15 Мај, 2024
0.0295

Ново домче за нов старт: Голема акција за првиот ромски извиднички одред во Шуто Оризари

Објавено во: Мои пари 17 Ноември, 2017

Добивај вести на Viber

Првиот ромски извиднички одред “Просперитет“ ќе добие свој дом. Најновиот извиднички одред во Македонија заедно со извидниците од Сојузот на Извидници на РМ, Мрдни со Прст и локалното население утре од 10:00 часот ќе го реновираат објектот на центарот за социjaлни грижи “Надеж“ каде првиот ромски извиднички одред ќе се смести во иднина.

Освен што ќе се мрда со прст за отстранување на отпадот и депонијата од улицата и околу објектот во Шуто Оризари, ќе се обновуваат прозорите, кровната конструкција и електричната инсталација на објектот. Извидниците заедно со локалното население ќе го брендираат и ќе го уредат просторот, а ќе постават и канти за отпадоци и хортикултурно уредување со цвеќе, со што младите во Шуто Оризари ќе добијат ново катче за дружење, споделување на идеи и организирање на настани.

Ромскиот извиднички одред “Просперитет“ заедно со Мрдни со Прст утре ќе се погрижат  работата да оди како песна, а во тоа ќе  помогнат диџејот и комбето на Мрдни со Прст.

Околу 100 извидници од Скопје ќе се придружат на акцијата.

Со новиот простор за работа и официјално ќе започне  функционирањето на уште еден младински центар каде младите ќе можат да се едуцираат,  социјализираат и да ги развиваат своите вештини и способности.

Основањето на Извидничкиот одред во Шуто Оризари е резултат наПроектот за вклучување на Ромите во Извидништвото имплементиран заедно со Центарот за социјални грижи Надеж и Сумнал, а поддржан од Холандската Амбасада во Република Македонија.  Акцијата за оспособување на просторот ја спроведуваме заедно со Мрдни со Прст. 

Можеби ќе ве интересира

САМИТ НА МАКЕДОНИЈА2025: Неопходен е консензус на патот до просперитет и една визија за забрзан раст

САМИТ НА МАКЕДОНИЈА2025: Неопходен е консензус на патот до просперитет и една визија за забрзан раст

Втора Т Бизнис конференција на Македонски Телеком

Втора Т Бизнис конференција на Македонски Телеком

Групацијата БАЛФИН доаѓа во Канада, се подготвува нов проект за недвижности

Групацијата БАЛФИН доаѓа во Канада, се подготвува нов проект за недвижности

Изберете да студирате на Growth Labs Academy и создадете иднина по своја мерка

Изберете да студирате на Growth Labs Academy и создадете иднина по своја мерка

Diners Club Македонија со голема наградна игра „КОГА ПОВЕЌЕ ЗНАЧИ ПОВЕЌЕ“

Diners Club Македонија со голема наградна игра „КОГА ПОВЕЌЕ ЗНАЧИ ПОВЕЌЕ“

Најновата линија на телевизори и звучници со вештачка интелигенција на Samsung е веќе достапна во редовна продажба во Македонија

Најновата линија на телевизори и звучници со вештачка интелигенција на Samsung е веќе достапна во редовна продажба во Македонија

Летна наградна авантура со Веро, 400.000 денари за најсреќниот купувач

Летна наградна авантура со Веро, 400.000 денари за најсреќниот купувач

Азески го прими раководството на „Бехтел и Енка“

Азески го прими раководството на „Бехтел и Енка“

Групацијата Иуте ги објави неревидираните резултати за првиот квартал од 2024 година

Групацијата Иуте ги објави неревидираните резултати за првиот квартал од 2024 година