22 Јануари, 2025
0.0298

ОД МАРКЕТ ВО МАРКЕТ ДОДЕКА НЕ ПОМИНЕ КАРТИЧКАТА: Технички пречки на патот до студентскиот оброк

Објавено во: Македонија 06 Ноември, 2024

Добивај вести на Viber

За многумина студенти, субвенционираниот оброк е добредојдена помош, во, како што самите велат, сивото секојдневие – малку пари, а  големи трошоци. Секој денар им значи, особено во време на високи цени. Со неделниот износ од 840 денари, многу студенти се потпираат на оваа помош за да го растегнат месечниот буџет. Но, наместо да биде лесен начин за пристап до основни потреби, студентите честопати имаат потешкотии со користењето на картичката во одредени маркети, што често води до неизвесност и неискористеност на средствата. Ова, секако ги принудува да талкаат од маркет во маркет – со надеж дека на следната каса ќе успеат да ја купат храната која им е потребна.

-Проверувам на телефон и гледам дека имам пари на картичката, но кога ќе дојдам до каса – не поминува. Толку се нервирам кога треба да одам од една до друга продавница, само за да си набавам храна, вели Тамара, студентка на Филолошкиот факултет.

-Картичката е прифатена на сите места каде што има храна, но некогаш едноставно не работи. Имам пари на сметката, ама што ми вреди ако не можам да ги искористам, појаснува Александар, студент на Градежниот факултет.“

-На факултетот имаме бифе каде картичката секогаш поминува, но не можаме постојано да купуваме само од таму. Понекогаш сакаме да си купаме состојки и сами да си зготваме нешто дома, велат Бојан и Ивана, студенти на Медицинскиот факултет кои живеат заедно скоро две години.

Проблемите со кои се соочуваат студентите при користењето на картичката не ги оставаат рамнодушни ниту вработените во маркетите. Касиерките, кои секојдневно ги гледаат студентите како се обидуваат да ги искористат овие средства, сведочат за нивните напори и фрустрации. Многу често тие сочувствуваат со студентите, разбирајќи ја важноста на секој денар за нив и колку е непријатно кога намирниците остануваат на каса поради, како што сметаат, некаков технички проблеми.

„Често гледам студенти како доаѓаат и проверуваат по неколку пати, мислејќи дека можеби има некој проблем со износот на картичката. Важно им е да ги искористат овие средства, но кога не поминува картичката, се нервираат и разочарани заминуваат. Особено е тажно да се види како ги оставаат намирниците тука на касата и продолжуваат да бараат друг маркет. Навистина не би требало да се чувствуваат така, туку без грижи да си ја купат потребната храна.“

Субвенционираниот оброк е една од поважните мерки што им помага на студентите да го растегнат својот скромен буџет и да си обезбедат барем основни потреби. Сепак, како што велат и самите, користењето на овие средства не секогаш е едноставно, поради честите технички проблеми со кои се соочуваат.

И иако засега се само шпекулации, надежите дека сумата за студентски субвенциониран оброк би можела да се зголеми од јануари 2025 ги мотивираат да веруваат во подобра поддршка во иднина. Како што велат многумина, вакво зголемување би било чекор напред кон подобро студентско секојдневие, каде што младите ќе можат да се фокусираат на своето образование, наместо на финансиските предизвици.

Анита Буховски

фото: EPA-EFE/SEBASTIEN NOGIER

Можеби ќе ве интересира

„МИЦКОСКИ ИМАШЕ СРЕДБИ СО ЛУЃЕ СО БИТНО ВЛИЈАНИЕ ЗА МАКЕДОНСКИТЕ ИНТЕРЕСИ ПОВЕЌЕ ОД СИТЕ ВЛАДИ НА СДСМ“: „А Таче не се брои, пошто е битен ко семафор на пешачки во Чаир“ - Латас распали

„МИЦКОСКИ ИМАШЕ СРЕДБИ СО ЛУЃЕ СО БИТНО ВЛИЈАНИЕ ЗА МАКЕДОНСКИТЕ ИНТЕРЕСИ ПОВЕЌЕ ОД СИТЕ ВЛАДИ НА СДСМ“: „А Таче не се брои, пошто е битен ко семафор на пешачки во Чаир“ - Латас распали

САРАЕВО Е ПРВО: Скопје е 11-ти најзагаден град во светот

САРАЕВО Е ПРВО: Скопје е 11-ти најзагаден град во светот

„ЕУРОЊУЗ“: Македонија има најзагаден воздух во Европа - кои држави се во иста група?

„ЕУРОЊУЗ“: Македонија има најзагаден воздух во Европа - кои држави се во иста група?

ИЗМАМЕН ТЕТОВЧАНЕЦ: Му ветиле 17.000 долари, а останал без пари

ИЗМАМЕН ТЕТОВЧАНЕЦ: Му ветиле 17.000 долари, а останал без пари

ПОЧИНА ДОАЈЕНОТ НА МАКЕДОНСКОТО СПИКЕРСТВО, СНЕЖАНА ЛИПКОВСКА: Прерпознатлива во цела бивша Југославија по зелените очи и моќниот глас

ПОЧИНА ДОАЈЕНОТ НА МАКЕДОНСКОТО СПИКЕРСТВО, СНЕЖАНА ЛИПКОВСКА: Прерпознатлива во цела бивша Југославија по зелените очи и моќниот глас

ИМА ВЕРБА ДЕКА МВР ЌЕ ГИ ОТКРИЕ СТОРИТЕЛИТЕ - сопственичката на бутикот што изгоре во Карпош се заблагодарува за поддршката

ИМА ВЕРБА ДЕКА МВР ЌЕ ГИ ОТКРИЕ СТОРИТЕЛИТЕ - сопственичката на бутикот што изгоре во Карпош се заблагодарува за поддршката

ЛЕКОВИ, ИНСУЛИНСКИ ИГЛИ, КЛУЧЕВИ ЗА АВТОМОБИЛИ, ОБЛЕКА - цариниците со „полни раце работа“, еве што се заплениле

ЛЕКОВИ, ИНСУЛИНСКИ ИГЛИ, КЛУЧЕВИ ЗА АВТОМОБИЛИ, ОБЛЕКА - цариниците со „полни раце работа“, еве што се заплениле

Села: Зошто Мицкоски и функционерите од „Вреди“ не ги покажат поканите од инаугурацијата?

Села: Зошто Мицкоски и функционерите од „Вреди“ не ги покажат поканите од инаугурацијата?

СЕ БОРИМЕ СО БРИСЕЛ, БЕРЛИН, ПАРИЗ, ЛОНДОН...НАШИОТ ГЛАС Е СЀ ПОСИЛЕН: Мицкоски уште еднаш се огласи од САД, се сретна со близок соработник на Трамп

СЕ БОРИМЕ СО БРИСЕЛ, БЕРЛИН, ПАРИЗ, ЛОНДОН...НАШИОТ ГЛАС Е СЀ ПОСИЛЕН: Мицкоски уште еднаш се огласи од САД, се сретна со близок соработник на Трамп