27 Април, 2024
0.0340

Од 2016-та во 2017-та, рекапитулација и акција

Објавено во: Економија 10 Јануари, 2017

Добивај вести на Viber

Преминот кон новата година обично е периодот во кој го анализираме сработеното во претходната и ги исцртуваме плановите за понатаму. За 2016-та веќе можеме да заклучиме дека беше натпросечно приносна година за вложувачите во акциски и обврзнички фондови. Глобалните пазари пораснаа за повеќе 8%, со доминација на американскиот пазар, кој оствари раст од речиси 12%. Со послаби резултати е европскиот пазар на капитал, кој годината ја заврши на речиси исто рамниште од коешто и ја започна.Сите споменати приноси се пресметани во евра, при што треба да се има предвид и податокот дека вредноста на американскиот долар се зголеми во однос на европската валута за добри 3%.

Во чекор со збиднувањата на пазарите се и фондовите под наше управување кои годината ја завршија со солидна позитива. Па така, КД ТОП БРЕНДОВИ кој ги покрива развиените пазари, оствари годишен принос од приближно 7%, ориентираниот кон големите пазари во развој КД БРИК додаде 11%, додека регионалниот КД НОВА ЕУ се искачи за над 12%во 2016-та.

Независно од берзанските резултати, редно е секој од нас да фрли погледконсвоите планови и нивната реализацијаво  изминатите година дена. Доколку имамевоспоставено соодветен пристаппри вложувањето, поголеми промени не се неопходни. Ако пак поради некоја причина не сме задоволни од преземените или пропуштените активности, сега е моментот за промени.Можеби планирањето на личните финансии кај нас не спаѓа во традиционалните новогодишни адети, но не е лошо да се знае дека уште древните Римјани имале обичај да ги претставуваат своите планови за годината која претстои пред својот бог Јанус, по кого всушност е и наречен месецот Јануари.

Да се навратиме малку на нашите прогнози од минатата зима. Предвидувавме помоќна Америка и продолжување на проблемите во рамките на Европската унија. За пазарите во развој споменавме дека се можни движења во двете насоки. Повеќето од нашите анализи се остварија. Американската економија беше и остана лидер во светски рамки. Ниската пак инфлација и единството во пристапот при решавањето на заедничките европски прашања, остануваат главните предизвици пред Европската централна банка. Во секој случај, се чини дека дури и во Европа трендот се обрнува нагоре. Иако темпото е побавно од она што го посакуваме, 2017-та секако изгледа пооптимистички за Европската Унија. Од друга страна, САД со доаѓањето на Трамп делуваат понепредвидливо, макар што најавените мерки би можеле позитивно да влијаат на акциските пазари. Се разбира не се исклучени ниту негативни последици при евентуални разочарувања од истите. Пазарите во развој ќе имаат засебни проблеми и патишта по кои ќе се движат. Околу изборот на соодветен пазар за вложување ни претстои макотрпна работа, со оглед на тоа што единствена насока тешко може да се очекува.

Во моментов се чини дека ова ќе биде релативно стабилна берзанска година. Макроекономското опкружување ќе продолжи да биде потпора за акциските пазари.Факт е дека моменталните евалуации се над долгогодишните просеци, меѓутоа ниските каматни стапки и солидните дивидендни приноси сеуште даваат упориште за надпросечните вредности. Корекции, дури и малку поголеми, се секогаш можни. Меѓутоа, како што се случи и минатата година, тоа би можело да биде добра прилика за вложување. Неизвесно останува уште темпото на опоравување во Европската унија, особено во банкарскиот сектор.Јасно е дека сè поголемата интеграција на глобално ниво и брзиот проток на стоки и информации создаваат пресвртници, па компаниите со најдобри бизнис модели брзо врват напред, додека останатите отпаѓаат од трката.  Можеме слободно да кажеме дека глобализацијата ги вади на виделина проблемите кои претходно биле вешто затскривани.

Очекуваме 2017-та да биде позитивна година, иако вложувањата треба внимателно да се одбираат поради одредени вредности кои се над долгорочниот просек.

Заради сето дотука изнесено, анализата ја завршуваме со советот кој го дадовме и минатата година – внимателно и постепено. Да ги оставиме жешките приказни настрана и да се фокусираме на долгорочниот пристап.

КД Фондови, повеќе од штедење

Можеби ќе ве интересира

ЕДЕН ОД НАЈГОЛЕМИТЕ ТРГОВСКИ СИНЏИРИ ВО ЕВРОПА Е ПРЕД БАНКРОТ: Се затвораат 16 стоковни куќи, 1.400 работници остануваат без работа

ЕДЕН ОД НАЈГОЛЕМИТЕ ТРГОВСКИ СИНЏИРИ ВО ЕВРОПА Е ПРЕД БАНКРОТ: Се затвораат 16 стоковни куќи, 1.400 работници остануваат без работа

НАЦИОНАЛНО БИРО ЗА ОСИГУРУВАЊЕ: Цената на авто осигурувањето е непроменета од 2008 година, реално е покачувањето

НАЦИОНАЛНО БИРО ЗА ОСИГУРУВАЊЕ: Цената на авто осигурувањето е непроменета од 2008 година, реално е покачувањето

ВО ГЕРМАНИЈА СЀ ПОВЕЌЕ СЕ ЧУВСТВУВААТ ПОСЛЕДИЦИТЕ ОД КРИЗАТА: Пристигна загрижувачка оценка

ВО ГЕРМАНИЈА СЀ ПОВЕЌЕ СЕ ЧУВСТВУВААТ ПОСЛЕДИЦИТЕ ОД КРИЗАТА: Пристигна загрижувачка оценка

CGTN-GLOBAL SOUTH VOICES: „Прекумерен капацитет или страв од подемот на Кина?“

CGTN-GLOBAL SOUTH VOICES: „Прекумерен капацитет или страв од подемот на Кина?“

ПОРАЗИТЕЛНО: Приближно 70 отсто од фабриките во Русија се соочуваат со недостиг на работници

ПОРАЗИТЕЛНО: Приближно 70 отсто од фабриките во Русија се соочуваат со недостиг на работници

Бугарскиот „Флекс Кредит“ ќе врти кај должници и ќе бара наплата за компании

Бугарскиот „Флекс Кредит“ ќе врти кај должници и ќе бара наплата за компании

„Алкалоид“ добитник на „Патент на годината за 2023“ за иновативниот „Омепразол“ во течна форма

„Алкалоид“ добитник на „Патент на годината за 2023“ за иновативниот „Омепразол“ во течна форма

Трендафилов: Газдите пријавуваа исчезнување на Непалките зошто им го платија патот до тука

Трендафилов: Газдите пријавуваа исчезнување на Непалките зошто им го платија патот до тука

Кина има за цел да склучи повеќе договори за слободна трговија, ветувајќи зголемена отвореност

Кина има за цел да склучи повеќе договори за слободна трговија, ветувајќи зголемена отвореност