Објавен повикот за грантови за мали и средни претпријатија
Објавено во: Финансии 28 Април, 2018
Првиот јавен повик за кофинансирани грантови за мали и средни претпријатија денеска е објавен на веб-страниците на Владата и на Фондот за иновации и технолошки развој.
Со него се предвидува до крајот на годинава да им бидат доделени 10,5 милиони евра на малите и средни претпријатија во земјава од третиот столб на планот за економски раст.
Со повикот, кој ќе биде отворен до 11 јули, се повикуваат претпријатијата да ја искористат можноста за кофинансирање од страна на Владата за една од четирите мерки.