25 Јуни, 2024
0.0247

Nvidia ја продолжи серијата позитивни изненадувања

Објавено во: Мои пари 30 Мај, 2024

Добивај вести на Viber

Главниот настан изминатата недела секако беше објавувањето на кварталните деловни резултати на Nvidia, кои уште еднаш ги надминаа и онака прилично високите очекувања на аналитичарите и укажаа дека манијата околу вештачката интелигенција не запира.

Ден подоцна, мала корекција на пазарите предизвикаа најавите за економска активност, што ги изненади и Европа и САД и со тоа повторно благо ги зголеми краткорочните инфлациски очекувања.

Колку високо беше поставена границата на очекувања на аналитичарите за кварталните резултати на Nvidia, најдобро говори податокот што тие очекуваа раст на приходите од 241% на годишно ниво и раст на профитот од дури 413%. Во двата случаи, компанијата ги надмина очекувањата, со приход од 24,69 милијарди долари што е неверојатни 262% повисоки од истиот период минатата година, додека заработката од 6,12 долари по акција беше за 461% повисока од првите квартали во 2023 година. Како резултат на тоа, цената на акциите се зголеми за дополнителни 15,36% минатата недела, надминувајќи ја границата од 1.000 долари по акција за прв пат. Извршниот директор на компанијата, Jensen Huang, најави поголема идна дивиденда и поделба на акциите од 10 спрема 1 кога беа објавени резултатите. Позитивни за американскиот економски раст, но нешто помалку за инфлаторните очекувањата во наредните месеци, беше објавувањетo на индексот на менаџерите за набавки, кој го спроведува компанијата S&P Global и го мери нивото на економска активност. Вредноста на индексот изнесуваше 54,4, што е многу повеќе од очекуваните 51,1 и укажува на поконкретно подобрување на состојбите во економијата. Вредностите повисоки од претходниот месец и во исто време над 50, што ја дели областа на експанзија од контракција, го окупираа и производниот PMI индекс (50,9) и услугите (54,8), што учесниците на пазарот го сфатија како потенцијална причина за можни негативни изненадувања во најавите за поскапувања во наредните месеци, со што веројатноста за прво намалување на каматните стапки повторно се помести кон едно намалување во износ од 25 базични поени во месец декември. Од друга страна, во април, продажбата на стари куќи бележи пад втор месец по ред. Спротивно на очекувањата, продажбата на нови станови бележи пад од 4,7%, што е првенствено резултат на амбиентот со високи каматни стапки, бидејќи каматната стапка за 30-годишните хипотекарни кредити падна само на 6,94% во четвртокот, откако се движеше над 7% повеќе од еден месец.

Во Европската унија, растат очекувањата за првото намалување на каматните стапки, што би можело да се случи веќе на следниот состанок од Европската централна банка, што ќе се одржи на 6 јуни. Ваквите планови ги потврди и претседателката на ЕЦБ, Кристин Лагард во неодамнешното интервју за ирската телевизија RTE, која рече дека во случај на поволни податоци за инфлацијата, кои ќе го зајакнат нивото на доверба, таа ќе изнесува околу 2% на среден рок, носителите на одлуки ќе бидат обврзани да го намалат нивото на каматните стапки. Со инфлацијата продолжуваат да се борат и во Обединетото Кралство, каде аналитичарите беа негативно изненадени од најавата за раст на цените во април и покрај тоа што таа изнесуваше само 2,3%, што е најниско скоро во последните три години, но очекуваа уште помал раст на цените од 2,1%. Базичната инфлација, која ги исклучува цените на храната и енергијата, исто така останува висока на 3,9%. Охрабрувачки е што економската активност во еврозоната повторно се зголемува, што го потврдуваат и индексот на менаџери за набавки (PMI) објавени од Хамбуршката бизнис банка. Тие ги надминаа очекувањата во повеќето случаи; вредноста на композитниот PMI индекс за еврозоната во мај изнесуваше 52,3, што е највисока во последните 12 месеци. Објавената вредност на PMI индексот во преработувачката индустрија исто така беше повисока од очекуваната и се искачи од 45,7 во април на 47,4, иако останува на територијата на контракција 14-ти месец по ред. Раст на вредноста и на производствениот и на услужниот PMI е забележан и во Германија, каде дополнително е забележан раст на БДП во првиот квартал од 0,2%, откако истиот се намали за 0,3% во последниот квартал од претходната година.

Акциите на пазарите во развој минатата недела затворија со малку позначајна загуба, а тoa се должи главно на пониските цени од кинеските акции. Оптимизмот на инвеститорите донекаде ослабна поради најновите мерки на Пекинг за поддршка на проблематичниот сектор на недвижности, кој останува клучен проблем за втората по големина економија во светот. Исто така, како што се очекуваше, кинеските банки ги задржаа едногодишните и петгодишните стапки на кредитирање на 3,45% и 3,95%, соодветно, откако кинеската централна банка ја остави својата среднорочна каматна каматна стапка непроменета. Некои аналитичари сметаат дека централната банка треба да продолжи да ја олабавува својата политика и потенцијално да го намали коефициентот на задолжителната резерва со цел доволно да ја стимулира побарувачката за заеми.


Можеби ќе ве интересира

Официјална премиера на целосно новиот Škoda Kodiaq

Официјална премиера на целосно новиот Škoda Kodiaq

Во организација на dm дрогерие маркт во Скопје и Охрид се одржаа бесплатни дерматолошки прегледи: На пет различни настани беа прегледани речиси 550 лица

Во организација на dm дрогерие маркт во Скопје и Охрид се одржаа бесплатни дерматолошки прегледи: На пет различни настани беа прегледани речиси 550 лица

ШП-АРТ-УМЕТНОСТ на Меѓународната ликовна колонија „Вевчански видувања 2024“

ШП-АРТ-УМЕТНОСТ на Меѓународната ликовна колонија „Вевчански видувања 2024“

А1 Македонија со збогатено портфолио и нови опции за купување на дополнителни уреди за сите пост пејд корисници

А1 Македонија со збогатено портфолио и нови опции за купување на дополнителни уреди за сите пост пејд корисници

Моќта на брендингот: Само додај Coca-Cola и... уживај во магијата

Моќта на брендингот: Само додај Coca-Cola и... уживај во магијата

Скопје ќе биде тропски град на еден ден!

Скопје ќе биде тропски град на еден ден!

ЕВН Хоме ја прифати понудата на АД ЕСМ од 60 евра за мегаватчас за 85 отсто од потребите

ЕВН Хоме ја прифати понудата на АД ЕСМ од 60 евра за мегаватчас за 85 отсто од потребите

Амбасадорите Дејвид Гир и Кшиштоф Гжелчик во Македонски Брод - граѓаните заинтересирани да реализираат проекти со ЕУ-поддршка

Амбасадорите Дејвид Гир и Кшиштоф Гжелчик во Македонски Брод - граѓаните заинтересирани да реализираат проекти со ЕУ-поддршка

Концерти, фестивали, кино на отворено – Halk EZ ја отвора сезоната на кул искуства за своите корисници

Концерти, фестивали, кино на отворено – Halk EZ ја отвора сезоната на кул искуства за своите корисници