НОВИТЕ КРЕДИТИ СО ПОНИСКИ КАМАТИ – компаниите во поповолна позиција од домаќинствата, еве какви се каматите на депозитите
Објавено во: Финансии 03 Март, 2025 07:39
Продолжува трендот на намалување на каматите на кредитите кои ги одобруваат комерцијалните банки на клиентите. И последните податоци на Народната банка на Македонија, покажуваат дека има намалување на просечната каматна стапка на вкупните кредити издадени во јануари 2025 година. Притоа утврдено е дека на месечно ниво намалување е 0,09 процентни поени, додека на годишно ниво 0,34 процентни поени.
Согласно најновиот пад на каматите, сега просечната камати за кредитите изнесува 5,21 проценти. За споредба, пред само една година, или во јануари 2024 година просечната камата на кредитите достигнувала 5,55 проценти.
Ако се погледнат податоците на НБРСМ, ќе се види дека кај новоодобрените кредити, каматите се пониски. За споредба во јануари 2025 година просечната камата на новоодобрените кредити изнесувала 4,70 проценти, додека една година претходно таа била 5,22 проценти.
Податоците исто така покажуваат дека има разлика меѓу каматите на кредитите за компаниите и за домаќинствата. Па така за компаниите просечната камата за кредитите изнесува 4,85 проценти во јануари 2025 година, додека за граѓаните 5,55 проценти.
- Во јануари, просечната каматна стапка на вкупните кредити на корпоративниот сектор забележа месечен пад од 0,11 прочентни поени. Надолната промена се должи на намалените каматни стапки на денарските кредити со валутна клаузула (за 0,46 п.п.) и каматните стапки на кредитите во странска валута (за 0,32 п.п.), при раст на каматните стапки на денарските кредити без валутна клаузула (за 0,02 п.п.). На годишна основа, оваа каматна стапка е намалена за 0,59 процентни поени – посочуваат од НБРСМ. Сепак потенцираат дека каматната стапка на новоодобрените кредити на корпоративниот секторе повисока за 0,26 процентни поени на месечна основа, а на годишна основа е намалена за 0,56 процентни поени.
Што се однесува пак до домаќинствата, кај нив каматата стапка во јануари изнесувала 5,55 отсто и е намалена за 0,08 процентни поени на месечна основа, додека на годишна основа за 0,10 процентни поени.
Но, кај новоодобрените кредити за домаќинства се забележуваат поразлични тенденции. Имено, просечната каматна стапка на новоодобрените кредити на домаќинствата, во јануари на месечна основа бил забележан раст и таа достигнала 4,76 проценти, но на годишно ниво е помала, бидејќи во јануари минатата година просечната камата била 5,26 проценти.
Што се однесува пак до депозитите, или резервите кои граѓаните и компаниите ги чуваат во банките, и тука НБРСМ забележа раст на каматните стапки, но станува збор за минимален раст. Имено просечната каматна стапка на вкупните депозити изнесува 2,18 отсто и е зголемена за 0,01 проценти поени на месечна основа, додека на годишно ниво пораснала за 0,46 процентни поени.
За споредба во јануари минатата година просечната камата на депозитите изнесувала 1,72 отсто. И во овој сегмент НБРСМ констатира дека има разлики меѓу каматите за компаниите и за домаќинствата. Па така, за компаниите каматата на депозитите јануари 2025 година била 2,69 проценти, додека пак во јануари 2024 2.07 отсто. Од друга страна за граѓаните просечната камата за заштедите во јануари 2025 година била 2,11 проценти, додека истиот месец минатата година 1,69 отсто.
П.О.
Можеби ќе ве интересира
„Ти си Балканец, ќе ни работиш за џабе“: Што навистина значи животот и работата во Швајцарска
„Тука луѓето откопуваат злато“: На 2 часа од Скопје пронајдена населба постара од онаа на Инките и Маите
Во времето на Тито, за некој овие пари беа една плата: Никој не успеал да ја фалсификува „сивата гулабица“, а еве која е мистериозната жена од банкнотата
Еве каде да ги најдете најдобрите половни автомобили во Европа: Возачите возат помалку километри и ги чуваат подолго
РАБОТА ОД СОНИШТАТА ВО ГЕРМАНИЈА: Плата до 90.000 евра, повеќе од 60 дена одмор - еве како да ја добиете
ФЕД ПО ТРЕТ ПАТ ГИ НАМАЛИ КАМАТИТЕ: Пауел вели засега е доволно
ГАРАЖА ВО АЕРОДРОМ ПРОДАДЕНА ЗА 30 ИЛЈАДИ ЕВРА, А ЗА КВАДРАТ ЗА СТАН ВО ЦЕНТАР ПЛАТЕНИ БЛИЗУ 3.000 ЕВРА: Еве каде и за што се давале најмногу пари
ОРЦЕ ГО ЗАТЕГА ЌЕСЕТО: Се намалуваат надоместоците за членовите на управните и надзорните одбори
„НЕШТО КАКО ЗЕЛЕНА КАРТА, САМО ПОСОФИСТИЦИРАНА“: Пристигна „Trump Platinum Card“, еве кој ќе може да си ја дозволи




