НОВИОТ МУТИРАН ВИРУС ПОТВРДЕН И ВО ГРЦИЈА: Новата зараза од Британија се шири и на Балканот
Објавено во: Балкан 04 Јануари, 2021 08:52
Кај четири лица
кои во Грција пристигнале од Велика Британија за време на новогодишните
празници е потврден новиот мутиран вид на корона вирусот. Според наводите на Ројтерс
тие се во задолжителен карантин, се до негативни тестови.
Експертите сметаат дека мутацијата која е откриена прв пат во Велика Британија кон крајот на ноември, почетокот на декември е многу позаразна, дури 75 %, но за среќа, како што велат, смртноста не е поголема.
Инаку, како и секаде во Европа, во Грција се уште се на сила строги рестриктивни мерки, односно полициски час од 21 часот навечер до 5 часот наутро, прекин на нарачките преку Интернет во малопродажните објекти и затворање на фризерските и козметичките салони.
Можеби ќе ве интересира
„МИНИСТЕРОТ НЕ ЗЕМА НИТУ ДИНАР“ Вучиќ: Обвинението против Селаковиќ е срамно и безобразно
„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија
Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај
Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација
Во времето на Тито, за некој овие пари беа една плата: Никој не успеал да ја фалсификува „сивата гулабица“, а еве која е мистериозната жена од банкнотата
Голем пожар во Хрватска; На местото на настанот беа повеќе од 60 пожарникари, се слушаа експлозии




