16 Април, 2024
0.0233

Од државата само 55.000 евра за Олимпијадата во Токио

Објавено во: Финансии 08 Јануари, 2020

Добивај вести на Viber

Државата ќе ги помогне македонските спортисти со само 55.000 евра во организацијата на нивниот настап на Летните олимписки игри во Токио 2020, донесена е предновогодишна одлука од страна на Владата.

Иако работата на Македонскиот олимписки комитет (МОК) и спортските федерации треба да биде автономна кога станува збор за учествата на Олимпијадите преку своите спортисти, а државата да не се меша во нивната работа, ова сума сепак е симболична кога станува збор за трошоците.

Финансискиот товар за ЛОИ во Токио сепак ќе падне на МОК, а предвидените 3,3 милиони денари кои Владата ќе му ги префрли на Агенцијата за млади и спорт се наменети за партиципација, односно за подготовки на учесниците од Македонија на Летните олимписки игри – Токио 2020. 

Овие срества ќе се распределат на националните спортски федерации за учество и подготовки на евидентните кандидати законски утврдено како јавен интерес на државата во рамки на меѓународните натпревари.

МОК пред две години потпиша договорите за стипендирање со дванаесетмина македонски спортисти од кои се очекуваше да обезбедат олимписка норма, а тогаш претседателот на комитетот, Васил Тупурковски, ја повика државата да помогне да се зголеми делегацијата на учесници на Олимпијадата во Токио.

- Свесни сме дека ова сигурно нема да е доволно, но сите средства кои ги добиваме од програмата на Олимписка солидарност ги враќаме во спортот. Се надевам дека конечно и државата ќе застане зад спортистите и дека ќе сфати, колкаво е значењето на спортот и спортските резултати, во афирмација на самата земја, рече Тупурковски.

На минатите игри во Рио Де Жанеиро пред четири години Македонија беше претставувана од само пет спортисти и тоа со скромен учинок. За споредба, Србија имаше 103, Хрватска 87, Словенија 62, Црна Гора 34, БИХ 11, дебитантот Косово настапи со 8.

Вообичаено, македонските натпреварувачи имаат тешкотија да обезбедат олимписка норма за настап, па во тој случај повеќето од нив кои ќе се најдат на игрите доаѓаат со покана. Позначителен резултат во Сиднеј 2000 забележа борачот Мохамед Ибрагимов со освоениот бронзен медал. Досега Македонија нема ниту еден олимписки настап во колективните спортови.

Македонија по пауза од 12 години ја обезбеди првата олимписка норма за Олимписките игри во Токио во септември минатата година откако Магомедгаџи Нуров освои брозен медал на Светското првенство во борење.  Македонскиот олимписки комитет прослави со закуп на билборди низ главниот град преку кои го промовира првиот патник на ЛОИ во Токио 2020.

А.К.





Можеби ќе ве интересира

МОЖЕТЕ ДА ЖИВЕЕТЕ ВО ИТАЛИЈА, А ДА РАБОТИТЕ ВО МАКЕДОНИЈА ИЛИ БИЛО КАДЕ ВО СВЕТОТ: Еве кои услови треба да ги исполните и колку се чека за виза

МОЖЕТЕ ДА ЖИВЕЕТЕ ВО ИТАЛИЈА, А ДА РАБОТИТЕ ВО МАКЕДОНИЈА ИЛИ БИЛО КАДЕ ВО СВЕТОТ: Еве кои услови треба да ги исполните и колку се чека за виза

ЕВЕ КОЛКУ ПАРИ ДАЛА „ЕР СРБИЈА“ ЗА ОТКАЖАНИ ЛЕТОВИ: Сумата е со повеќе нули

ЕВЕ КОЛКУ ПАРИ ДАЛА „ЕР СРБИЈА“ ЗА ОТКАЖАНИ ЛЕТОВИ: Сумата е со повеќе нули

ОТВОРЕН БАЛКАН: Ова се петте најбарани позиции во Белград, еве што нудат работодавците и кои услови бараат да ги исполните

ОТВОРЕН БАЛКАН: Ова се петте најбарани позиции во Белград, еве што нудат работодавците и кои услови бараат да ги исполните

НОВ ПАД НА ПОПУЛАРНАТА КРИПТОВАЛУТА: Еве кои влади поседуваат најмногу биткоини, има ли на пазарите оптимизам?

НОВ ПАД НА ПОПУЛАРНАТА КРИПТОВАЛУТА: Еве кои влади поседуваат најмногу биткоини, има ли на пазарите оптимизам?

Ангеловска-Бежоска: Народната банка втора во светот која учествуваше во пилот проектот на ММФ за оценка на транспарентноста

Ангеловска-Бежоска: Народната банка втора во светот која учествуваше во пилот проектот на ММФ за оценка на транспарентноста

(ВИДЕО) Благодарение на него Норвежаните знаат каде им се парите

(ВИДЕО) Благодарение на него Норвежаните знаат каде им се парите

ГРЦИЈА НУДИ БЕСПЛАТЕН ОДМОР ЗА 25.000 ТУРИСТИ: Внимавајте на условите, а еве ги деталите

ГРЦИЈА НУДИ БЕСПЛАТЕН ОДМОР ЗА 25.000 ТУРИСТИ: Внимавајте на условите, а еве ги деталите

ДЕТАЛЕН ПРЕГЛЕД НА ЦЕНИТЕ НА ГОРИВОТО ВО РЕГИОНОТ: Македонија и Бугарија имаат најевтини цени според српските медиуми

ДЕТАЛЕН ПРЕГЛЕД НА ЦЕНИТЕ НА ГОРИВОТО ВО РЕГИОНОТ: Македонија и Бугарија имаат најевтини цени според српските медиуми

ВАНКОВСКА КАЖА КОЛКУ ПАРИ ТРОШИ ЗА КАМПАЊАТА: „Дал кој колку можел, 209, 500, 1.000 денари“

ВАНКОВСКА КАЖА КОЛКУ ПАРИ ТРОШИ ЗА КАМПАЊАТА: „Дал кој колку можел, 209, 500, 1.000 денари“