03 Мај, 2024
0.0267

Нови мерки: Ставрески и објави војна на невработеноста!

Објавено во: Економија 24 Март, 2015

Добивај вести на Viber

Министерот за финансии Зоран Ставрески денес најави амбициозен пакет од пет мерки на фискални стимулации со кои што на некој начин рече дека и објавува војна на невработенoста на еден многу поинтензивен начин од досега.

-Но таа се уште е на  високо ниво и затоа беше потребен еден поамбициозен пакет на мерки со кои што таргетираме различни групи на невработени лица зависно од возраста, и каде одиме со доста атрактивни фискални стимулации односно ослободување од плаќањето персонален данок и сите придонеси, за првата група до 35 години, и тоа е околу 36 или 37 проценти од трошоците што ги имаат фирмите кога ќе се соберат придонесите и персоналниот данок, тоа е 36-37 посто од трошокот за вработување на едно лице, смета Ставрески.

Тој вели дека во пакетот има и мерки насочени кон повозрасните категории на граѓани, оние кои потешко се вработуваат односно изгубиле работна кондиција, некогаш работеле во државните фирми или во други фирми кои биле во општествена сопственост, стечајците.

Ставрески потенцира дека се работи за една широка лепеза во која секоја фирма ќе најде одредена причина и одреден интерес да вработи одредено лице зависно од потребите на фирмата и од состојбите на пазарот на работна сила, односно во кој град во државава, луѓе со какви квалификации се навработени.

Од Владата пак потенцираат дека во наредните неколку дена ќе ги усвојат законските решенија за новите мерки, кои имаат за цел вработување на една широка категорија на граѓани и намалување на невработеноста.

Владиниот портпарол Александар Ѓорѓиев информира дека  до крајот  на април или почетокот на март ќе се реализираат вработувањата по  основ на  сетот - мерки кои ги најави премиерот Груевски,  за  намалување на невработеноста.

Можеби ќе ве интересира

„ПЛАТАТА НА КЕЛНЕРИТЕ ВО ХРВАТСКА 1.200 ЕВРА, ВО АВСТРИЈА 3.000 ЕВРА“: ќе работат само луѓе од трети земји

„ПЛАТАТА НА КЕЛНЕРИТЕ ВО ХРВАТСКА 1.200 ЕВРА, ВО АВСТРИЈА 3.000 ЕВРА“: ќе работат само луѓе од трети земји

„Да се напушти вештачкото надувување на капиталните инвестиции“: еве што велат економистите за изборните ветувања на партиите

„Да се напушти вештачкото надувување на капиталните инвестиции“: еве што велат економистите за изборните ветувања на партиите

ПОРАДИ КЛИМАТСКИТЕ ПРОМЕНИ: Колку маслиново масло произведува Шпанија?

ПОРАДИ КЛИМАТСКИТЕ ПРОМЕНИ: Колку маслиново масло произведува Шпанија?

СИНОТ НА СВЕТОЗАР, ЈАНЕ ЈАНЕВСКИ, СТАНУВА ПРЕТСЕДАТЕЛ НА УО НА „АУТОМАКЕДОНИЈА“ - и оттаму заминува Џон Илија Јоновски

СИНОТ НА СВЕТОЗАР, ЈАНЕ ЈАНЕВСКИ, СТАНУВА ПРЕТСЕДАТЕЛ НА УО НА „АУТОМАКЕДОНИЈА“ - и оттаму заминува Џон Илија Јоновски

НОВА ИНИЦИЈАТИВА ДО УСТАВЕН СУД ЗА УКИНУВАЊЕ НА ЧЛЕН 368 ОД ЗАКОНОТ ЗА ОБЛИГАЦИОНИ ОДНОСИ - тој е негативен за приватниот сектор

НОВА ИНИЦИЈАТИВА ДО УСТАВЕН СУД ЗА УКИНУВАЊЕ НА ЧЛЕН 368 ОД ЗАКОНОТ ЗА ОБЛИГАЦИОНИ ОДНОСИ - тој е негативен за приватниот сектор

КОЛКУ ДИВИДЕНДА ЌЕ ДОБИЕ СИМОН, А КОЛКУ САШО НАУМОСКИ - прилепска „Витаминка“ го објави планот, еве ги деталите

КОЛКУ ДИВИДЕНДА ЌЕ ДОБИЕ СИМОН, А КОЛКУ САШО НАУМОСКИ - прилепска „Витаминка“ го објави планот, еве ги деталите

ЦРН ДЕН ЗА ГЕРМАНСКАТА ЕКОНОМИЈА: Гигантот го прекина производството по 30 години - позната компанија ја изгуби трката со кинеска фирма

ЦРН ДЕН ЗА ГЕРМАНСКАТА ЕКОНОМИЈА: Гигантот го прекина производството по 30 години - позната компанија ја изгуби трката со кинеска фирма

АСО ја охрабрува Владата за измени на Тарифникот за авто-осигурување

АСО ја охрабрува Владата за измени на Тарифникот за авто-осигурување

Стотици домаќинства сега продаваат струја во Македонија, интересот сепак ограничен

Стотици домаќинства сега продаваат струја во Македонија, интересот сепак ограничен