06 Мај, 2024
0.0325

Од Мала Речица до Илинденска – Колку ќе жари „огнената група“?

Објавено во: Македонија 03 Октомври, 2022

Добивај вести на Viber

Али Ахмети е единствениот политички лидер во Македонија кој 20 години без престан нема забележано ниту еден пораз. Губеле Црвенковски, Георгиевски, Грувски и Заев, ама Ахмети никогаш. Но, сега по две декади на неприкосновена власт во државата и во партијата, за прв пат Ахмети се соочува со тежок избор, да се откаже од пулените Османи и Груби во извршната власт или да го задуши пламенот кој го разгоре т.н „огнена група“, предводена од некогашниот број два Муса Џафери. Овој судир колку и да делува неинтересно од аспект на класични внатрпартиски битки, сепак може да се одрази на власта на централно и локално ниво.

Данела Арсовска, градоначалничката на Скопје, назначи нови директори на скопските јавни претпријатија токму од „огнените момчиња“ додека пак во владата се очекува да се припои Алијансата за Албанците, сега привремено водена од Арбен Таравари. Тоа ќе донесе тектонски промени на терен, и нови проекции за следните избори. Затоа анализараме со новинарите Сељадин Џезаири и Дестан Јонузи.

Дали е загрозена хегемонијата на Али Ахмети, најверојатно прв пат по 20 години на власт и целосна контрола над ДУИ. Зошто овој настап на „огнената група“ се разликува од претходните обиди за поделби и фракции кај интегративците?

„Ценам дека сето ова што се случува во ДУИ е доказ на квалитетот на она што се именува како внатрешна демократизација на внатрепартиските односи кај најголемата партија на Албанците кај нас. Со оглед на структурите од кои никна ДУИ, аргументите изнесени во јавниот настап на веќе познатата „четвортка“ повеќе ја зацврстуваат, а не ја загрозуваат, да го икористам Вашиот збор, хегемонијата на Али Ахмети. Незадоволство, дури и поагресивна реторика постоеше и порано. И тогаш, а и сега тоа се сведува главно на неприфаќање на кадровските решенија. Паметам дека токму за имињата на споменатата „четвортка“, плус двајца-тројца други, се врзуваа негодувањата пред седиштето на интегративците во тетовската Мала Речица. Деновиве прочитав силна мисла која гласи: силината на омразата зависи од блискоста на односите. Да не должам, „балкански фракции“, како во секоја партија кај нас, постојат и во ДУИ, но далеку од тоа што се подразбира со поимот фракција“, смета ветеранот на новинарството Сељадин Џезаири.

Може ли Али Ахмети и Талат Џафери со сигурност да потврдат дека пратеничката група на ДУИ е целосна и компактна, и дека нема да дојде до отцепување, што па од друга страна може да влијае и на владејачкото мнозинство?

„Али Ахмети докажа дека има целосна контрола врз партијата и пратеничката група, па претседателот на Собранието Талат Џафери беше уверен во изјавата дека парламентарното мнозинство има 64 пратеници. Дека Ахмети има целосна контрола се докажа и при гласањето на владиниот кабинет и кога Заев беше премиер, но и при гласањето на Владата на Ковачевски. Во никој случај не може да има отцепување на пратеници од ДУИ, од причина што барањата на таканаречената „Огнена група“, ако ги анализирате, имаат врска со поделбата на власта, поточно со преголемата власт на Артан Груби, прв вицепремиер, министер за политички систем, организационен секретар на партијата. Значи нивната битка е лична со Артан Груби, а не со Ахмети и партијата.  Ако целта им беше повеќе од тоа, имаа шанса да го урнат владиното мнозиство и со тоа да го разрешат и Артан Груби, кога ВМРО-ДПМНЕ, Алијансата за Албанците и Движењето БЕСА имаа иницијатива за ново парламентарно мнозинство, но тоа не го направија. Тогаш се појави и Кастриот Реџепи! Ова беше предизвик од опозицијата на Албанците за „Огнената група“. Сега е апсурдно Изет Меџити да бара од опозицијата да покрене интерпелација против Артан Груби. Инаку, ДУИ во оваа владина гарнитура има многу успешни министри“, истакна новинарот Дестан Јонузи.

Кои се главните мотиви на „огнената група“, ако се гледа отстрана и надвор од класичните внатрепартиски препукувања, дел од нивните претставници се прилично компримитирани од минатото, блискоста до одредени поранешни функционери и сомнежи кои никогаш не беа докрај разјаснети преку „бомбите“. Имаат ли тие доволно кредибилитет во критиките и барањата?

