Новинарка ќе одговара за лажна вест дека РОСУ ќе биде на располагање на Црна Гора
Објавено во: Балкан 07 Јануари, 2020 12:00
Поранешната главна и одговорна уредничка на порталот ФОС, Анѓела Ѓукановиќ (26), е пуштена да се брани од слобода, откако е уапсена поради сомениние дека извршила кривично дело предизвикување на паника и неред.
Медиумската асоцијација на Југоисточна Европа (МАЈЕ) најостро го осуди апсењето и притворот за уредничката.
Од МАЈЕ велат дека не сакаат да навлегуваат во содржината на спорниот текст, затоа што тој не може да биде причина за притворање на новинари или уредници.
„Црногорските институции имаат на располагање низа на механизми во согласност со постоечките позитивни прописи да бара одговорност поради некој текст за кој сметаат дека е неточен – од судски тужби до постапки пред регулаторните тела. Тоа што тие постапки се неефикасни, како по постоечките така и по новите, идни законски решенија, одговорноста исклучително е токму кај овие институции кои го создале таквиот систем“ – стои во соопштението.
Полицијата претходно пренесе дека таа предизвикала паника во јавноста со пренесување на лажни вести преку медиумите, и како авторка објавила текст со насловот „ФОС открива: Припадници на РОСУ на располагање на Црна Гора за Бадник“. Во написот се вели дека „околу 250 припадници на единицата РОСУ – Специјална косовска единица, ќе бидат достапни на црногорските безбедносни органи на денот на собир во Подгорица закажан за Бадник“.
„Треба да се напомене дека се во тој текст беше апсолутна лага и обид за ширење дезинформации, насочени кон ширење паника и немири, а поголеми последици беа спречени со реакцијата на надлежните државни органи“, се вели во соопштението на црногорското МВР.
Таа на сослушувањето ги отфрлила обвиненијата. Нејзиниот адвокат, рекол дека таа не сакала го открие изворот на информацијата.
Можеби ќе ве интересира
Во времето на Тито, за некој овие пари беа една плата: Никој не успеал да ја фалсификува „сивата гулабица“, а еве која е мистериозната жена од банкнотата
Голем пожар во Хрватска; На местото на настанот беа повеќе од 60 пожарникари, се слушаа експлозии
Вучиќ до Хрватите: Србија купи нови авиони „Рафал“, a Хрватска половни
Парламентот на Бугарија едногласно ја прифати оставката на владата
Протест на земјоделците во Солун, граничните премини Евзони и Ники засега остануваат отворени
Тешки метали се откриени во керамички шолји во соседството
(ВИДЕО) Вучиќ добил порака од Москва - како реагираше Фон дер Лајен?
ПАДНА ВЛАДАТА НА РОСЕН ЖЕЛЈАСКОВ: По масовните протести, бугарската влада си поднесе оставка
Вучиќ ќе се враќа на премиерското столче? „Немам намера да менувам Устав, но...“




