18 Мај, 2024
0.0269

Интервју со Маја Шуклева Камчева, директор на Сектор за работа со физички лица во Еуростандард Банка

Интервју Шуклева: Со новиот Кредит плус Еуростандард банка им излегува во пресрет на здравствените работници

Објавено во: Економија 15 Април, 2020

Добивај вести на Viber

Живееме во исклучително тешки времиња кога државата се соочува со пандемија на коронавирус, а токму здравствените работници се оние кои се на првата борбена линија во заштитата на јавното здравје. Во такви услови, бизнис секторот е ставен пред предизвик на кој начин ќе им помогне на медицинските работници во справувањето со оваа здравствена криза.

Од тие причини, Еуростандард Банка одлучи во своето кредитно портфолио да воведе нов потрошувачки кредит – „Кредит +“, кој ќе биде наменет за здравствените работници, нудејќи им поволности кои досега не се понудени во овој сектор.

За карактеристиките на кредитот, условите за аплицирање и придобивките кои се нудат на вработените во здравствените институции, зборувавме со Маја Шуклева Камчева, директор на Секторот за работа со физички лица во Еуростандард Банка.

Шуклева, од неодамна Еуростандард Банка во своето кредитно портфолио го воведе новиот потрошувачки кредит „Кредит +“, кој е наменет за вработените во здравствените институции. Кој беше мотивот за воведувањето на овој кредит?

Шуклева: Со новонастанатата ситуација со пандемијата на COVID-19, која сè повеќе зазема широки размери кај светската, не само македонската популација, Еуростандард Банка АД Скопје како општествено одговорна институција се стремеше да даде еден мал придонес на оние кои во овие тешки моменти се најмногу тука за нас - а тоа се здравствените работници. Нудејќи еден уникатен продукт со одлични услови, сакаме и се трудиме да излеземе во пресрет на барањата на една од најзасегнатите категории на вработени. Еуростандард Банка потполно ги разбира финансиските потешкотии на своите клиенти и нуди поволна можност за нивно надминување, истовремено остварувајќи трајни и силни врски со клиентите. Мислата со која се водевме при креирањето и воведувањето на овој продукт беше: „Вие работите за нас, токму затоа ние мислиме на Вас“. 


Кои се главните карактеристики и кои поволности ги нуди новиот „Кредит +“ на здравствените работници?

Шуклева: Основната и заштитна карактеристика на новиот продукт „Кредит +“ е 0-нулата. Зошто 0? Бидејќи кредитот се карактеризира со: 0% каматна стапка за првите 3 месеци, 0% трошоци за аплицирање и 0% провизија за обработка. Максималниот износ на кредитот е 900.000 денари со валутна клаузула, а рок на отплата до 120 месеци, по избор. По истекот на промотивниот период од 3 месеци, каматната стапка изнесува 4.9% годишно.

Нудејќи ги овие поволности сметаме дека овој потрошувачки кредит, меѓу другото, би можел да се искористи за рефинансирање на кредити во друга деловна банка, за рефинансирање на кредитни лимити на картички во други деловни банки, за рефинансирање на изложености во ЕСБ, но и за одобрување на кредитен лимит со секој одобрен кредит, што ќе се користи преку кредитни картички или во форма на дозволено пречекорување на трансакциска сметка.

Кој има право на користење на овој кредит?

Шуклева: Кредитот е наменет за сите здравствени работници кои се вработени во јавните и приватните здравствени установи во државата, како што се медицински сестри, доктори, стоматолози, протетичари, ортодонти, медицински техничари, фармацевти, медицински лаборанти итн. Поточно, „Кредит +“ на Еуростандард Банка е наменет за сите херои во бели мантили кои го ризикуваат своето здравје за да го заштитат нашето.

Која е потребната документација која треба да се обезбеди за аплицирање за „Кредит +“?

Шуклева: Постапката за аплицирањето за „Кредит +“ е брза и едноставна. Апликантот потребно е да поднесе барање за кредит, да обезбеди фотокопија од документот за лична идентификација, административна забрана на плата, за вработените во приватните здравствени установи потребно е потврда за плата, обрасци за исплата на плата заверени во УЈП и фотокопија од обрасци за редовен работен однос.

