Новогодишно со Министерката за култура- Бисера Костадиновска-Стојчевска: Благодарна сум што имам кој да ме чека и пречека. Тоа е мојата најголема награда!

Објавено во: Стил 30 Декември, 2023
Културата е една од најважните карактеристики на човекот и општеството воопшто, имајќи предвид дека ниту еден друг вид не поседува култура, а таа може да се изрази само ако се набљудува во однос на социјалната средина и во нивната меѓусебна интеракција. Самиот збор култура има латинско потекло и потекнува од глаголот colere, cultum, што значи негување.
Постојат голем број на дефиниции за културата, каде што е важно да се нагласи дека концептот на културата во поширока смисла ги опфаќа и духовната и материјалната култура, односно сето она што човекот го создал преку својата работа и дејствување. Во оваа смисла, културата има своја креативна и своја репродуктивна димензија. Материјалните и духовните творби кои во просторот и времето се пренесуваат во човечкото општество и преку кои човекот ги задоволува своите потреби, всушност ја сочинуваат културата на едно општество. Материјалните творби се сè што луѓето создале за живот во даден контекст, што за нив има значење (куќи, мостови, средства за работа...), додека, кога зборуваме за духовни културни творби, првенствено мислиме на јазикот.
Целото интервју на Женски магазин, тука.