„Сè тече, сè се менува, само каматата фиксна останува“
Нови промотивни услови за потрошувачки и станбен кредит од Шпаркасе Банка

Објавено во: Мои пари 17 Февруари, 2025 17:51
Шпаркасе Банка ја претставува својата најнова кампања за потрошувачки и станбен кредит, која нуди фиксни каматни стапки и фиксни месечни рати, обезбедувајќи финансиска сигурност и стабилност за сите клиенти. Оваа понуда е одлична можност за полесно и поефикасно планирање на финансиските обврски и дава поголема контрола врз личните финансии.
Клучните карактеристики на новите кредитни понуди вклучуваат сигурност и стабилност, овозможена преку фиксни каматни стапки за потрошувачки и станбен кредит, за долгорочно планирање без изненадувања. Шпаркасе Банка нуди иновативни решенија и услуги со највисок квалитет, внимателно приспособени на потребите на секој клиент, притоа водејќи сметка за финансиското здравје на заедницата.
Со фиксна каматна стапка почнувајќи од 3,19 % за првите 10 години, понудата за Станбен кредит им овозможува на клиентите да изберат сигурност со каматни стапки што нема да се менуваат за период до 10 години. Кредитите се достапни со максимален износ до 400.000 ЕУР и рок на отплата до 30 години, при што клиентите имаат можност да вклучат и полиса за животно осигурување.
Фиксна каматна стапка од 4,9 % за целиот период на отплата до 95 месеци, со максимален износ до 1.500.000 МКД ја прави единствена понудата за Потрошувачки кредит. Без потреба од жиранти, овој кредит нуди финансиска стабилност и сигурност со фиксна рата за целиот рок на отплата и вклучено кредитно животно/неживотно осигурување.
„Со оваа кампања ја истакнуваме нашата посветеност кон финансиската стабилност на нашите клиенти. Преку фиксните каматни стапки, им овозможуваме да планираат долгорочно и да имаат поголема контрола врз своите финансиски обврски. Нашата цел е да понудиме иновативни решенија со врвен квалитет на услуги, градејќи долгорочни и стабилни односи со нашите клиенти“ – изјави Ивана Петревска, директорка на Дирекцијата за маркетинг и комуникации.
За повеќе информации, јавете се на контакт-телефонот 02/15050, посетете ја веб-страницата www.sparkasse.mk или некоја од најблиските експозитури на Шпаркасе Банка АД Скопје.
#ВерувајВоИднината
пр објаваМожеби ќе ве интересира
Клиничката болница „Аџибадем Систина“ со сите свои ресури се става на располагање за транспорт и прифаќање на повредените лица во трагичната несреќа во Кочани

НОВОМАТИКМАКЕДОНИЈА ОДЛИЧЕН ПРИМЕР ЗА ОПШТЕСТВЕНА ОДГОВОРНОСТ

ЕЛЕНА ЛУКА во Софија добитник на престижната интернационална награда BEST BUSINESS AWARD

Промотивна фиксна камата од 2,9 отсто со новиот потрошувачки кредит на Иуте

Антонио Велковски: Готвачот „Ајде да јадеме“ изобилува со вкусни и здрави посни оброци за секој ден

ЦЕФТА ја отвора вратата за раст на туристичкиот сектор во регионот

Битолчани селектираа преку 1 милион пластични шишиња и лименки во текот на 2024 година
Аnanаs повторно доминира – 7 награди на E- commerce Awards 2024!

Рокас: Одржливиот туризам значително го зголемува потенцијалот за развој на земјата
