14 Декември, 2025
0.0373

ОБВИНИТЕЛСТВО ИМА СНИМКИ ОД ДОМОТ НА ПАНЧЕ ВО ПЕРИОДОТ НА УБИСТВОТО - одбраната не дозволи да се пуштат во судот, судењето за убиствата одложено

Објавено во: Македонија 14 Февруари, 2025 14:40

Добивај вести на Viber

Снимки од камери поставени на куќата на Панче Жежовски но и други нови докази бараа да се прикажат денеска обвинителите на судењето за убиството на Панче и малата Вања Ѓорчевска. 

Во Кривичниот суд денеска продолжи судењето против обвинетите со изведување на материјални докази од страна на Јавното обвинителство. Дел од доказите се предмети собрани од место на настаните и извештаи од техничка обработка на возилото Рено Кангу.

- Работни ракавици и отпушоци од цигари пронајдени во пластична чаша. Пронајдени и подигнати при извршеното обезбедување на доказен материјал од извршен увид на 7.12.2023 во подрумските простории на улица „Наум Наумовски Борче“, за да се утврди дали на истите има траги со идентификационо значење - рече обвинителката Жаклина Крстевска Јосифовска.

Дополни дека при извршен увид на 5.12.2023 на возило Ренџ Ровер се пронајдени јакна која што Кешишов ја носел на местото на настанот, вреќа во која починатиот Панче Жежовски бил закопан во дупката во која што е пронајден.

- Лопатата и останатите предмети, црната вреќа со голем куфер, црната вреќа со мал куфер, средна вреќа со две перничиња и теписон се предмети што се подигнати од извршениот увид на местото каде што е пронајдено телото на починатата Вања - дополни таа.

Кај обвинетиот Палчо, при претресите, имало пронајдени различни папки и документи, како и комуникации на социјалните мрежи.

- На 27.11.2023 осум инстант пораки од кои една во 7:29 на турски јазик. А останатите на 4.12.2023. Комуникација на ватсап, фејсбук. На фејсбук се користени девет различни профили од кои што во интерес се две комуникации остварени на 1.12.2023 со Влатко Кешишев и со Стефан Димковски. На Инстаграм користел само еден профил на 23.11.2023 - образложи обвинителката.

Во однос на пораките во периодот од 30.11.2023 до 3.12.2023 таа рече дека е пронајдена комуникација на Вибер со лице по име Драган кој според комуникацијата се наоѓа во Москва, на кого обвинетиот Палевски на 1.12.2023 во порака му пишува дека на 5.12.2023 планира да стигне во Москва, па бара од него помош да го земе од аеродром.

- Важна е комуникација на 27.11.2023 со лице запишано како Геге шампион 2, кого Палевски го прашува дали може да поминат со лице Ферат на кафе, на што Палевски му одговара дека е уморен, цела ноќ не спиел - дополни таа.

Беа изведени и вешт наоди и мислење од доктор Александар Марцикиќ, психијатар, за обвинетиот Љупчо Палевски, како и доказ дека обвинетиот е осудуван.

Обвинителство денеска предложи и да се изведат шест ЦД дискови со видеа од безбедносните камери поставени на куќата на обвинетиот Велибор Манев, на кои се наоѓа материјал од безбедносните камери, кој ги опфаќа деновите од 20.11 до 3.12 2023 година со 24 часовен надзор.

- На видеата се гледа нивното собирање околу убиството на Панче Жежовски - рече обвинителката.

Одбраната на Палевски не прифати да се изведат доказите од причина што не се наведени во листата на докази и побара дополнително време за увид во истите. Судот ја одложи расправата за 21 февруари.

Претходно, обвинетиот Љупчо Палевски Палчо, на почетокот од денешното судење побара изземање на јавната обвинителка во процесот, Жаклина Крстевска Јосифовска, Ана Стојковиќ Димитриевска и јавниот обвинител Гаврил Бубевски. Причините поради кои Палевски бара изземање, се, како што рече, злоупотреба на дејствувањето и непристрасност.

За случајот се обвинети Љупчо Палевски, Боре Видевски, Велибор Манев и Влатко Кешишов, како и таткото на девојчето, Александар Ѓорчевски кои се произнесоа дека не се чувствуваат виновни.

Според обвинението, тие заедно испланирале грабнување на 14-годишното девојче со цел да присилат член на нејзиното потесно семејство да даде парични средства за откуп. Додека, грабнувањето на оштетениот Панче Жежовски во Велес било со намера да го присилат да им го даде сопственото возило „Цитроен“ за да го користат за грабнување на детето во Скопје.

Малолетната Вања и велешанецот Панче, кои беа пријавени за исчезнати на 27 и 24 ноември, беа пронајдени мртви во близина на Скопје и Велес на 3 декември 2023 година. 

Можеби ќе ве интересира

Стафа примил мито од 50.000 евра за да влијае кај судија

Стафа примил мито од 50.000 евра за да влијае кај судија

СЕ ОГЛАСИ ДИМИТРИЕВСКИ ЗА МИГРАНТСКИТЕ КАМПОВИ: „ЗНАМ нема никогаш да даде поддршка“

СЕ ОГЛАСИ ДИМИТРИЕВСКИ ЗА МИГРАНТСКИТЕ КАМПОВИ: „ЗНАМ нема никогаш да даде поддршка“

Крај на опасната крстосница во Аеродром: Се поставува семафор на улицата Васко Карангелески

Крај на опасната крстосница во Аеродром: Се поставува семафор на улицата Васко Карангелески

ТОШКОВСКИ ПОТВРДИ ДЕКА Е УАПСЕН ПОРАНЕШНИОТ ПРАВОБРАНИТЕЛ ФЕХМИ СТАФА: Повеќе детали најавува наскоро

ТОШКОВСКИ ПОТВРДИ ДЕКА Е УАПСЕН ПОРАНЕШНИОТ ПРАВОБРАНИТЕЛ ФЕХМИ СТАФА: Повеќе детали најавува наскоро

ВИДЕО: ДЕЦА КРВНИЧКИ СЕ ТЕПАА ВО САРАЈ: ОЈО побара судска постапка спрема 5 деца

ВИДЕО: ДЕЦА КРВНИЧКИ СЕ ТЕПАА ВО САРАЈ: ОЈО побара судска постапка спрема 5 деца

Макстил: Информациите за пожар не се однесуваат на нашата компанија

Макстил: Информациите за пожар не се однесуваат на нашата компанија

Започна демонтажа на стариот радар на Аеродромот Скопје, авионскиот сообраќај се одвива непречено

Започна демонтажа на стариот радар на Аеродромот Скопје, авионскиот сообраќај се одвива непречено

Контрола во угостителски објекти во Куманово, затекнати малолетници после 24:00 часот

Контрола во угостителски објекти во Куманово, затекнати малолетници после 24:00 часот

Од 9 часот не работи радарот за контрола, полетувањата и слетувањата ќе доцнат по час и половина

Од 9 часот не работи радарот за контрола, полетувањата и слетувањата ќе доцнат по час и половина