Од каде Северна Кореја ќе обезбеди храна?
Објавено во: Свет 19 Јуни, 2019
Северна Кореја ќе помогне Јужна Кореја да обезбеди храна.
Ќе им се помогне на 1,5 до 2 милиони деца, трудници и доилки, се вели во соопштението.
Јужна Кореја ќе ѝ донира на Северна Кореја 50.000 тони ориз и 4,5 милиони долари за да ѝ помогне во ублажувањето на недостигот на храна. Oва го бјави денес Светската програма за храна на ОН (ВФП).
Ова е најголема донација од Јужна Кореја за северниот сосед од 2008 година, наведе ВФП во соопштението.
Во мај, ВФП објави дека производството на храна во Северна Кореја се намали на најниско ниво за десет години, поради што на милиони луѓе им се заканува глад ако не добијат меѓународна помош.
Експерти на ОН за земјоделство и храна ја посетиле изолираната комунистичка земја во март и април, утврдувајќи дека околу десет милиони луѓе немаат доволно храна да го издржат периодот до следната жетва.
Во некои рурални средини 43 отсто од луѓето се потхранети, а едно од пет деца страда од забавен раст затоа што нема доволно храна, објави Светската здравствена организација.
Сушата доведе до недостиг на храна.