Од април: Сметките за вода ќе ви стигаат во обоен плик!
Објавено во: Економија 24 Март, 2015
Водовод и канализација соопшти дека од следниот месец, поточно Април, сметките за вода на граѓаните ќе им стигаат во обоен плик, поточно во сина, портокалова и во црвена боја.
Зошто е донесена оваа одлука?
Надлежните велат дека во зависност од тоа дали корисникот има или нема долг таков плик ќе му стигнува.
Ако корисникот плаќа редовно, на сметката ќе има бојосано сина линија, која ќе значи дека тој е редовен претплатник. Доколку задоцнил со една фактура, во наредната сметка ќе има портокалова линија, која ќе укаже на опомена пред тужба. Сметките со црвена линија, пак, ќе значат дека граѓаните се веќе тужени за ненамирен долг.
Според директорот на “Водовод и канализација” со новите фактури граѓаните ќе имаат увид во тековната состојба за да можат навреме да реагираат.