28 Септември, 2022
0.0258

ОБЈЕКТОТ НА ДОСКОРО УСПЕШНА ФИРМА ОД КИСЕЛА ВОДА ОДИ НА „БАРАБАН“, ИМА И СТАНОВИ И КУЌИ - банките продаваат различни имоти за невратените кредити

Објавено во: Економија 16 Август, 2022

Добивај вести на Viber

Деловен простор, производствен комплекс на ул. Сава Ковачевиќ во скопската населба Кисела Вода со површина од 5.618метри квадратни и земјиште од 11.787метри квадранти се продава по цена од 279.203.068 денари. Недвижен имот "свињарска фaрма" во Градец, сместена вон градско подрачје со површина од 419метри квадрани, и земјиште од 502 метри се продава по цена од 1.107.000 денари.

Меѓу имотите кои се на „распродажба“ е и производствен погон за производство на млеко и млечни производи во Кочани, со површина сутерен – 253метри квадратни, мансарда – 66метри и приземје – 756метри квадрани, се за цена од 17.351.335 денари.

Ова се само мал дел од недвижните имоти кои се наоѓаат на списоците на комерцијалните банки во земјава и кои се продаваат. Најголем дел од имотите се продаваат поради неуспехот на нивните сопственици должници да го исплатат подигнатиот кредити во одредена банка, па имотите биле преземени на основ на долгови.

Најчесто недвижнините кои ги распордаваат имаат ниски цени, но и покрај тоа нивната продажба не секогаш се одвива лесно, па некои од нив стојат со години. Упатените велат дека некои од имотите не се продаваат подолг период, често пати ниту атрактивни станови не се продаваат брзо и лесно, па имотите се провлекуваат во списоците за имот на продажба на банките на подолго.

Меѓу нивните списоци може да се најде и подвижен имот кој е на продажба, а секако секогаш се наоѓаат и станови или куќи, поточно некогашни нечии домови.

Па така на пример, во една од поголемите банки во земајва на продажба е куќа во населбата Ѓорче Петров во Скопје која зафаќа површина од 304 метри квадранти и двор со површина од 116 метри квадратни. Но се продава и стан во населбата Црниче, Скопје со површина од 129 метри квадратни. Во Струмица на продажба е станбена куќа со површина од 141 метар квадратен, во рамки на која има продавница со површина од осум метри квадратни, со деловен простор со површина од 189 метри квадратни и земјиште со површина од 1.166 метри квадратни во село Колешино.

Нема единствен список и точен податок што се е на продажба во моментов, затоа што ситуацијата се менува на дневна основа, а секојдневно стануваат активни и нови решенија за присилна наплата.

Доколку некој сака да најде имот за купување по пониски цени ќе бидат приморани да ги пребаруваат списоците на банките поединечно за да утврдат дали има имот на располагање, соглсно нивните потреби.

Меѓу понудите кои се прималиви и кои се на продажба на листите на банките е и деловен простор лоциран во Градскиот трговски центар, локал 8 на први кат со вкупна површина од 198 метри квадратни.

Најчеста причина за продажба на подвижен и недвижен имот од страна на банките е ненавременото исплаќање на кредитите, поради што банките пристапиле кон конфискација на нечиј имот кој бил ставен под закуп за подигање на кредитот.

Иако кај банките се забележуваат голем број на различни типови имот кои се продаваат, сепак, подтоците на Народна банка укажуваат дека од година во година се помал е процентот на нефункционалните кредити на банките.

Последните бројки велат дека нефункционалните кредити опфаќаат 3 отсто од вкупните кредити во првиот квартал од оваа година. 

Нефункционалните кредити се меѓу основните термини кои укажуваат за состојбите на работењето на банките. Тоа се кредити чија исплата е со доцнење, најчесто 90 и повеќе дена од предвидениот рок.

Петранка Огнаноска

Можеби ќе ве интересира

АКО НЕ СЕ ОБЕЗБЕДИ ГАС ОД СРБИЈА, ТОПЛАНИТЕ ЌЕ РАБОТАТ НА МАЗУТ - советникот на Владата за енергетика ветува парно за скопјани на 15 октомври

АКО НЕ СЕ ОБЕЗБЕДИ ГАС ОД СРБИЈА, ТОПЛАНИТЕ ЌЕ РАБОТАТ НА МАЗУТ - советникот на Владата за енергетика ветува парно за скопјани на 15 октомври

Генерали Инвестментс: Внимателно, неизвесноста и нестабилноста на пазарите се високи

Генерали Инвестментс: Внимателно, неизвесноста и нестабилноста на пазарите се високи

Францускиот амбасадор во официјална работна посета на „Алкалоид“

Францускиот амбасадор во официјална работна посета на „Алкалоид“

Владата ќе набавува централа што ќе произведува струја од дизел

Владата ќе набавува централа што ќе произведува струја од дизел

ВМРО-ДПМНЕ со предлог за законски измени: Комуналните претпријатија, училиштата и болниците не смеат да плаќаат струја на слободен пазар

ВМРО-ДПМНЕ со предлог за законски измени: Комуналните претпријатија, училиштата и болниците не смеат да плаќаат струја на слободен пазар

ССМ: ИНСПЕКТОРИ ВО КОНТРОЛА НА ВОДОВОД И КАНАЛИЗАЦИЈА, стотина фамилии без егзистенција

ССМ: ИНСПЕКТОРИ ВО КОНТРОЛА НА ВОДОВОД И КАНАЛИЗАЦИЈА, стотина фамилии без егзистенција

Владиниот советник Виктор Андонов открива: Гасот ќе го купиме од Србија

Владиниот советник Виктор Андонов открива: Гасот ќе го купиме од Србија

Зошто Путин сака да го разнесе Северен тек?

Зошто Путин сака да го разнесе Северен тек?

Мапирање на ИТ индустријата во Македонија: Кој е најпопуларен програмски јазик?

Мапирање на ИТ индустријата во Македонија: Кој е најпопуларен програмски јазик?