НОВИНА ВО ЗАКОНОТ ЗА УПРАВУВАЊЕ СО БАТЕРИИ – на барање на Царина ќе се менува законот за полесна контрола на увозот
Објавено во: Економија 15 Април, 2025 07:36
Законот за управување со батерии и акумулатори и отпадни батерии ќе претрпи измени на барање на Царинската управа. На веб платформата ЕНЕР веќе се објавени измените со кои треба подобро да се регулира овој сегмент, и ќе им даде овластувања на цариниците да спречат увоз на производи во случај кога за истите ја нема целата потребна документација.
- Царинската управа повеќепати се обрати до Министерството за животна средина и ги посочи проблемите со кои се соочува во поглед на обврските од Законот, каде е пропишано дека Царинскиот орган нема да дозволи увоз на производи доколку правното лице не е регистрирано во регистрите пропишани со Законот за проширена одговорност на производители за управување со посебни текови на отпад – се нагласува во предлогот за иницирање на оваа законска измена.
Притоа се појаснува дека Царина своите функции и надлежности ги извршува со примена на електронски системи кои овозможуваат висок степен на контрола на царинската стока, примена на законските прописи, анализа на ризик, како и брз и непречен проток на стока и патници.
- На ваков начин Царинската управи ги исполнува обврските од домашната законска и подзаконска регулатива, обврските од меѓународни договори и претставува клучен фактор во олеснување на трговијата – се појаснува во документот објавен на веб платформата ЕНЕР .
Притоа е напоменато дека Царина нема да дозволи увоз на производи доколку правното лице не е регистрирано во регистрите пропишани со Законот, поради што се бараат измените.
- За автоматска, системска и целосна примена на одредбите треба да постои системско решение за проверка во регистрите кои ги води Управата за животна средина, вклопување на електронска база на податоци на МЖСПП во електронските системи на Царинската управа. За интегрирање на регистрите во царинските електронски системи, потребен е дефиниран сет на податоци содржани во електронска база, што подразбира најмалку недвосмислено утврден тарифен број/тарифна ознака, број на регистрација на субјектот, како и законскиот акт каде е регулирана обврската – се напоменува во документот.
Притоа е нагласено дека Министерството за животна средина располага само со ексел табела која не е применлива во електронските системи на Царината и не може автоматизирано да се спроведува пропишаната увозна царинска постапка.
- Примената на членовите во законите за управување со посебни текови на отпад, каде се бара царинскиот орган да не дозволи увоз на стока за која увозникот не е регистриран во регистрите на Управата за животна средина, би значела целосно суспендирање на воспоставениот систем на анализа на ризик и бара контрола на секоја декларација, без оглед на селекцијата на системот – нагласуваат предлагачите на законските измени.
Притоа е посочено дека ова исто така ќе ја успори увозната процедура, ќе го зголемило времето потребно за завршување на царинската постапка, ќе ја блокирало работата на царинскиот орган, наспроти сите напори во светски рамки за олеснување на трговијата и скратување на времето за спроведување царинските формалности.
- Изнесената состојба јасно укажува на потреба од системско решение за контрола на регистрирањето на обврзниците во регистрите на Управата за животна средина, како и измена на законските одредби во однос на постапувањето на царинскиот орган, со цел истото да биде реално остварливо.
Во предметниот закон во надлежност на Министерството за животна средина и просторно планирање, Царинскиот орган има обврска која не е во негова надлежност согласно Законот за Царинската управа, односно пропишана е обврска истиот да не дозволи увоз доколку увозникот не е регистриран во Регистарот на производители со проширена одговорност и на тој начин наместо контрола на стоките треба да се изврши контрола на исполнетост на условите на правното лице за вршење на одредена дејност – се додава во документот.
Се потенцира дека предложените измени и дополнувања се со цел подобрување на ефикасноста на управувањето со отпадните батерии и акумулатори.
П.О.Можеби ќе ве интересира
Мицкоски: Мерките на Владата даваат резултати, зголемени бројки на туристи и ноќевања во првите 10 месеци
Меѓународниот аеродром Скопје станува апослутен лидер во регионот по раст и по број на нови понудени места
КЛУЧ НА ДРЖАВНАТА КАСА ИЛИ МИЦКОСКИ ПРОГЛАСИ КАПИТУЛАЦИЈА НА ЕКОНОМИЈАТА! Чупеска за затворањето на трезорот на 15 декември
Кинеската економија во 2025 година и предвидувања за 2026 година
Тактики, а не паника, ја создаваат моменталната вредност на криптовалутите
Страв од вештачка интелигенција: Младите луѓе се префрлаат во квалификувани занаети
Кока-Кола добива нов извршен директор: Енрике Браун ќе ја преземе функцијата во март
Индустријата и потрошувачите можат да здивнат: ЕУ се согласи да ја укине забраната за бензин и дизел автомобили до 2035 година