„Впечатокот е, читајќи го Отвореното писмо, дека главниот мотив е незадоволството со „егзекутивата“, односно со интегративците од редовите на ДУИ, предводени од Артан Груби, во Владата на Северна Македонија. За волја на вистината, духот на настапот е вперен токму против лидерот Ахмети кој цврсто стоел порано, а и сега зад кадровските решенија во првиот ешалон на извршната власт. Јавноста знае што се и претходеше на формирањето на Владата на Зоран Заев, од бомбите па до странските дипломатски притисоци да дојде до владината коалиција. Колку се сеќавам, а имам добро памтење, тогаш по прашањето на коалицијата имаше сериозни разлики меѓу сегашната „четворка“. Рака на срце, прашањто на партиските органи е едно, а сосема друго оценката за владините репрезенти на ДУИ. Стручната јавност кај нас, а и надвор, претежно албанска и не само албанска, дава повеќе од преодна оценка за учинокот на ДУИ која впрочем не е имуна, како секоја партија, од појавите кои ги носи самото присуство на власт, вели Џезаири“. 

Може ли да дојде до целосен расцеп меѓу Ахмети, Груби, Османи и од друга страна Муса Џафери, како и останатите пратеници и градоначалници од скопското и тетовското крило на ДУИ и формирање нова политичка партија?

„Се додека Али Ахмети е на чело на ДУИ, тоа нема да се случи. Од друга страна, Муса Џафери не претставува некаква важна политичка фигура меѓу Албанците. Блерим Беџети и Изет Меџити сиот авторитет и локална политичка моќ во Сарај и Чаир го добија од преголемата власт во ДУИ низ годините. Али Ахмети е свесен за ова, но и свесен дека е време партијата да се освежи, да се отвори за нова генерација. Не верувам дека Изет Меџити и Блерим Беџети можат да формираат нова политичка партија, додека Муса Џафери нема калибар на лидер за да влезе во таков потфат. Сите тројца ја имаат сенката на доброто и лошото од 20-годишното владеење на ДУИ, некогаш со ВМРО-ДПМНЕ, а некогаш со СДСМ. Од друга страна, не треба да се потценуваат и другите политички фигури на ДУИ во Чаир, Артан Груби, Бујар Османи“, кои сепак имаат политичка тежина, дополнува Јонузи.

Ахмети е познат како политичар кој секогаш има „џокер“ во ракавот, очекувате ли изненадувања, дали можеби некое преструктирање со субјекти од албанската опозиција или пак, нагли промени во врвот на владиниот кабинет?

„Познавајќи го Ахмети, очекувам дека новонастаната ситуација нема да трае долго: „Бунтовниците“ или битката ќе ја водат внатре во партијата или ќе одат на одвојување. Кон ова ме упатуваат најновите именувања на двајца директори од страна на градоначалничката на Скопје кои кадровски решенија блиски до „четвортката“, и недемантираната вест дека Алијансата на Албанците на Зијадин Села, односно на Арбен Таравари може да биде дел од владината коалиција. Секако, не очекуваат  студени денови во ова жешка политичка есен“, заклучува Џезаири.

Х.С.

Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Православните го слават Велигден, политичарите повикаа на сплотеност

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Православните го слават Велигден, политичарите повикаа на сплотеност

ПО ПОВОД ВЕЛИГДЕН: Фатмир Битиќи на гости кај Оливер Спасовски

ПО ПОВОД ВЕЛИГДЕН: Фатмир Битиќи на гости кај Оливер Спасовски

КОЛКУ СЕ ХРАНЛИВИ ЈАЈЦАТА: Дали треба да се внимава со жолчките?

КОЛКУ СЕ ХРАНЛИВИ ЈАЈЦАТА: Дали треба да се внимава со жолчките?

ДЕВОЈЧЕ ОД ПЕТРОВЕЦ ИЗБЕГА ОД ДОМА: Таткото се сомнева дека е кај момчето

ДЕВОЈЧЕ ОД ПЕТРОВЕЦ ИЗБЕГА ОД ДОМА: Таткото се сомнева дека е кај момчето

ЕФРЕМОВ: Полицајците евакуираа и спасија 60 стари, изнемоштени и неподвижни лица во Банско

ЕФРЕМОВ: Полицајците евакуираа и спасија 60 стари, изнемоштени и неподвижни лица во Банско

ПО НЕГО ИМАШЕ ПОТЕРНИЦА: Кондовецот Агим Красничи е упасен во Косово

ПО НЕГО ИМАШЕ ПОТЕРНИЦА: Кондовецот Агим Красничи е упасен во Косово

ВИСТИНСКИ РАЈ ЗА ОЧИ: Скопјанка во неколку техники украсува велигденски јајца

ВИСТИНСКИ РАЈ ЗА ОЧИ: Скопјанка во неколку техники украсува велигденски јајца

НА 8-МИ ГРАЃАНИТЕ ГЛАСААТ: Колку пратеници очекува Мицкоски?

НА 8-МИ ГРАЃАНИТЕ ГЛАСААТ: Колку пратеници очекува Мицкоски?

КАСАМИ ДО АХМЕТИ: Toj е фатен од синдромот на Мендух Тачи, кој само се заканува

КАСАМИ ДО АХМЕТИ: Toj е фатен од синдромот на Мендух Тачи, кој само се заканува