Нуди плата од 60.000 динари, но никој не сака да работи
Објавено во: Финансии 17 Мај, 2018
Во соседна Србија се нуди почетна плата од 60.000 динари, сместување, храна за работа на фарма.
Но, никој не сака да живее и работи на планина иако куќата која се нуди за сместување е доволно голема за брачен пар.
Оваа плата е за третина поголема од просечната во Медвеѓа.
Ваков оглас има во кој се бара овчар, а некои од фармерите како поволност на луѓето кои ќе ги вработат им нудат престој на бања или одмор на море.
Зоран Шуковиќ кој бара работник вели дека иако невработеноста е голема, сепак никој не сака да работи.
Смета дека работата на овчарите не е тешка, туку е одговорна.
Работата на овчарите не е сезонска, туку трае 365 дена.
Да се најде овчар во Србија денес е реткост, вели тој.