Обвинителството му замрзна 370.000 евра на „Дивелоп Груп“ на бизнисменот Александар Ивановски
Објавено во: Економија 15 Април, 2022 18:39
Обвинителството за организиран криминал и корупција привремено му замрзна 370.000 евра, имот на „Дивелоп Груп“ во сопственост на Александар Ивановски, контроверзниот бизнисмен познат уште како Алек „Теранова“.
Привремената мерка одземање на имот заради обезбедување е донесена вчера од Основниот кривичен суд Скопје 2 на барање на Основното јавно обвинителство за организиран криминал и корупција еден ден претходно.
- Се определува привремена мерка забрана на лицето Александар Ивановски да го отуѓува и располага со уделот што го поседува во правното лице Дивелоп Груп Доо Скопје со седиште на плоштад „Македонија“ бр.7 Скопје како основачки влог и тоа паричен влог во износ од 22.387.200 денари и непаричен влог во износ од 300.000 денари, или севкупно во износ од 22.709.200 денари, кој претставува 67.5 отсто и истиот се запленува во корист на РСМ“, запишано е во промената на Централниот регистар.
На Ивановски му се забранува да располага, да го заложува и да го оттуѓува имотот по каков било правен основ. Привремената мерка стапува веднаш и може да трае најдолго до завршување на кривичната постапка пред првостепениот суд или да биде укината по службена должност.
На „Дивелоп Груп“ привремено му се одзема и уделот што го има во правното лице „Хотел Гранд М“, кое се наоѓа на истата адреса на Плоштад Македонија.
Во јавноста, според претходни медиусмки сознанија, се пишуваше дека еден од сопствениците на „Дивелоп Груп“ е „Бест веј инвестмент“, компанија поврзана со поранешниот директор на УБК, Сашо Мијалков. Во своја сопственост оваа фирма го има и хотелот „Мериот“ на плоштадот „Македонија“.
Ивановски е главен сведок во случајот „Плацеви на Водно“, а про-опозициските медиуми пишуваа дека на едно од рочиштата обвинителката Лиле Стефанова покажала дека кај неа е неговиот пасош. Се пишуваше дека е уценет со заплена на имотот на неговата фирма и нејзино затворање.
А.К.
Можеби ќе ве интересира
Истражување: Европските компании во работниот процес се повеќе ангажираат „аутсорсинг“
Заменик-министерот Јанкуловски: Македонија ќе ја заврши 2025 година со јавен долг од 10,2 милијарди евра
Европа половина од природниот гас го купува од Норвешка
Побарувачката за сребро ќе расте - кои земји имаат најголеми резерви?
ЕУ ОДОБРИ ПОМОШ ЗА УКРАИНА: Што се случува со цените на златото и пченицата?
Како вештачката интелигенција навистина влијае на пазарот на трудот?
Најголемото наоѓалиште на злато досега – илјадници тони скриени на 1.900 метри




