НУДАТ ПОЧЕТНА ПЛАТА ОД 750 ЕВРА И НИКОЈ НЕМА ДА РАБОТИ: Обезбедено сместување и храна, два дена одмор и ништо - Црногорците со голем проблем
Објавено во: Финансии, Балкан 29 Мај, 2024 05:40
Недостигот од сезонски работници мачи многу земји во светот и регионот, особено пред летната сезона. Таков е случајот во Црна Гора, недостатокот на работна сила е грижа на сите ресторани, па не е ни чудо што социјалните мрежи се преполни со огласи за работа.
На социјалната мрежа Инстаграм се појави оглас во кој работодавец бара собарка за работа во хотел на крајбрежјето. Во огласот стоело дека е обезбедено сместување, храна и два дена одмор.
- Потребна е собарка за работа во хотел во близина на Будва. Почетна плата 750 евра. Обезбедено сместување и храна во рамките на објектот, 40 часа неделно, два дена одмор. Задолжително е да се испрати CV со фотографија - пишува во огласот.
Недостигот од сезонски работници во Црна Гора стана хроничен проблем
Како што пренесува „Вијести“, иако платите и дневниците се повисоки од претходните сезони, работниците од Црна Гора одат на поатрактивни дестинации каде што можат да заработат повеќе пари и да имаат подобри услови за работа.
Од Агенцијата за вработување тврдат дека лани имало недостиг од околу 20.000 сезонски работници, а за жал слични бројки очекуваат и годинава.
Курир.рсМожеби ќе ве интересира
Рекорд на пазарот на недвижности: Пентхаус во Дубаи продаден за речиси 130 милиони евра
Дали се руши хрватскиот сон? Половина од платата оди за даноци, становите се прескапи, подобро е дома
„Ти си Балканец, ќе ни работиш за џабе“: Што навистина значи животот и работата во Швајцарска
„Тука луѓето откопуваат злато“: На 2 часа од Скопје пронајдена населба постара од онаа на Инките и Маите
Во времето на Тито, за некој овие пари беа една плата: Никој не успеал да ја фалсификува „сивата гулабица“, а еве која е мистериозната жена од банкнотата
Еве каде да ги најдете најдобрите половни автомобили во Европа: Возачите возат помалку километри и ги чуваат подолго
РАБОТА ОД СОНИШТАТА ВО ГЕРМАНИЈА: Плата до 90.000 евра, повеќе од 60 дена одмор - еве како да ја добиете
ФЕД ПО ТРЕТ ПАТ ГИ НАМАЛИ КАМАТИТЕ: Пауел вели засега е доволно
ГАРАЖА ВО АЕРОДРОМ ПРОДАДЕНА ЗА 30 ИЛЈАДИ ЕВРА, А ЗА КВАДРАТ ЗА СТАН ВО ЦЕНТАР ПЛАТЕНИ БЛИЗУ 3.000 ЕВРА: Еве каде и за што се давале најмногу пари




