27 Април, 2024
0.0273

Новиот Galaxy S21 Ultra ги обедини легендите на британската уметничка сцена

Објавено во: Мои пари 15 Јануари, 2021

Добивај вести на Viber

Rankin и Stefflon Don им оддаваат почит на музичките sвезди од 80-тите преку необична фотосесија 

КомпанијатаSamsung Electronics претстави галерија со дела на легендарниот британски фотограф Rankinцелосно фотографирани со новиот Samsung Galaxy S21 Ultra паметен телефон. Во соработка со британската рап уметничка, пејачка и текстописец Stefflon Don, Samsung и Rankin им оддадоа почит на култните женски музичари од 80-тите години на минатиот век, кои ги инспирираа денешните музички sвезди, од корен ја променија културата и го отворија патот за новата генерација визионери. 

Комбинирајќи го духот на осумдесеттите со моќната енергија на модерните социјални мрежи, Rankin и Stefflon Don си поиграа со оваа легендарна ера, создавајќи фотографии и видеа за Инстаграм и ТикТок. Боите, стилот и естетиката на содржината се целосно трансформирани со помош на леќата на камерата на Samsung Galaxy S21 Ultra телефонот. Како уред што ги поместува границите на она што еден паметен телефон може да направи, S21 Ultra им овозможи на Rankin и Stefflon Don да достигнат ново ниво на креативност и изразување и да ги споделат со публиката на социјалните мрежи. Овој вид на медиуми создаде новаформа на уметност, а цела една генерација корисници на социјална мрежа се посветени на креирање, споделување и прегледување содржина на нивните мобилни уреди, а Rankin се приклучи на овој растечки тренд со овој проект.  

Составен дел од мојот креативен процес е истражување на нови техники и методи за создавање револуционерна содржина. Работејќи со Stefflon, компанијатаSamsung и Galaxy S21 Ultra телефонот, успеав да разбудам нов вид креативност во себе, притоа останувајќи верен на себе и на мојата естетика. Го работев тоа што го сакам и тоа беше целосно на паметниот телефон - креирав, снимав, уредував содржина погодна за социјални мрежи, на начин што ја смени мојата работа надвор од она што мислев дека е можно“, рече Rankin и додаде дека е многу горд што имал можност да им оддаде почит на инспиративните легенди од 80-тите, кои во нивно време слободно ја изразувале својата индивидуалност, а и денес продолжуваат да ги мотивираат новите генерации.Со него се согласи и Steflon Don, велејќи дека уметниците од 80-тите години на минатиот век го отворија патот кон успехот на музичарите како неа, и дека соработката со компанијата Samsung и Rankin е извонредна можност за да се оддаде почит на нивниот одличен стил и енергија. 

 Користејќи ја професионалната камера на Galaxy S21 Ultra телефонот и неговата8K Video Snap функција, Rankin лесно можеше од 8К видео снимкитеда „извлече“ фотографии со висока резолуција, доловувајќи ги сите живописни детали од снимањето во форма на фотографии и видеа снимки, создадени за споделување на социјални мрежи.Новата Director’s View опција му овозможи на Rankin да ги прегледа и избере најдобрите фотографии, за во целост да се пренесе духот на 80-тите години, додека Vlogger View обезбедува можност за истовремено снимање видео со предна и задна камера, менување на кадри и зумирање до 100 пати со 100x Space Zoom. 

Телефонот Galaxy S21 Ultra претставува најново поглавје во децениската традиција наGalaxy S серијата, што овозможува супериорно мобилно искуство. S21 Серијата доаѓа во три модели кои одговараат на различни животни стилови - Galaxy S21 и S21+ го нудат најновото водечко искуство кое ќе им помогне на корисниците да го извлечат максимумот од секој момент, додека S21 Ultra им нуди најсовремена технологија на оние кои секогаш сакаат да бидат чекор понапред од сите. Со уреди како овие и моќта на социјалните мрежи, сегашните и идните генерации ќе продолжат да ја изразуваат својата индивидуалност, откривајќи и зајакнувајќи ги генерациите пред и по нив.

За повеќе информации за Galaxy S21 телефоните: https://www.samsung.com/mk/smartphones/galaxy-s21-5g/ или https://www.samsung.com/mk/smartphones/galaxy-s21-ultra-5g/.

ПР објава


Можеби ќе ве интересира

Успешен и профитабилен прв квартал од 2024 за НЛБ Банка

Успешен и профитабилен прв квартал од 2024 за НЛБ Банка

АСО: Неоправдано поскапување на задолжителното автомобилско осигурување

АСО: Неоправдано поскапување на задолжителното автомобилско осигурување

ТРИКРАТНИОТ ШАМПИОН ИГОР ИЏЕ СТЕФАНОВСКИ ВО ПОХОД ПО НОВА ЕВРОПСКА ТИТУЛА

ТРИКРАТНИОТ ШАМПИОН ИГОР ИЏЕ СТЕФАНОВСКИ ВО ПОХОД ПО НОВА ЕВРОПСКА ТИТУЛА

„A1 Academy” заокружи уште еден успешен модул – Бизнис аналитика

„A1 Academy” заокружи уште еден успешен модул – Бизнис аналитика

Хуманитарен велигденски настан во Веро центар за лицата со церебрална парализа

Хуманитарен велигденски настан во Веро центар за лицата со церебрална парализа

Караванот „Не е до нив, до тебе е“ утре патува во Скопје и во Охрид

Караванот „Не е до нив, до тебе е“ утре патува во Скопје и во Охрид

ВЕЛИГДЕНСКИ БОНУСИ ВО ПРОГРАМАТА ЗА ЛОЈАЛНОСТ НА 2win.мк

ВЕЛИГДЕНСКИ БОНУСИ ВО ПРОГРАМАТА ЗА ЛОЈАЛНОСТ НА 2win.мк

Прашања од граѓански организации до политичките партии пред следниот изборен круг

Прашања од граѓански организации до политичките партии пред следниот изборен круг

„Позитивниот избор од НЛБ Банка многу не израдува, тоа е потврда дека со нашата активност сме на вистинскиот пат“: Роберт Петрушевски еден од финалистите на пороектот на НЛБ „Рамка за помош“

„Позитивниот избор од НЛБ Банка многу не израдува, тоа е потврда дека со нашата активност сме на вистинскиот пат“: Роберт Петрушевски еден од финалистите на пороектот на НЛБ „Рамка за помош“