12 Мај, 2025
0.0321

Обвинителство: Под истрага 49 лица за злоупотреби со давање на инвалидски пензии и туѓа нега

Објавено во: Македонија 24 Април, 2025 13:43

Добивај вести на Viber

Обвинителството денес објави дека по повеќемесечна предистражна постапка, вчера на повеќе локации на подрачјето на Скопје, Велес, Тетово и Гостивар се лишени 23 лица, а едно лице не е достапно на органите на прогонот, поради сомнежи дека неоправдано одобрувале инвалидски пензии и туѓа нега. 

„Станува збор за основано сомнение за извршени низа кривични дела со кои е направена штета на државниот буџет“, објави ОЈО. 

Наредено е спроведување на истражна постапка против 49 лица, а првоосомничена е,  како што е наведено во денешното соопштение, поранешна вработена на универзитетска клиника која формирала злосторничка група. Организаторка на друга група била вработена на Универзитетската клиника за уво, нос и грло Скопје.

Голем дел од осомничените се лекари специјалисти кои учествувале во комисии за одобрување. Осомничени се и три матични лекарки и лица даватели на поткупот. За 12 осомничени е предложено определување на мерка притвор, додека за три лица мерка куќен притвор, додека за останатите предлогот се мерки за претпазливост.

„Имено, во текот на 2023 година првоосомничената порано вработена на универзитетска клиника заедно со други двајца осомничени создале злосторничко здружение – група, која имала за цел вршење на кривични дела „Злоупотреба на службената положба и овластување“, „Примање поткуп“, „Давање поткуп“, „Примање награда за противзаконито влијание“ и „Давање награда за противзаконито влијание“. Во меѓувреме припадници на групата станале уште деветмина осомничени од кои двајца како лекари специјалисти биле претседатели на Стручната комисија за издавање на наод, оцена и мислење за потребата од помош и нега од друго лице во рамките на ЈЗУ Општа болница Велес, а останатите лекари специјалисти вработени во ЈЗУ Општа болница Велес, Универзитетска клиника за неврологија Скопје, ПЗУ – ординација за општа медицина и специјалистички ординации од Велес, адвокат од Велес и службено лице во ЈУ Центар за социјална работа – Тетово.

Заради стекнување со противправна имотна корист, криминалната група од лица баратели на социјалното право помош и нега од друго лице – туѓа нега, барала и примала парични средства – поткуп или награда за противзаконито влијание. За возврат организаторите и припадниците на криминалната група преземале противправни дејствија на директно или индиректно давање или нудење на парични награди, поткуп на службени лица, како и противправни дејствија на директно или индиректно примање на парични награди или поткуп со што на барателите им обезбедувале исполнување на условите за успешно водење на постапката за стекнување со право на туѓа нега. За остварување на право на туѓа нега тие ги пријавувале барателите што давале поткуп кај матични доктори кои вршат дејност во Велес со цел надлежна за постапување да биде Стручната комисија за издавање на наод оцена и мислење при ЈЗУ „Општа болница Велес“ чиј поранешен и актуелен претседател на комисијата се членови на групата. Така, членовите на групата без присуство на лицата кои давале поткуп обезбедувале фиктивни медицински прегледи кај матичните доктори, како и клинички или болнички прегледи кај лекари и медицински лица. Воедно осомничените со преземање на противправни дејства изготвувале, обезбедувале и употребувале медицинска документација во вид на медицински упати, отпусни писма, медицински извештаи, контроли и контролни прегледи, психолошки тестови, конзилијарни мислења, потврди за медицински помагала и друга медицинска документација со невистинита содржина. Со преземените дејства осомничените ги заобиколиле одредбите од Законот за социјална заштита каде се утврдени условите за добивање на парична помош за туѓа нега и помош за лица со попреченост и неспособност за самостојно живеење. Припадниците на криминалната група влијаеле и овозможувале успешно водење на постапките и донесување одлуки во корист на барателите надвор од нивното место на живеење, иако законски надлежна институција за водење на оваа постапка се Центрите за социјална работа според местото на живеење на барателот.

Паралелно, во истиот временски период во текот на 2023 година вработена на Универзитетска клиника за уво, нос и грло Скопје и член на Комисијата за ревизија на наод, оцена и мислење за утврдување на инвалидност односно неспособност за работа при Министерството за социјална политика, демографија и млади, заедно со првоосомничената и двајца други осомничени создале злосторничко здружување – група, која имала за цел вршење на истите кривични дела како и претходната група. Припадници на групата станале уште 12 осомничени од кои тројца се припадници и на првата група. Оваа група континуирано ги извршувала кривичните дела при што нејзините членови се стекнале со противправна имотна корист. Организаторите и припадниците со координирани дејствувања барале и примале парични средства – поткупи од лица баратели на право на инвалидска пензија користејќи идентичен modus operandi како и првата група. Со преземените дејствија осомничените членови на групата на барателите им обезбедувале исполнување на услови за успешно водење на постапките за стекнување со право на инвалидска пензија, врз основа на која припадниците на криминалната група-членови во Комисиите со искористување на своето реално влијание и службената положба овозможиле успешно водење на постапката за стекнување со право на инвалидска пензија, како и донесување одлуки во корист на барателите на право на инвалидска пензија кои дале поткуп“, опишува Обвинителството.

