18 Декември, 2025
0.0447

Новите државни коцкарници во Македонија направиле загуби во работењето

Објавено во: Економија 06 Мај, 2025 07:50

Добивај вести на Viber

Државните онлајн коцкарници оствариле минимални приходи во текот на минатата година, пред Владата да одлучи да им го забрани работењето. Сите четири прикажале загуба по една година од работењето.

Новоформираните приредувачи на интернет игри на среќа, во кои 51 отстотен удел на сопственост имаше АД Државна лотарија, за кои потоа новата власт утврди дека ги нема потребните лиценци, оствариле вкупно милион евра во 2024.

Според податоците кои „Фактор“ ги доби од Централен регистар, Државна лотарија - Моззарт за неколку месеци работење остварила приходи од 58 милиони денари, но и загуба со расходи од 82 милиони денари. Државна лотарија - Битс 77 забележала 5 милиони денари приходи, но и расходи од 23 милиони денари. Државна лотарија - Везув во текот на минатата година нема приходи, но има 4,5 милиони денари загуба. Паричните влогови на овие друштва биле по 770.000 евра. Новата државна видео-лотарија - Ново Влт за 2024 прикажала загуба, односно трошоци од 17,4 милиони денари. Паричниот влог бил 4,88 милиони евра.

Сите четири друштва и понатаму функционираат како активни фирми, но без дозвола за работа, а засега нема информации каков понатамошен чекор ќе преземат. Владата на 24 септември лани објави дека „поради неправилности во работењето, пропусти и основани сомнежи за незаконско работење и постапување“ е заклучено дека постои потреба од престанување на нивната дејност.

Нова државна видео-лотарија – НОВО ВЛТ ДОО Скопје беше формирана во април 2023 година во партнерство со „ХТЛ Македонија“, која веќе е етаблирана на овдешниот пазар. Австриската компанија „Новоматик“, преку својата македонска фирма „ХТЛ Македонија“ ги поседува „МА Гаминг“ и „Мастербет“, кои имаат лиценци за автомат клубови во земјата. Едната ги поседува коцкарниците „Астра“, а другата „Адмирал“. Преку македонската фирма „Макотен“, австриски „Новоматик“ ги поседува лиценците за казината во скопскиот хотел „Мериот“ и во хотелот „Фламинго“ во Гевгелија. Лани во јануари Државната лотарија си доби три нови партнери за игри на среќа. „Државна лотарија – Моззарт“ ДОО Скопје се регистрираше на 5. јануари. Партнер е МОЗЗАРТ ДОО Белград (Палилула). На 18 јануари се основаше „Државна лотарија – Везув“ ДОО Скопје, каде што партнер е „Везув МК“ ДООЕЛ, фирма ќерка на црногорскиот „Везув“. Компанијата за онлајн обложување која го носи името „Државна лотарија – 77 Битс Битола“, е регистрирана на 9 јануари. Партнерството е со „Телематик интерактивна Бугарија“, фирма која доби тендер за добивање право на извршување онлајн обложувачка активност организирана од Државна лотарија на Република Северна Македонија.

Министерството за дигитална трансформација го донесе правилникот со кој се пропишува налогот за ограничување на пристапот и користењето на услуги и апликации преку јавните електронски комуникациски мрежи во случаи на нелегално приредување игри на среќа преку вебстраница или веб-апликација, а актот стапи на сила од 23 април. Претходно во март беа изгласани измените и дополнувањата на Законот за електронски комуникации со кои Агенцијата за електронски комуникации доби право да го „блокира“ пристапот до веб-платформите на странските оператори за приредување интернет игри на среќа.

А.К.

Можеби ќе ве интересира

Во која земја од ЕУ храната е најевтина?

Во која земја од ЕУ храната е најевтина?

Словенија ќе го зголеми минималецот - колку ќе изнесува?

Словенија ќе го зголеми минималецот - колку ќе изнесува?

Хрватска ги заострува условите за вработување странци

Хрватска ги заострува условите за вработување странци

Култура со голем потенцијал - заработката е до 20.000 евра по хектар

Култура со голем потенцијал - заработката е до 20.000 евра по хектар

Во кои европски земји најмногу поскапе млекото?

Во кои европски земји најмногу поскапе млекото?

Еве како изгледаат владини станови за млади луѓе од 21 квадратен метар во Холандија: Чинат 45.000 евра

Еве како изгледаат владини станови за млади луѓе од 21 квадратен метар во Холандија: Чинат 45.000 евра

„Нашата цел е да привлечеме компании кои носат знаење, современи технологии и квалитетни работни места“: Димовски од ТИРЗ до менаџментот на Philips

„Нашата цел е да привлечеме компании кои носат знаење, современи технологии и квалитетни работни места“: Димовски од ТИРЗ до менаџментот на Philips

ДЗР: Застарени предмети и неуплатени средства во буџетот на државата, ИТ напади и повеќе неправилности во работењето на Министерството за економија и труд

ДЗР: Застарени предмети и неуплатени средства во буџетот на државата, ИТ напади и повеќе неправилности во работењето на Министерството за економија и труд

Хрватска повлекува храна за бебиња: Аптамилот има поголемо присуство на бактерии

Хрватска повлекува храна за бебиња: Аптамилот има поголемо присуство на бактерии