ОД КАБИНЕТОТ НА СИЉАНОВСКА - ДАВКОВА: Законот се носи со двотретинско мнозинство и претседателот нема право на вето
Објавено во: Македонија 08 Јуни, 2024 17:50
Од Кабинетот на претседателката на државата, Гордана Сиљановска - Давкова укажуваат дека Законот за организација и работа на органите на државната управа е системски закон.
Тој се носи со двотретинско мнозинство, па во согласност со член 75 од Уставот, претседателот нема право на вето на истиот, односно е должен да го потпише указот.Заменик министерката за правда, Викторија Аврамоска Мадиќ ја повика претседателката да не го потпишува Указот за синоќа усвоениот Закон за организацијата и работата на органите во државната управа.
„Почитувана професорке Сиљановска, четири години како пратеничка, на секоја седница, за секој предложен закон први ,,скокавте” за скратената постапка на законите кои беа предлагани. Вчера, партијата во која како ,,независен” пратеник бевте дел од неа и која Ве предложи за претседател, на најгруб можен начин го прекрши најпрво Деловникот за работа на Собранието, за потоа во рок од само 24 часа да предложи и изгласа Закон со кој не само што го прекрши предизборното ветување за намалување на администрацијата и непотребните трошоци, туку спротивно на тоа, создаде уште четири нови министерства со што дополнително го зголеми државниот апарат. За да биде уште поинтересно, сите ветувања дека ќе направат сè за да ја однесат една друга партија во опозиција, резултираа со главна поддршка токму од истата. Ако сето ова се случи на втората седница, што треба да очекуваме понатаму?“, вели таа.
fфото Фејсбук/Гордана Сиљановска - Давкова
Можеби ќе ве интересира
Филипче повторно повика пратениците да ја потпишат декларацијата на СДСМ за мигрантите
МАКЕДОНИЈА ИМА СИЛА ДА БИДЕ НОРМАЛНА ЗЕМЈА: Тошковски вели дека сме станале вистински Европјани
„ВИСТИНАТА Е ДЕКА МИНАТАТА ВЛАСТ ИЗРАБОТИЛА НАЦИОНАЛНА СТРАТЕГИЈА ЗА ПРИФАЌАЊЕ МИГРАНТИ 2017-2027“: Мицкоски за темата со мигрантите
Стафа примил мито од 50.000 евра за да влијае кај судија
СЕ ОГЛАСИ ДИМИТРИЕВСКИ ЗА МИГРАНТСКИТЕ КАМПОВИ: „ЗНАМ нема никогаш да даде поддршка“
Крај на опасната крстосница во Аеродром: Се поставува семафор на улицата Васко Карангелески
ТОШКОВСКИ ПОТВРДИ ДЕКА Е УАПСЕН ПОРАНЕШНИОТ ПРАВОБРАНИТЕЛ ФЕХМИ СТАФА: Повеќе детали најавува наскоро
ВИДЕО: ДЕЦА КРВНИЧКИ СЕ ТЕПАА ВО САРАЈ: ОЈО побара судска постапка спрема 5 деца
Макстил: Информациите за пожар не се однесуваат на нашата компанија




