НОВИНА ВО УПРАВНИОТ ОДБОР НА СТОПАНСКА БАНКА - Илијас Пападопулос е новиот Генерален директор за оперативни работи
Објавено во: Финансии 30 Октомври, 2025 07:33
Илијас Пападопулос е новиот Генерален директор за оперативни работи (COO) на Стопанска банка АД - Скопје, а воедно и нов член на Управниот одбор на Банката.
- Ова е ново воспоставена позиција во Одборот, која ја одразува стратешката ориентација на Банката кон зајакнување на оперативната извонредност на највисоко ниво.
Г. Пападопулос успешно ја заврши постапката за лиценцирање пред Народната банка на 27 октомври.
Со повеќе од две децении извршно искуство во банкарството, г. Пападопулос носи изразени вештини во управување со кредитен ризик, корпоративно и банкарство на мало, како и интерна ревизија.
Тој претходно беше на позицијата Сениор директор за кредитен ризик и член на Извршниот одбор на Банката, каде што одигра значајна улога во обликувањето на апетитот за ризик, кредитната стратегија и оперативната истрајност на Банката.
Г. Пападопулос има магистерски студии по финансии и инвестиции од Универзитетот во Ексетер и додипломски студии по економија од Универзитетот во Гринич, Велика Британија - се посочува во објвата на Стопанска банка споделена на нивната официјална веб страна.
Притоа е истакнато дека како COO, г. Пападопулос ќе раководи со клучните оперативни сектори, вклучувајќи ги ИТ, платниот промет, кредитно администрирање, управување со деловните процеси и организација, како и со административната поддршка.
Неговата задача вклучува водење на оперативниот модел за трансформација на Банката, со фокус на модернизација, иновации и усогласување со регулативите, обезбедувајќи оперативна извонредност преку сите канали.
- Ова најново назначување ја потврдува посветеноста на Банката кон зајакнување на лидерскиот тим и усогласување на работењето со највисоките стандарди на управување, иновации и услуга за клиентите – фокус кој ќе остане приоритет и во наредниот период - се потенцира во објавата.
Фото: Принтскрин/Социјални мрежии
Можеби ќе ве интересира
Ова се просечните годишни плати во европските земји: Разликите се огромни, еве зошто
Рекорд на сите времиња: Илон Маск е најбогатиот човек во човечката историја
„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија
Голем скандал во автомобилската индустрија: Возачите плаќале повеќе, производителите на батерии казнети со 72 милиони евра
Димитриеска-Кочоска: Буџетот е во одлична кондиција и обврските нема да останат несервисирани
Европските индекси растат, цените на златото повторно се близу до историски максимуми
Рекорд на пазарот на недвижности: Пентхаус во Дубаи продаден за речиси 130 милиони евра
Дали се руши хрватскиот сон? Половина од платата оди за даноци, становите се прескапи, подобро е дома
„Ти си Балканец, ќе ни работиш за џабе“: Што навистина значи животот и работата во Швајцарска




