13 Мај, 2024
0.0254

Нови поволни роаминг пакети од Вип за Нова Година!

Објавено во: Мои пари 24 Декември, 2012

Добивај вести на Viber

За претстојните празници и зимска сезона кога голем број луѓе патуваат во странство, Вип оператор со нова понуда за роаминг со која ќе им овозможи на своите корисници однапред да го испланираат трошокот за роаминг. Најновата понуда за роаминг наречена „Vip Roam All“ содржи три пакети наменети за постпејд корисниците. Со активирање на пакетот Vip Roam All S, за еднократен надомест од 390 денари (со вклучен ДДВ), корисниците добиваат 10 минути појдовни разговори кон Македонија, земјата на посета и дојдовни роаминг разговори, 10 СМС пораки и 10 МБ интернет сообраќај во роаминг. Со пакетот Vip Roam All M се добива 30 минути разговор кон Македонија, земјата на посета и дојдовни роаминг разговори, 30 СМС пораки и 30 МБ интернет сообраќај за надомест од 690 денари (со ДДВ), а во пакетот Vip Roam All L се вклучени 60 минути разговор кон Македонија, земјата на посета и дојдовни роаминг разговори, 60 СМС пораки и 60МБ интернет сообраќај во роаминг за надомест од 1490 денари (со ДДВ). Активацијата на секој од понудените роаминг пакети се врши со соодветна СМС порака на бројот 389 77 140 111. За активација преку СМС од Македонија пораката не се наплаќа, додека при активација од странство, пораката се наплаќа според стандардната цена за СМС пораки од роамниг – 14 денари со вклучен ДДВ. Сите пакети се валидни 30 дена од денот на активирањето.  По надминување на сообраќајот вклучен во рамки на пакетот, сите услуги во роаминг се наплаќаат согласно стандардната тарифа. Новата понуда за роаминг на Вип важи до 31.01.2013 година. Пакетите се валидни во 43 земји во Европа за роаминг во мрежата на одредени партнери. Целосниот список на земји и партнери каде што важат Vip Roam All пакетите е достапен на интернет страницата  www.vip.mk .

Можеби ќе ве интересира

Нов “дијамант” на македонската кошарка

Нов “дијамант” на македонската кошарка

„Браво сине“ и „Арс Ламина“ со збирка од 24 „Нови бајки од Македонија“

„Браво сине“ и „Арс Ламина“ со збирка од 24 „Нови бајки од Македонија“

Имлек Протеин - моќ и енергија за 1650 спортисти на “Скопје трча”

Имлек Протеин - моќ и енергија за 1650 спортисти на “Скопје трча”

Благодарност до македонската ракометна јавност

Благодарност до македонската ракометна јавност

Прв регионален Health & Fitness форум во земјава

Прв регионален Health & Fitness форум во земјава

Заборски од „Макпетрол“ петти во Европа на шампионатот во Задар

Заборски од „Макпетрол“ петти во Европа на шампионатот во Задар

Развојот на првиот Porsche 911 со хибриден погон заврши успешно

Развојот на првиот Porsche 911 со хибриден погон заврши успешно

Денеска се одржа 8. издание на „Халк Еко Скопје Трча 10км“ 1650 учесници застанаа на старната линија

Денеска се одржа 8. издание на „Халк Еко Скопје Трча 10км“ 1650 учесници застанаа на старната линија

БРАКО ЌЕ ПРОМОВИРА НОВО ЕЛЕКТРИЧНО ВОЗИЛО НА САЕМ ВО МИНХЕН

БРАКО ЌЕ ПРОМОВИРА НОВО ЕЛЕКТРИЧНО ВОЗИЛО НА САЕМ ВО МИНХЕН