ОБЈАВЕНИ НАЈНОВИТЕ БРОЈКИ ЗА МАКЕДОНСКИОТ БДП - раст од само два отсто, градежништвото потфрли и слабо ја билдаше економијата
Објавено во: Економија 02 Декември, 2022 13:51
Македонската економија има раст во третиот квартал од годинава. Тој изнесува само два проценти и е низок, но во време на страшна енергетска криза сепак е позитивно што домашниот бруто производ во периодот од јули, август и септември, завршил во зоната на позитивата.
Ако се има предвид дека во првиот квартал од годинава македонскиот БДП завршил со раст од 2,2 отсто, а во вториот квартал растот изнесувал 4 проценти, додека во гтретиот тој е на ниво од 2 отсто, излегува дека просечната стапка на раст на државава за првите девет месеци од годинава бил на ниво од 2,73 проценти.
Што е најзаслужно за растот во третиот квартал.
Ако се богледнат бројките на Државниот завод за статистика, може да се види дека во тој период најголем пораст имале уметноста, забавата и рекреацијата, услужните дејностит, како и дејностите на домаќинствата, чии раст изнесува 11,8 отсто.
Значаен пораст има и кај трговијата на големо и мало, и тоа таму зголемувањето на економската активнсот изнесува 9,1 процент.
Финансиските дејности и осигурувањето имаат раст од 5,8 отсто, додека пак стручните и научнитен дејности имаат пораст за 5,6 проценти.
Кога станува збор за потфрлањето, најголемиот пад е кај секторот градежништво, каде економската активност отишла во минус од 9,1 отсто, додека пад има и кај преработувачката индустрија за 2,9 отсто, како и кај рударството за 1,7 проценти.
Кога станува збор за БДП според расходниот метод, може да се види дека во третиот квартал има раст на бруто инвестициите од 9 отсто.
Зголемена е финалната потрошувачка на домаќинствата, а намалена е финалната јавна побарувачка.
Има зголемување и на извозот и на увозот.
Според последните проекции на Народна банка на Македонија, оваа година македонската економија треба да заврши со раст од 2,3 проценти.
Н.Н.Ф.
Можеби ќе ве интересира
КЛУЧ НА ДРЖАВНАТА КАСА ИЛИ МИЦКОСКИ ПРОГЛАСИ КАПИТУЛАЦИЈА НА ЕКОНОМИЈАТА! Чупеска за затворањето на трезорот на 15 декември
Кинеската економија во 2025 година и предвидувања за 2026 година
Тактики, а не паника, ја создаваат моменталната вредност на криптовалутите
Страв од вештачка интелигенција: Младите луѓе се префрлаат во квалификувани занаети
Кока-Кола добива нов извршен директор: Енрике Браун ќе ја преземе функцијата во март
Индустријата и потрошувачите можат да здивнат: ЕУ се согласи да ја укине забраната за бензин и дизел автомобили до 2035 година
СЕ ЗГОЛЕМУВА ЦЕНАТА НА БЕНЗИНОТ: Оваа земја прв пат по 2019 година ја качува цената на горивото
ТАЈНО КУПУВААТ РУСКА НАФТА, А НАС НЕ КРИТИКУВААТ: Сијарто со обвинувања до западноевропските земји




