Објавена уредбата за платежните картички: Парите ќе ги добиете до 3 јули, ќе треба да ги потрошите до 31-ви
Објавено во: Економија 28 Мај, 2020 07:00
Корисниците на платежните картички за купување на македонски производи и услуги од домашни компании од третиот владин сет на економски мерки своите 9.000, односно 3.000 денари ќе ги добијат на посебните сметки најдоцна до 3 јули и ќе мора истите да ги потрошат до 31-ви истиот месец, гласи уредбата за финансиска поддршка на граѓани и вработени лица со низок доход, млади лица и здравствени работници која беше објавена службено околу полноќ.
Деловните банки откако ќе биде објавена конечната листа на корисници на финансиска поддршка во најкус можен рок ќе треба до 3 јули да им ги префрли парите на граѓаните на нивните сметки, а доколку до 31 јули не се потрошат, автоматски непотрошените средства се враќаат во државниот буџет..
Социјалните случаи и невработените ќе добијат еднократна финансиска поддршка во износ
од 9.000 денари по лице. Работниците со ниски примања ќе добијат 3.000 денари, додека средношколците не помлади од 16 години и студентите не постари од 29 години ќе
добијат износ од
3.000 денари. Здравствените работници-кои учествувале во тестирање и дијагностицирање на граѓани заболени од
COVID-19 и нивно лекување ќе добијат еднократна финансиска поддршка во висина на 40 проценти од износот на последната пресметана основна нето плата на секој работник одделно.
Од „Македонски производи“ кои ќе може да се купуваат ќе бидат забранети само алкохолни пијалаци, тутун и преработки на тутун. Генералниот секретаријат на Владата во наредните пет дена, односно веќе следната недела на деловните банки со кои ќе биде постигнат договор ќе им биде доставена конечната листа на корисниците за на истите да им бидат изработени платежните картички.
Истовремено конечната листа на корисници на финансиска поддршка со податок за името и презимето на корисникот и банката издавач на платежната картичка ќе биде објавена на www.kupuvamdomasno.gov.mk. Секој корисник ќе треба да потпише согласност кај деловната банка, а тоа самостојно ќе можат да го направат и малолетниците кои имаат лична карта или пасош. Корисниците внесувајќи го својот матичен број на интернет страната www.kupuvamdomasno.gov.mk со безбедносен (HTTPS) протокол ќе може да проверат во која банка издавач ќе му биде издадена платежната картичка и висината на финансиската поддршка.
Банката издадената платежна картичка ја доставува на адресата на живеење на лицето корисник на финансиска поддршка од листата преку пошта. За лицата кои имаат блокирани сметки, банката ќе отвори посебна сметка.
Трговците ќе мора да обезбедат посебно обележани рафтови и гондоли со ознаката „КУПУВАМ ДОМАШНО“ на кои ќе бидат
изложени македонски производи за продажба на лицата - корисници. И во оn-line продажбата ќе мора посебно да се издвојат и истакнат македонските
производи и услуги. Во спротивно ќе седува глоба во износ од 100 до 500 за микро трговец, од 300 до 1.000 евра за мал трговец, од 1.000 до 3.000 евра за среден и гоем трговец. Казни од 100 до 500 евра ќе има и за одговорните лица.
Со картичките ќе може да се плаќа во објекти за сместување, хотели, кампови, ресторани, кафулиња, во трговијата на мало, во аптеките, туристичките агенции, на тезгите и пазарите, фризерските салони и слично.
А.К.
Можеби ќе ве интересира
КЛУЧ НА ДРЖАВНАТА КАСА ИЛИ МИЦКОСКИ ПРОГЛАСИ КАПИТУЛАЦИЈА НА ЕКОНОМИЈАТА! Чупеска за затворањето на трезорот на 15 декември
Кинеската економија во 2025 година и предвидувања за 2026 година
Тактики, а не паника, ја создаваат моменталната вредност на криптовалутите
Страв од вештачка интелигенција: Младите луѓе се префрлаат во квалификувани занаети
Кока-Кола добива нов извршен директор: Енрике Браун ќе ја преземе функцијата во март
Индустријата и потрошувачите можат да здивнат: ЕУ се согласи да ја укине забраната за бензин и дизел автомобили до 2035 година
СЕ ЗГОЛЕМУВА ЦЕНАТА НА БЕНЗИНОТ: Оваа земја прв пат по 2019 година ја качува цената на горивото
ТАЈНО КУПУВААТ РУСКА НАФТА, А НАС НЕ КРИТИКУВААТ: Сијарто со обвинувања до западноевропските земји




