ЗА СОБАРКИ ВО ЦРНА ГОРА: Еве колкава плата може да земете како сезонски работник во некоја од земјите на Балканот

ДУРИ 1.500 ЕВРА ЗА КЕЛНЕР ВО ГРЦИЈА, ИСТО ТОЛКУ ЗА ЧИСТЕЊЕ ВО ХРВАТСКА, ОД 800 ЕВРА ЗА СОБАРКИ ВО ЦРНА ГОРА: Еве колкава плата може да земете како сезонски работник во некоја од земјите на Балканот