НУДЕЛЕ СТИПЕНДИИ: Бошњачките партии во Косово се жалат дека Бугарија сака да ги асимилира
Објавено во: Балкан 04 Јули, 2024 16:00
Бошњачките партии во Косово се жалат дека Бугарија сака да ги асимилира.
Тврдат дека им нуделе да се потпишат на документи дека се Бугари, па на тој начин им се отворал патот до студии и стипендии во Бугарија. Во истражување на Радио Слободна Европа, повикувајќи се на сведоштва од припадници на бошњачката заедница на Косово, пишува дека документите со променети податоци ги добивале од локалци. Сепак, комуникацијата со бугарските власти за пријавување на студенти од Косово на Универзитетите во Бугарија постоела уште од пред повеќе години.
Н.Н. од околината на Призрен, припадничка на босанската заедница, вели дека пред неколку години потпишала „документ“ со кој потврдува дека некој од нејзиното семејство има бугарско потекло, за да ја искористи можноста да студира во Бугарија, пишува Радио Слободна Европа (РСЕ) во опширната репортажа под наслов „Бугарска заедница во Косово „во создавање“, институциите молчат“.
На пописот во Албанија испадна дека има повеќе Бугари од Македонци. Здруженијата на Македонците обвинија дека Бугарите лобирале и нуделе привилегии со цел Македонците да се изјаснат како Бугари. Инаку, претходно бугарскиот европратеник Ангел Џамбаски тврдеше дека на Косово има Бугари.
foto Wikipedia/PetritIbrahimi
Можеби ќе ве интересира
„МИНИСТЕРОТ НЕ ЗЕМА НИТУ ДИНАР“ Вучиќ: Обвинението против Селаковиќ е срамно и безобразно
„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија
Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај
Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација
Во времето на Тито, за некој овие пари беа една плата: Никој не успеал да ја фалсификува „сивата гулабица“, а еве која е мистериозната жена од банкнотата
Голем пожар во Хрватска; На местото на настанот беа повеќе од 60 пожарникари, се слушаа експлозии