Три матични лекарки се осомничени за кривично дело – злоупотреба на службената положба и овластување, 16 осомничени кои понудиле и дале поткуп заради обезбедување на медицинска документација со невистинита содржина се осомничени дека сториле кривично дело - давање поткуп, додека на девет осомничени кои се согласиле и дале парична награда на товар им се става кривичното дело – давање награда за противзаконито влијание. 

„Припадниците на групите освен за кривично дело Злосторничко здружување се осомничени и за други кривични дела и тоа: пет лица за кривично дело – Давање поткуп, кривично дело – Примање награда за противзаконито влијание, кривично дело – Давање награда за противзаконито влијание и кривично дело – Злоупотреба на службена положба и овластување, четири лица за кривично дело – Давање поткуп, кривично дело – Примање награда за противзаконито влијание и кривично дело – Давање награда за противзаконито влијание, едно лице за кривично дело – Примање награда за противзаконито влијание, кривично дело – Давање награда за противзаконито влијание и кривично дело – Злоупотреба на службена положба и овластување, две лица за кривично дело – Злоупотреба на службена положба и овластување, кривично дело – Примање поткуп и кривично дело – Примање награда за противзаконито влијание, едно лице за кривично дело – Злоупотреба на службена положба и овластување, две лица за кривично дело – Злоупотреба на службена положба и овластување и кривично дело – Примање награда за противзаконито влијание и две лица за кривично дело – Злоупотреба на службена положба и овластување, три лица за кривично дело – Примање награда за противзаконито влијание и кривично дело – Давање награда за противзаконито влијание и едно лице за кривично дело – Злоупотреба на службена положба и овластување, кривично дело – Примање поткуп, кривично дело – Давање награда за противзаконито влијание и и кривично дело – Примање награда за противзаконито влијание“,се додава во соопштението.


Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Aрбен Таравари ја напушта Владата, оди во опозиција

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Aрбен Таравари ја напушта Владата, оди во опозиција

ТАРАВАРИ: Одиме во опозиција

ТАРАВАРИ: Одиме во опозиција

ПЕТРУШЕВСКИ: Предложениот закон за Кочани од СДС е гол популизам

ПЕТРУШЕВСКИ: Предложениот закон за Кочани од СДС е гол популизам

КРИС ПАВЛОВСКИ: Не го организиравме патувањето на владината делегација за инаугурацијата на Трамп

КРИС ПАВЛОВСКИ: Не го организиравме патувањето на владината делегација за инаугурацијата на Трамп

(ВИДЕО) ВЕРБАЛНО ГО НАПАДНАА ГРАДОНАЧАЛНИКОТ: Тензичен протест во Тркање

(ВИДЕО) ВЕРБАЛНО ГО НАПАДНАА ГРАДОНАЧАЛНИКОТ: Тензичен протест во Тркање

ТУРЦИТЕ ВЕЌЕ НЕ СЕ НАЈЧЕСТИ ГОСТИ ВО МАКЕДОНИЈА: Кој им го зема приматот?

ТУРЦИТЕ ВЕЌЕ НЕ СЕ НАЈЧЕСТИ ГОСТИ ВО МАКЕДОНИЈА: Кој им го зема приматот?

МИЦКОСКИ ЗБОРУВАШЕ ЗА НАЈТЕШКИОТ ДЕН ВО НЕГОВИОТ ЖИВОТ: Во 3 часот и 30 минути некој затропал на неговата врата

МИЦКОСКИ ЗБОРУВАШЕ ЗА НАЈТЕШКИОТ ДЕН ВО НЕГОВИОТ ЖИВОТ: Во 3 часот и 30 минути некој затропал на неговата врата

МВР ЗА ПРОТЕСТОТ НА НЕЗАВИСНИОТ СИНДИКАТ: Секој има право да протестира

МВР ЗА ПРОТЕСТОТ НА НЕЗАВИСНИОТ СИНДИКАТ: Секој има право да протестира

ПОЛИЦИЈАТА НАЈАВИ КРИВИЧНА ПРИЈАВА: Човекот кој влечеше куче се извини и кажа што се случило

ПОЛИЦИЈАТА НАЈАВИ КРИВИЧНА ПРИЈАВА: Човекот кој влечеше куче се извини и кажа што се случило