ОБИД ЗА ИЗМАМА: Граѓаните повторно добиваат СМС дека нивната пратка е заглавена
Објавено во: Македонија 28 Ноември, 2023
Уште еден обид за измама на граѓаните преку СМС пораки. Граѓаните да бидат внимателни.
Денеска повторно стигнуваат пораки со кои корисникот го информираат дека неговата пратка е заглавена и каде е додаден линк на кој најверојатно се бара корисникот да внесе лични и финансиски податоци. Во пораките се наведува Пошта на Северна Македонија како испраќач, но сепак има граматички и правописни грешки какви што имаше и во претходните вакви пораки.
Бројот од каде се испраќа оваа порака е +60 што е појдовен префикс за азиската држава Малезија. Во последните месеци се случија десеттина вакви обиди за измами. Од институциите и тогаш повикаа граѓаните да бидат претпазливи и да не наседнуваат на измамите. Постојано лица од странство на социјалните мрежи им пишуваат на граѓаните дека човек со исто презиме како нивното оставил наследство и бараат податоци за да ги измамат граѓаните. И овие пораки се полни со граматички и правописни грешки.