ОД ЈАЈЦАТА ПА СЕ ДО МЕСОТО - нема производ без повисока цена
Објавено во: Економија 29 Ноември, 2024 11:42
Нема производ или услуга која во изминативе две години не добила повисока цена. Од хранливите производи како јајцата, млекото, брашното, месото, месните производи, но и многу услуги од 2021 година наваму постојано поскапуваат. Ова го покажува годишникот на Државниот завод за статистика, каде што има огромна листа на производи кои се користат во секојдневието и кои поскапувале секоја година.
Омиленото македонско јадење, гравчето, од 150 денари колку што сме го плаќале во 2021 година поскапело и во текот на минатата година достигнало просечна цена од скоро 200 денари.
Оризот исто така поскапел, не 50 денари како гравот, но во текот на минатата година овој производ просечно сме го плаќале за 20 денари поскапо.
Кај месото состојбите се уште поизразени. Јунешкото место во 2021 година чинело 345 денари, додека минатата година се продавало по просечна цена од 500 денари. И свинскот и пилешкот месо имаат повисоки цени, свинското за 100 денари, додека пилешкиот стек поскапел за 140 денари.
Повисоки цени имаат и млекото, јајцата, сирењето и кашкавалот, кафето кое поскапело за 120 денари за две години. Дури и хамбургерот, едно од омилените сендвичи или храна од брзите ресторани исто така има повисока цена, која просечно за цела земја се зголемила за 50 денари.

Но, статистичарите извадиле податоци дека повисоки цени плаќаме и за облеката, за покуќнината, како и за опремата за домаќинствата.
Па така на пример машките кошули од просечни 1100 денари достигнале 1220 денари по парче. Фармерките за возрасни исто така поскапеле и тоа за 700 денари, а поскапеле и обувките и за возрасни и за деца.
Повисоки се цените и на апаратите за домаќинствата. Една машина за перење алиша чинеле околу 19 илјади денари просечно во 2021 година, но лани просечно се продавале за 2.500 денари повеќе. Електричните шпорети пак поскапеле за три илјади денари.
Синдикатите пак укажуваат дека има раст на цените на годишно ниво. Минималната кошница за ноември 2024 година изнесува 62.021 денари, споредена со вредноста за октомври е зголемена за 772 денари.
- Од податоците на вредноста на Синдикалната минимална кошница евидентно е дека некој се богати на грбот на граѓаните и работниците, а не ги почитува мерките на Владата кои се креираат за да се помогне на граѓаните со ниски примања - велат од Сојузот на синдикатите на Македонија.
П.О.Можеби ќе ве интересира
Побарувачката за сребро ќе расте - кои земји имаат најголеми резерви?
ЕУ ОДОБРИ ПОМОШ ЗА УКРАИНА: Што се случува со цените на златото и пченицата?
Како вештачката интелигенција навистина влијае на пазарот на трудот?
Најголемото наоѓалиште на злато досега – илјадници тони скриени на 1.900 метри
НА ЕУ И НЕДОСТАСУВААТ МЕНАЏЕРИ ЗА ПРОДАЖБА, МАРКЕТИНГ И РАЗВОЈ: Оваа професија има незадоволена побарувачка
Запленетите акции на Сашо Мијалков во Алта банка ставени на продажба




