13 Мај, 2024
0.0293

Од кројачка до најбогата жена во Шпанија – почина Росалија Мера сопственичката на „Зара“

Објавено во: Стил 16 Август, 2013

Добивај вести на Viber

Росалија Мера, сопственичката на модниот бренд „Зара“ и најбогатата жена во Шпанија, почина на 70 години од мозочен удар, додека била на годишниот одмор на островот Менорка. Ударот таа го доживеала на плажа, во друштво на ќерката Сандра. Не и помогнале напорите на докторите, а животот го загубила 24 часа по ударот.

Мера беше најбогатата жена во Шпанија, а на листата на Форбс се наоѓаше на 195 место со богатство од околу 6,1 милијарди долари. За неа се говореше дека е најбогатата жена која богатството го создала сама.

Таа на 11 години го напуштила училиштето, а на 13 почнала да работи како кројачка.

Компанијата Индитеџ ја основала заедно со сопругот во 1985 година. Во 1975 година ја отвора првата Зара продавница во Ла Коруња, а 1988 почнала да го шири брендот надвор од Шпанија.