Каде би можеле да се обратат заинтересираните здравствени работници за добивање на подетални информации, но и за аплицирање за овој кредит на Еуростандард Банка?

Шуклева: Сите информации поврзани со „Кредит +“, заинтересираните можат да ги добијат преку посета на експозитурите на Еуростандард Банка АД Скопје низ државата, како и низ широката и распространета мрежа на филијали на Македонска Пошта АД Скопје, каде исто така може да се аплицира за било кој кредит што Банката го нуди во својата лепеза на продукти.

Во интерес на кампањата #седидома и зачувување на здравјето на своите клиенти Еуростандард Банка АД Скопје им нуди можност за online аплицирање на својата веб страна https://eurostandard.mk/mk/onlajn-aplikacija. Исто така, информации можат да се добијат и на следните телефони за контакт: 02/3249-452 и 02/3249-474.


Можеби ќе ве интересира

ВУЧИЌ Е ЗАДОВОЛЕН: Koлку работници се вработени во српските фирми преку „Отворен Балкан“?

ВУЧИЌ Е ЗАДОВОЛЕН: Koлку работници се вработени во српските фирми преку „Отворен Балкан“?

АЗЕСКИ: Господ да му е на помош на тој што ќе донесе милијарда евра

АЗЕСКИ: Господ да му е на помош на тој што ќе донесе милијарда евра

ФАКТОР АНАЛИЗА: Скап ли е такси превозот во Скопје? Колку заработуваат најпопуларните компании?

ФАКТОР АНАЛИЗА: Скап ли е такси превозот во Скопје? Колку заработуваат најпопуларните компании?

ВАЖНО: Граѓани, проверете ја вашата даночна пријава за 2023 година

ВАЖНО: Граѓани, проверете ја вашата даночна пријава за 2023 година

АЗЕСКИ СЕ СРЕТНА СО МАЈК ЗАФИРОВСКИ: Потребно е запирање на сивата економија

АЗЕСКИ СЕ СРЕТНА СО МАЈК ЗАФИРОВСКИ: Потребно е запирање на сивата економија

„ДА СЕ КРАДЕ ОД БУЏЕТОТ 32 ГОДИНИ, НА НАМИЛОСРДЕН НАЧИН, И ДА НЕ МОЖЕ ДА СЕ СПРЕЧИ...“: целиот разговор со Бранко Азески на „Бизнис муабети“

„ДА СЕ КРАДЕ ОД БУЏЕТОТ 32 ГОДИНИ, НА НАМИЛОСРДЕН НАЧИН, И ДА НЕ МОЖЕ ДА СЕ СПРЕЧИ...“: целиот разговор со Бранко Азески на „Бизнис муабети“

„СО БРАНЕ И РИЛИНД НЕ СЕ ПЛАШЕВ ОД НИТУ ЕДНА БИТКА“ - средба на Тевдовски со некогашните соработници

„СО БРАНЕ И РИЛИНД НЕ СЕ ПЛАШЕВ ОД НИТУ ЕДНА БИТКА“ - средба на Тевдовски со некогашните соработници

„Тиквеш“ ги претстави своите модерни практики пред учесниците на регионалната Винска летна школа

„Тиквеш“ ги претстави своите модерни практики пред учесниците на регионалната Винска летна школа

АКО ОДИТЕ ВО ГРЦИЈА, НЕ МОРА ДА ЗАПАЛИТЕ ЦИГАРА ВО АВТОМОБИЛОТ, ИМА ДРАКОНСКИ КАЗНИ - еве за што ќе мора да платите 1.500 евра

АКО ОДИТЕ ВО ГРЦИЈА, НЕ МОРА ДА ЗАПАЛИТЕ ЦИГАРА ВО АВТОМОБИЛОТ, ИМА ДРАКОНСКИ КАЗНИ - еве за што ќе мора да платите 1.500 евра