23 Април, 2024
0.0281

ОЦЕНКИТЕ ОСТАНАА НЕПОПРАВЕНИ, МАТЕРИЈАЛОТ НЕДОПРЕДАДЕН: И по цела недела штрајк нема договор, учениците се колатералната штета

Објавено во: Македонија 18 Април, 2022

Добивај вести на Viber

И денеска продолжува штрајкот на вработените во основните и во средните училишта низ целата земја. Нема договор меѓу СОНК и Владата. Понуденото зголемување на платите од 10 отсто е неприфатливо за повеќе од 500 синдикални организации кои се под капата на СОНК.

„Золемувањето на платите од 10 проценти во детската заштита и во основното и средното образование воопшто не кореспондира со зголемувањето на минималната плата оваа година и не е соодветна стимулација за враќање на достоинството на професијата“, изјави вчера претседателот на СОНК, Јаким Неделков.

Информацијата за тоа дали настава ќе нема и денеска со нетрпение ја чекаа и наставниците, но и учениците, особено матурантите кои планираат образованието да го продолжат надвор од Македонија. Во разговор за Фактор велат дека во нивната едукација остануваат непоправливи „дупки“, кои ги прават далеку неподготвени и неконкуретни со нивните врсници и од Балканот, но и пошироко.

-Знаеме колкав проблем се ниските плати во државата. Нашите наставници и професори дефинитивно се најниските гранки. Голем дел од нас, учениците, имаме мобилните телефони кои чинат колку две, па и три плати колку што сега зема еден наставник. Но, во оваа држава се е некако наопаку. Електро-инжинер е помалку платен од фризерка, докторите заработуваат помалку од козметичарите. Тоа никаде го нема. Целиот систем, ако воопшто постои во државава е пореметен, и заради тоа и оние кои треба да не изведат на прав пат, односно наставниците се обесправени. Тоа е факт. Но, најголемата, колатералната штета сме ние, учениците. Во последниве две години ништо не научивме, а и сега, кога ги броиме последните денови од средношколските денови, седиме дома и чекаме да кажат дали штрајкот продолжува или не. Верувајте, никој не се радува на губењето часови. Ние, повозрасните сме свесни дека овие „дупки“ во еукацијата тешко дека ќе ги пополниме. Јас, конкретно ќе студирам надвор од Македонија. Но, уште сега знам дека ќе треба „крв да проплукам“ за да ги стигнам моите врсници од другите земји, вели Ѓорѓи Т, матурант во една од скопските гимназии.

Сосема ист став делат и некои од професорите.  

-Секако дека сме незадоволни од платите. Едвај крај со крај крпиме. Но, лично сметам дека можевме некоја друга форма на штрајк да одбереме. Да направевме некакви смени, со цел наставата да продолжеше. Имаме прекрасни деца кои за жал нема да ни останат тука, секако од ваквите прилики. Има ученици кои бараат да си ги поправат оценките, голем дел од материјалот ќе остане недопредаден. Се ближат низа празници, Велигден, Рамазан Бајрам, Први Мај. Кога сето тоа ќе се надополни. Едноставно нема време. Каде се подготовнките за матурските испити, за Државната Матура. Години наназад резултатите одат само во надолна линија. Вакво катастрофално образование и тоа во секој поглед не сме имале. Како од аспект на неценење на трудот на просветниот работник, така и од аспект на квалитетот на образовните програми. Експеримент до ескперимент. Екстерно, Кембриџ, вакво такво и на крај ни ние задоволни, ниту пак учениците научени како што треба, посочува професорка по македонски јазик која сакаше да остане анонимна во разговорот за Фактор.

Инаку вчера преку објава на Фејсбук, министерот за образование и наука Јетон Шаќири апелираше до наставниците во основните и средните училишта да го прекинат штрајкот и да го продолжат образовниот процес.

„Губењето на настава во услови како оваа пандемија, кога владата и Министерството за образование и наука, направи максимални напори да го нормализира образовниот процес, не оди во прилог никому, најмалку на учениците. Потребни сте им сега во овој период кога се подготвуваат за продолжување на образованието во средните училишта, за полагање на стручни испити и за државната матура, од што зависи нивната понатамошната образовна иднина и запишување на факултетите во земјава и во странство. Со нарушен образовен процес, сето ова не може да се реализира во предвидените рокови и е на штета на сегашните деветооделенци и матуранти, но и на сите останати ученици. Владата сака да излезе во пресрет на барањата на наставниот кадар. Сакаме да најдеме заедничко долгорочно решение со кое ќе обезбедиме континуиран раст на платите во образованието, но и ќе го гарантираме економско-социјалниот статус на кадарот“ наведе министерот Шаќири на Фејсбук.

Анита Буховски


Можеби ќе ве интересира

ИНДЕКС НА ЧОВЕКОВИОТ РАЗВОЈ: Македонија лошо котира

ИНДЕКС НА ЧОВЕКОВИОТ РАЗВОЈ: Македонија лошо котира

ВО ПУСТЕЦ: Наскоро ќе биде поставена биста на Гоце Делчев

ВО ПУСТЕЦ: Наскоро ќе биде поставена биста на Гоце Делчев

ВАЖНО: Граѓаните со истечени лични документи од 24 јули 2023 година ќе можат да гласаат

ВАЖНО: Граѓаните со истечени лични документи од 24 јули 2023 година ќе можат да гласаат

УТРЕ НЕМА ДА РАБОТИ ЖИЧНИЦАТА, А АВТОБУСИТЕ ЌЕ ВОЗАТ ПО НЕДЕЛЕН ВОЗЕН РЕД: Еве што велат од ЈСП

УТРЕ НЕМА ДА РАБОТИ ЖИЧНИЦАТА, А АВТОБУСИТЕ ЌЕ ВОЗАТ ПО НЕДЕЛЕН ВОЗЕН РЕД: Еве што велат од ЈСП

Мостот „Беласица“ го издржа тестот за носивост

Мостот „Беласица“ го издржа тестот за носивост

Избирачкиот список намален за 10.000 гласачи

Избирачкиот список намален за 10.000 гласачи

ЕВЕ КАКО „ЛИДЛ“ ВО МАКЕДОНИЈА ГИ ПРЕЧЕКУВА НОВОВРАБОТЕНИТЕ: Пред еден месец вработени 37 лица во логистика, финансии, продажба дистрибуција...

ЕВЕ КАКО „ЛИДЛ“ ВО МАКЕДОНИЈА ГИ ПРЕЧЕКУВА НОВОВРАБОТЕНИТЕ: Пред еден месец вработени 37 лица во логистика, финансии, продажба дистрибуција...

ОБРАЗОВАНИЕТО ЗАДОЛЖИТЕЛНО, АМА ДЕЦАТА НА РАБОТА – наместо во училишните клупи дел од тинејџерите работат, еве каде ги има најмногу

ОБРАЗОВАНИЕТО ЗАДОЛЖИТЕЛНО, АМА ДЕЦАТА НА РАБОТА – наместо во училишните клупи дел од тинејџерите работат, еве каде ги има најмногу

ДАЛИ ДОКТОР БЕЌАРОВСКИ ЗАМИНУВА ОД ТОКСИКОЛОГИЈА? „Дон Кихот го напушта оклопот, 35 години бев најголем борец“

ДАЛИ ДОКТОР БЕЌАРОВСКИ ЗАМИНУВА ОД ТОКСИКОЛОГИЈА? „Дон Кихот го напушта оклопот, 35 години бев најголем борец“