Обвинителите од СЈО земале бонуси помали од патните трошоци на пратениците
Објавено во: Македонија 27 Ноември, 2019 12:38
Платата на обвинителите во СЈО која како институција да гони најтежок криминал делумно заради самата природа на кривичните дела, делумно заради субјектите кои учествуваат во нив и тоа во најтешкиот период во државата изнесуваше 1300 евра, односно беше за 300 евра повисока од платата која ја примаа обвинителите во другите обвинителства, истакна обвинителката Фатиме Фетаи додавајќи дека за таа плата обвинителите од СЈО постапувале пред Основните, Апелационите и пред Врховниот суд.
По однос на надоместоците, како што образложи обвинителката Фетаи, тоа се иститие оние надоместоци за кои се зборуваше уште од почетокот на формирањето на СЈО.
-Дури се зборуваше и за многу повисоки надоместоци од оние кои ние сега реално ги примаме и примавме и никој тогаш не реагираше, па да појаснам дека самиот профил на лицата кои што ги има во разговорите и од извонредно големата опасност од компромитирање на тие лица меѓутоа и од содржината на разговорите на тие лица упатуваше на тоа дека доверливоста е основен елемент за успешно обавување на функцијата во ОЈО.
Обвинителката Фатиме Фетаи смета дека износите кои ги добивале обвинителите од СЈО биле на ниво на износите кои ги добивале сите специјални обвинители во регионот.
Според Фетаи, годишно сумата достигнувала околу 20.000 евра што било помалку од патните трошоци кои ги добиваат пратениците.
Оббинителката меѓудругото појасни дека износите кој колкава сума ќе добие ги одредувала екс шефицата на СЈО Катица Јанева, а тоа било согласно законот за СЈО.
Во однос на информациите дека во СЈО вчера се правел претрес, Фатиме додаде дека немало такво нешто туку само биле побарани документи за исплатите, додавајќи дека се подготвени и да сносат одговорност ако обвинителството за гонење криминал и корупција утврди неправилности во исплатите.
Можеби ќе ве интересира
Дејан Манасков приведен во Охрид поради физички напад на противнички тренер
Од фирма од Битола до невладина од Скопје: кој стои зад „Зимзоленд“
ЌЕ СЕ ОДЛАГА ПРИМЕНАТА НА ЗАКОНОТ ЗА АДМИНСТРАТИВЦИ – службите не се подготвени, но додатоците на плата ќе се зголемат
СЕКОЈА ЗЕМЈА ИМА СВОИ ТОП СУВЕНИРИ: Што најчесто купуваат странците во Македонија?
Одреден е притвор за Стафа, а Љупчо Пецов - Ѓаволот е лицето за кого се обидел да поткупи судија
Отворен граничниот премин Богородица по четири часа блокада
Филипче повторно повика пратениците да ја потпишат декларацијата на СДСМ за мигрантите
МАКЕДОНИЈА ИМА СИЛА ДА БИДЕ НОРМАЛНА ЗЕМЈА: Тошковски вели дека сме станале вистински Европјани
„ВИСТИНАТА Е ДЕКА МИНАТАТА ВЛАСТ ИЗРАБОТИЛА НАЦИОНАЛНА СТРАТЕГИЈА ЗА ПРИФАЌАЊЕ МИГРАНТИ 2017-2027“: Мицкоски за темата со мигрантите




