НОВИ „ШКОДИ“ ЗА ВЛАСТА, ДОНИРАНИ АМБУЛАНТНИ ВОЗИЛА ЗА БОЛНИЦИТЕ И „ПРАИСТОРИСКИ“ ПРОТИВПОЖАРНИ ВОЗИЛА: Возниот парк на политичарите, здравствените установи и пожарникарите

Објавено во: Финансии 19 Март, 2025 08:00
Во изминатите две години (2023/2024) се набавувале нови службени возила за државните институции и општини. Од друга страна, здравствените установи кубурат со амбулантни возил, додека противпожарната заштита во земјава користи возила уште од минатиот век.
Само во последните две години, 2023 и 2024, државните институции набавиле 269 нови патнички возила и за нив потрошиле 8.543.658 евра. Дел од институциите ги купиле возилата, а друг дел ги набавиле на лизинг, најчесто оперативен, што значи дека по истекот на периодот на лизингот треба да ги вратат, иако за возилата плаќаат како да ги купиле. Нови возила набавиле 44 институции, а склучени се вкупно 72 договори за јавни набавки. Просечната вредност на сите набавени возила во последните две години е 31.760 евра. -Меѓу нив се и 45-те владини возила, секое по 50 илјади евра, земени на лизинг за сегашните функционери, но и за поранешните премиери и претседатели. Ова се податоците кои што ги покажува истражувањето направено од Центарот за граѓански комуникации.
Од друга страна пак, според истражувањето на истиот центар, објавено во 2023 година, во земјава, амбулантни и санитетски возила на здравствените установи најчесто се добиваат со донација или им се отстапуваат на користење.
Според тогашното истражување, просечната година на производство на овие возила е 2011 година, што значи дека во 2023 година, амбулантните и санитетските возила биле со просечна старост од 12 години, а денес - 14.
Најскапо купени воопшто вакви возила во земјава се двете возила подарени од Министерството за здравство на Клиниката за детски болести од Скопје во далечните 2001 и 2013 година, со набавна вредност од 105 и 135 илјади евра.
Дури 73 проценти од сите овие возила, здравствените установи ги добиле на користење или како донација. Само околу 22 % од возилата, здравствените установи ги купиле со сопствени средства, се вели во тогашното истражување.
Министерството за здравство најчесто се јавува како институција која им ги отстапува на користење возилата на здравствените установи, додека како донатори се јавуваат други земји, невладини организации или поединци.
За состојбата со противпожарните возила пак, воопшто не треба ниту да се пишува.
Според истото истражување, во Македонија противпожарните возила што ги користат пожарникарите се просечно стари по 27 години.
Сите 34 противпожарни единици, според истражувањето на Центарот за граѓански комуникации имаат 284 возила со просечна старост од 27 години. Точно половина од вкупно 284-те противпожарни возила се постари од 30 години, додека само 15 % од возилата се стари до 10 години.
Најстари возила, со просечна старост од 35 до 39 години имаат четири противпожарни единици. Неславното прво место го зазема новоформираната противпожарна единица во Старо Нагоричане која има две возила, просечно стари 39 години. Следна, со просечно стари возила од 38 години е противпожарната едница во Кратово. 36 години просечна старост имаа возилата на валандовската противпожарна едница, а возилата на Крива Паланка се просечно стари 35 години.
Спротивно, најнов возен парк во земјава имаат противпожарните единици во Велес и Штип, чии возила се просечно стари по 12 години. Следните две единици, чии возила се просечно стари по 21 година се Берово и Демир Хисар, по кој следува Прилеп со просечна старост на возилата од 22 години.
Најстаро противпожарно возило во земјава има Валандово – камион ТАМ од 1966 година, стар 57 години. По ТАМ-от на Валандово следат четири возила, само по една година помлади, произведени во 1967 година и тоа: два мерцедеси на Македонска Каменица и Битола, и по еден ТАМ и ФАП на Крива Паланка и Демир Хисар.
Д.Т.Можеби ќе ве интересира
ДУРИ 2,5 МИЛИОНИ ЕВРА ЌЕ ОСТАНАТ КАКО ЗАДРЖАНА ДОБИВКА - еве зошто акционерите на Стопанска банка Битола нема да добијат дивиденда

СОМНИТЕЛНИ ДЕЛОВИ, ВРАТЕНА КИЛОМЕТРАЖА: Внимавајте кога купувате половни автомобили увезени од овие земји

ШТО ЗНАЧИ ДА СЕ БИДЕ БОГАТ ВО ГЕРМАНИЈА? Еве колку би вределе вашите пари ако живеете таму

ОВА СЕ ТОП 5 НАЈСИГУРНИ АВТОМОБИЛИ ПОД 3.000 ЕВРА: Лесно се наоѓаат делови, ги препорачуваат експертите и таксистите

НАЈВРЕДНАТА ЕВРО БАНКНОТА ПОВЕЌЕ НЕ СЕ ПРОИЗВЕДУВА: Што да направите ако ја имате дома?

ПОЗНАТ Е ТОЧНИОТ ДАТУМ НА КРАЈОТ НА ЕВТИНИОТ ШОПИНГ: „Тему“ и „Шеин“ веќе нема да продаваат по „багателни“ цени

ДОБРО Е ДА СЕ БИДЕ ПРЕТСЕДАТЕЛ НА АМЕРИКА: Најбогат е Трамп, а еве како стојат другите

ПОГЛЕДНЕТЕ КОЛКУ СЕ ПЛАЌА ЗА СААТ РАБОТА ВО ЕВРОПА: Некаде саатнина достигнува и до 55 евра!

ДОЛАРОТ ПРОДОЛЖУВА ДА „ТОНЕ“ - трета недела по ред ја губи вреднсота, зголемувајќи го притисокот врз американската економија
