13 Мај, 2024
0.0241

Обама се прошета низ Скопје, ги пофали жените и доби награда за мир

Објавено во: Стил 15 Август, 2013

Добивај вести на Viber

Се сликаше низ центарот на Скопје, ја виде куќата на Мајка Тереза, и ги пожали македонските жени дека биле многу убави-иако дома има дури 12. Полубратот на Барак Обама, Абонга Малик Обама кој живее во  селото Когело во Кенија, допатува во земјава на покана на Асоцијација „Балкан клуб на мирот“ регистрирана во Македонија за да прими награда за мир. „Знам дека Македонија има богата историја и многу сум среќен што сум тука. Времето е преубаво и имате многу убави жени. Но, тоа што сакам, е да се заблагодарам на Балканскиот клуб на мирот што ме покани тука да ги посетам балканските земји да уживам во вашата богата култура. Сакам да ви пренесам и топли поздрави од луѓето во Кенија и луѓето во цела Африка и се надевам дека моето доаѓање тука ќе биде линк - односно поврзување меѓу нашите народи и ќе се фокусираме на оние работи кои не` поврзуваат, а не што не разделуваат и светот да го направиме поубаво место за живеење“, рече Обама. Иако има американски пасош, Малик Обама живее во Кенија со своите 12 жени. Се споменува дека бил добар пријател со либискиот диктатор Гадафи.Во март годинава се кандидира за гувернер на една област во Кенија, но не бил избран од гласачите. Пред неколку месеци Њујорк Пост објави дека полубратот на американскиот претседател преку колекционер продавал две своерачно напишани писма од Барак Обама до роднините во Кенија. За нив барал 30 илјади долари.