19 Јануари, 2025
0.1791

Од Идеја до Инвестиција преку програмата #ИмамИдеја на Стартап Клуб Скопје

Објавено во: Мои пари 19 Јуни, 2024

Добивај вести на Viber

На 10-ти Јуни, Стартап Kлуб Скопјенаправи вистинска #СтартапРеволуција со финалниот настан „Ден на инвеститори“. На овој настан, инвеститори имаа можност да се запознаат со стартапите кои беа дел од првата инкубаторска програма #ИмамИдеја, проект поддржан од главниот партнер ПроКредит банка.

Од отворањето на повикот на 6-ти ноември до 15-ти јануари, добивме над 150 бизнис идеи од различни области како образование, медицина, технологија, архитектура, e-трговија, угостителство и многу други. Огромниот интерес за повикот, ја истакнува потребата од поддршка за иноваторите и потенцијалот на домашната претприемничка заедница.

По приемот на апликациите, беа избрани 24 најдобри идеи кои учествуваа на предселекцискиот настан – Хакатон #ИмамИдеја. Овој настан се одржа на 3-ти и 4-ти февруари 2024 година во мултифункционалниот простор на Стартап Клуб Скопје. Од хакатонот беа селектирани 12 најиновативни идеи кои продолжија во инкубаторската програма #ИмамИдеја.

Оваа интензивна и специјализирана програма започна на 29 февруари со KickOff настан за запознавање со менторите. За време на програмата, тимовите учествуваа на неделни предавања од значајни ментори на македонската стартап сцена, каде што се обработуваа теми како „Градење на МВП“, „Пивотирање“, „Финансии 101“ и други. Покрај предавањата, се организираа и две работилници за самоевалуација и инвестиции, кои им овозможија на тимовите да стекнат значајно знаење за изградба на успешен стартап бизнис.

На 10-ти Јуни, седум тимови успешно ја завршија програмата и ги претставија своите проекти пред полна сала со инвеститори. Премиум партнери на програмата беа ПроКредит Банка, кои обезбедија значителна поддршка за инкубаторската програма, овозможувајќи им на стартапите уникатна можност за мрежно поврзување и презентирање пред инвеститори.

Тимовите кои ги презентираа своите идеи пред инвеститорите беа: Tail, RealWire, AgencyTicket, DIA, Publish Your Game, ExpandUps и Humetnost. Идеите на овие стартапи опфатија различни области како медицина, технологија, е-трговија, угостителство и други.

Со голема возбуда очекуваме да ги видиме понатамошните развои на нивните проекти и ќе продолжиме да поддржуваме нови иновативни идеи. Наскоро, нашите партнери ќе реализираат значајна инвестиција во стартапите, што ќе претставува уште еден доказ за потенцијалот и успешноста на програмата.

Повикот за инкубаторската програма #ИмамИдеја е само потврда дека постои голем интерес за креативноста и иновациите кај младите и постарите генерации. Стартап Клуб Скопје ќе остане централен хаб за стартап идеи во периодот што следува, со цел да го открие вистинскиот потенцијал на новата генерација претприемачи во нашата држава и ќе продолжи да го гради стартап екосистемот.

Бидете дел од Стартап Револуцијата и следете нè на нашите профили на Фејсбук, ЛинкедИн и Инстаграм

пр објава

Можеби ќе ве интересира

ВОЗИЛОТО НА БРАКО ЧИСТИ СНЕГ РАМО ДО РАМО СО ТЕШКАТА МЕХАНИЗАЦИЈА НА КОМУНАЛЕЦ-НЕГОТИНО

ВОЗИЛОТО НА БРАКО ЧИСТИ СНЕГ РАМО ДО РАМО СО ТЕШКАТА МЕХАНИЗАЦИЈА НА КОМУНАЛЕЦ-НЕГОТИНО

На пациент од Либија за еден ден му беа извршени сите потребни прегледи во Клиника Жан Митрев

На пациент од Либија за еден ден му беа извршени сите потребни прегледи во Клиника Жан Митрев

Голем интерес за посета на атрактивните археолошки локалитети во Туркије

Голем интерес за посета на атрактивните археолошки локалитети во Туркије

Цените на 100 производи во ВЕРО се замрзнати, Министерството за економија ја поздрави иницијативата

Цените на 100 производи во ВЕРО се замрзнати, Министерството за економија ја поздрави иницијативата

Зајакнување на семејните бизниси од генерација на генерација низ целиот свет

Зајакнување на семејните бизниси од генерација на генерација низ целиот свет

Халкбанк доби меѓународната потврда за извонредност со две награди од Global Banking & Finance Awards

Халкбанк доби меѓународната потврда за извонредност со две награди од Global Banking & Finance Awards

Линијата на хотелски телевизори на Samsung за 2025 година го воведува наградуваниот The Frame и Google Cast во хотелскиот сектор, редефинирајќи ги луксузот и иновациите

Линијата на хотелски телевизори на Samsung за 2025 година го воведува наградуваниот The Frame и Google Cast во хотелскиот сектор, редефинирајќи ги луксузот и иновациите

ВЕРО со 100 производи со замрзнати цени во следните шест месеци

ВЕРО со 100 производи со замрзнати цени во следните шест месеци

РЕКОРДЕН ДЕКЕМВРИ СО ВЛТ ДОБИВКИ: МИЛИОН И ТРИСТА ИЛЈАДИ ЕВРА ИСПЛАТИ ВИДЕОЛОТАРИЈА КАСИНОС АВСТРИЈА НА ИГРАЧИТЕ

РЕКОРДЕН ДЕКЕМВРИ СО ВЛТ ДОБИВКИ: МИЛИОН И ТРИСТА ИЛЈАДИ ЕВРА ИСПЛАТИ ВИДЕОЛОТАРИЈА КАСИНОС АВСТРИЈА НА ИГРАЧИТЕ