ОЧАЈНО БАРААТ РАБОТНИЦИ: Со овие професии лесно ќе најдете работа
Објавено во: Балкан 26 Јули, 2017
Хрватска има потреба од работници, а тоа се чувствува и во главниот град Загреб каде фалат 1.150 угостителски работници, 1000 келнери, 100 готвачи и 50 слаткари.
Работодавците бараат државата да им обезбеди квалификувана работна сила, затоа што неквалификувана веќе имаат.
Во последните две години состојбата во угостителството е влошена.
„Последната година и пол е хаос. Нема келнери, не знам што се случува, дали се отидени надвор, но едноставно нема. Зборувам за вистински, образовани келнери. Затоа се откажав и почнав да барам да вработам кого било без знаење и искуство. Но, и покрај тоа луѓето не се јавуваат на оглас. Им нудам бесплатна едукација“ - вели угостител.
Угостителите немаат надеж дека преку Агенцијата за вработување ќе го најдат потребниот кадар.