Новите газди го враќаат стариот сјај! Каде ќе гради „Скопски пазар“?

Објавено во: Економија 29 Март, 2023
Секој што барем малку разбира економија и почитува домаќинско работење ќе го поздрави потегот на новите газди на „Скопски пазар“. Во планот за 2023 година отворено кажуваат : дивидената ќе почека една петолетка, првин да расчистиме долгорочни, наследени, кредити и да вложиме за да ја подобриме конкурентноста на компанијата и условите на пазарите
„Скопски пазар“ заличува на силната „реал естејт“ компанија како од пред дваесетина години. По промената на сопствениците во таа компанија работите тргнаа на подобро. Друштвото кои управува со 12 зелени пазари и 2.700 тезги лани успеа да ја затвори годината со добивка од 1,7 милиони евра.
„Скопски пазар“ ги објави плановите за 2023 во кои најавуваат изградба на нов деловен комплекс со покриен пазар во скопско Драчево на локација на постоечкиот пазар. Паралелно со ова компанијата ќе ги модернизира пазарите и деловниот простор низ Скопје со утврдена динамика.
Според нивниот план од кирии и наем годинава компанијата треба да приходува 6,7 милиони евра што е благо зголемување од 5 отсто во споредба со лани. Тоа е оптимистички план со оглед на актуелната економска криза за која нема индиции дека ќе се намали и која сигурно дека ќе има директно влијание и врз трговијата.
Добивката на друштвото оваа година е проектирана на ниво од 1,77 милиони евра што е за 4,5 отсто подобар резултат од лани.
Во финансискиот план на друштвото за 2023 година е наведено дека приоритет и понатаму ќе се дава на враќање на наследенио долгорочни кредити и на инвестициите. Заради тоа во овој момент друштвото не гледа предуслови за поделба на дивиденда на среден рок односно за 5 години до сега.
„Скопски пазар“ веќе трета година има два нови големи акционери. Тие ја превземаа компанијата од браќата Давитковски чиј татко Трајко Давитковски беше долгогодишен и успешен директор на ова друштво. Актуелни големи акционери се „Современ дом“ од Прилеп и скопската градежна компанија ЗСФ-КОМ. И двата акционери контролираат по 38,7 отсто од акциите со право на глас.
Р.Ф.Можеби ќе ве интересира
По три години чекање, 13 плажи во Охрид добија концесија

Градоначалникот на Липково бара простување на долгот од сметките за струја стари 15 години за жителите на Слупчане

Русија се врати во најголемите десет светски економии

За храна и пијалоци за едно семејство се потребни над 19.500 денари - колку „тежи“ минималната кошничка?

БАЛКАНОТ "СПИЕ" НА ЗЛАТО: Откриено уште едно наоѓалиште во Босна и Херцеговина

НА БАРАБАН ОДИ СИМБОЛОТ НА НЕКОГАШНИОТ СОЦИЈАЛИСТИЧКИ ШОПИНГ - се продава Стоковната куќа „26 Јули“, досега газда и беше „Кристал“ од Велес

ВЛАДАТА МУ ДАДЕ НА НОМАГАС 3,3 МИЛИОНИ ЕВРА - парите се за експропријација на земјиштето за Интерконекторот на гас кон Грција

Како се снаоѓаат пензионерите со мали пензии за да го поминат месецот?
