22 Април, 2025
0.0274

НОВИОТ ТРАНСФОРМАТОР ЗА РЕК БИТОЛА ВРЕДЕН 5,5 МИЛИОНИ ЕВРА ТРГНА ОД ТУРЦИЈА - многу е тежок и за да го издржат, мора да се зајакнат патиштата на одредени места

Објавено во: Економија 15 Ноември, 2022 12:34

Добивај вести на Viber

Новиот трансформатор за Блок 3 во РЕК Битола кој се изработуваше во фабрика во Турција, вчера изутрина тргна со специјален камионски транспорт кон Битола, соопшти ЕСМ.

„400-киловолтниот трансформатор со тежина од 240 тони се пренесува со специјална композиција преку патен транспорт низ Турција, бродски и патен транспорт низ Грција, и патен од преминот Меџитлија до РЕК Битола. Композицијата долга 60 метри побарува специјални услови за движење, зајакнување на патната инфраструктура на одредени делови на трасата, посебна сообраќајна регулација и управување со мала брзина“, пишуваат од ЕСМ.

Потенцираат дека транспортот тргна со задоцнување од една седмица од предвидениот рок, поради, како што велат, подолгото време кое било потребно да се осигураат сите услови и соодветни дозволи за движење во Р.Грција, кои произлегуваат токму од специфичноста на овој транспорт.

Трансформаторот се очекува да пристигне во РЕК Битола на 22 ноември, по што ќе бидат потребни 10-тина дена за да се изврши монтажа на истиот.

Како штпо веќе пишуваше Фактор, АД ЕСМ со директно преговарање, без објавен оглас купи трансформатор од 425 киловолти за 5,5 милиони евра (плус 1 милион евра ДДВ) за да може да работи третиот блок на РЕК Битола и да произведува електрична енергија за време на енергетската криза. Од како е изграден РЕК Битола, ова е прв пат за 40 години да се купува нов трансформатор.

Минатата година во екот на високите цени на струјата, АД ЕСМ се обиде да го вклучи третиот блок по низа направени ремонти, но стариот трансформатор се запали во ноември минатата година. Хаварија доживеа и во август претходно. На почетокот на годинава пак раководството на „Електрани“ објави дека трансформаторот ќе се демонтира и дека ќе се носи на поправка.

Договорот ЕСМ го вклучи со Actael N Ltd од Софија, а за преговарањето без објавен оглас е добиено позитивно мислење од Бирото за јавни набавки поради итноста на потребата. Бугарскиот оператор, кој ќе работи заедно со турски подизведувач. има рок од 110 дена да го демонтира стариот блок трансформатор и да го монтира и пушти во работа новиот.

Гаранцијата на исправноста изнесува 5 години, а ЕСМ треба да му плати аванс на операторот од 1,1 милиони евра. Во договорот има и услови за плаќање на пенали од страна на Бугарите доколку трансформаторот генерира загуби.

Поради неработењето на третиот блок, Владата ургентно мораше да ги активира ТЕЦ Неготино и РЕК Осломеј, затоа што увозот на електрична енергија поскапе неколкукратно. Вклучувањето на третиот блок на РЕК Битола беше замислено како обид да се олесни енергетската криза, но до тоа никогаш не дојде.

Пред две недели генералниот директор на АД ЕСМ, Васко Ковачевски, рече дека во планот на претпријатието е од почетокот на ноември до 30 април додека трае грејната сезона, РЕК Битола да работи со три блока, односно со максимален капацитет.

Можеби ќе ве интересира

ПРОГНОЗА НА ММФ: Колкав раст ќе има Македонија?

ПРОГНОЗА НА ММФ: Колкав раст ќе има Македонија?

СЕ ЗГОЛЕМИЈА ПЛАТИТЕ ВО ХРВАТСКА: Највисоката плата е исплатена во секторот основни фармацевтски производи

СЕ ЗГОЛЕМИЈА ПЛАТИТЕ ВО ХРВАТСКА: Највисоката плата е исплатена во секторот основни фармацевтски производи

ПОРАДИ ЦАРИНИТЕ НА ТРАМП: ММФ објави дека светската економија ќе забави

ПОРАДИ ЦАРИНИТЕ НА ТРАМП: ММФ објави дека светската економија ќе забави

МИНИМАЛНАТА КОШНИЧКА ПОСКАПЕ: Потребни се повеќе пари за живот

МИНИМАЛНАТА КОШНИЧКА ПОСКАПЕ: Потребни се повеќе пари за живот

ИНВЕСТИТОРИТЕ БАРААТ СИГУРНИ СРЕДСТВА: Цената на златото проби нова граница

ИНВЕСТИТОРИТЕ БАРААТ СИГУРНИ СРЕДСТВА: Цената на златото проби нова граница

ЦЕНИТЕ НА ГОРИВАТА ОСТАНУВААТ ИСТИ: Ова се максималните цени

ЦЕНИТЕ НА ГОРИВАТА ОСТАНУВААТ ИСТИ: Ова се максималните цени

ВО СТРАНСТВО ПРИМАТЕ ГЕРМАНСКА ПЕНЗИЈА? ОВА МОРА ДА ГО ЗНАЕТЕ ЗА ДАНОЦИТЕ - еве каде ќе бидат оданочени вашите приходи

ВО СТРАНСТВО ПРИМАТЕ ГЕРМАНСКА ПЕНЗИЈА? ОВА МОРА ДА ГО ЗНАЕТЕ ЗА ДАНОЦИТЕ - еве каде ќе бидат оданочени вашите приходи

Се разгледуваат можности за изградба на нов саемски комплекс во Скопје

Се разгледуваат можности за изградба на нов саемски комплекс во Скопје

ПОЧНА ПОСТАПКАТА ЗА ТРЕТ МОБИЛЕН ОПЕРАТОР: Прво ќе има јавна расправа за спроведување тендер за трет мобилен оператор

ПОЧНА ПОСТАПКАТА ЗА ТРЕТ МОБИЛЕН ОПЕРАТОР: Прво ќе има јавна расправа за спроведување тендер за трет мобилен оператор