14 Декември, 2025
0.0358

ОБВИНИТЕЛКАТА СЕ РАСПЛАКА НА СУДЕЊЕТО: Палевски десет дена следел и фотографирал жена која требало да ја киднапираат

Објавено во: Македонија 12 Март, 2025 15:24

Добивај вести на Viber

На денешното рочиште за двојното убиство на Вања Ѓорчевска од Скопје и Панче Жежовски од Велес, една од обвинителките се расплака. 

Обвинителката Ана Стојковиќ-Димитриовска додека читаше се расплака, а потоа со читање продолжи другата обвинителка Жаклина Јосифовска.

Велибор Манев, еден од осомничените за двојното убиство, денеска сведочеше во Кривичен суд. Манев  кажа дека таткото на Вања не бил инволвиран во случајот.

Манев раскажа дека требало да киднапираат жена на возраст околу 40 години, ќерка на фармацевт. Првообвинетиот Љупчо Палевски му кажал дека десет дена ја следел жената и ја фотографирал.  Сакал да види каде се движи жената. 

Според Манев,  жената симнувајќи се по скалите требало да ја турнат во сутеренот на зградата надвор и таму да ја врзат, но планот пропаднал откако од еден од дуќаните излегла жена. Тој раскажа и како го извршиле киднапирањето на Вања, за која мислеле дека е истата жена која Палчо им ја покажувал на фотографии.

Манев раскажа и како Палевски го убил Жежовски. 

Палевски ја убил Вања откако работите не тргнале како што треба. 

Кон крајот на 2023 година, исчезнаа Вања и Панче, по што се откри дека станува збор за двојно убиство, а Палевски избега во Турција и таму полицијата го уапси во Баликесир. Тој тврдеше дека во Турција отишол за да прави операција на кичмата. Исчезнувањето на Вања го потресе целиот регион. 

Можеби ќе ве интересира

Филипче повторно повика пратениците да ја потпишат декларацијата на СДСМ за мигрантите

Филипче повторно повика пратениците да ја потпишат декларацијата на СДСМ за мигрантите

МАКЕДОНИЈА ИМА СИЛА ДА БИДЕ НОРМАЛНА ЗЕМЈА: Тошковски вели дека сме станале вистински Европјани

МАКЕДОНИЈА ИМА СИЛА ДА БИДЕ НОРМАЛНА ЗЕМЈА: Тошковски вели дека сме станале вистински Европјани

„ВИСТИНАТА Е ДЕКА МИНАТАТА ВЛАСТ ИЗРАБОТИЛА НАЦИОНАЛНА СТРАТЕГИЈА ЗА ПРИФАЌАЊЕ МИГРАНТИ 2017-2027“: Мицкоски за темата со мигрантите

„ВИСТИНАТА Е ДЕКА МИНАТАТА ВЛАСТ ИЗРАБОТИЛА НАЦИОНАЛНА СТРАТЕГИЈА ЗА ПРИФАЌАЊЕ МИГРАНТИ 2017-2027“: Мицкоски за темата со мигрантите

Стафа примил мито од 50.000 евра за да влијае кај судија

Стафа примил мито од 50.000 евра за да влијае кај судија

СЕ ОГЛАСИ ДИМИТРИЕВСКИ ЗА МИГРАНТСКИТЕ КАМПОВИ: „ЗНАМ нема никогаш да даде поддршка“

СЕ ОГЛАСИ ДИМИТРИЕВСКИ ЗА МИГРАНТСКИТЕ КАМПОВИ: „ЗНАМ нема никогаш да даде поддршка“

Крај на опасната крстосница во Аеродром: Се поставува семафор на улицата Васко Карангелески

Крај на опасната крстосница во Аеродром: Се поставува семафор на улицата Васко Карангелески

ТОШКОВСКИ ПОТВРДИ ДЕКА Е УАПСЕН ПОРАНЕШНИОТ ПРАВОБРАНИТЕЛ ФЕХМИ СТАФА: Повеќе детали најавува наскоро

ТОШКОВСКИ ПОТВРДИ ДЕКА Е УАПСЕН ПОРАНЕШНИОТ ПРАВОБРАНИТЕЛ ФЕХМИ СТАФА: Повеќе детали најавува наскоро

ВИДЕО: ДЕЦА КРВНИЧКИ СЕ ТЕПАА ВО САРАЈ: ОЈО побара судска постапка спрема 5 деца

ВИДЕО: ДЕЦА КРВНИЧКИ СЕ ТЕПАА ВО САРАЈ: ОЈО побара судска постапка спрема 5 деца

Макстил: Информациите за пожар не се однесуваат на нашата компанија

Макстил: Информациите за пожар не се однесуваат на нашата компанија