09 Мај, 2024
0.0441

Нови мерки на Народна банка: Поттикнуваат поволно кредитирање на компаниите

Објавено во: Економија 18 Март, 2020

Добивај вести на Viber

Откако ја намали основната камата, Народната банка денеска на вонредна седница донесе и нови мерки. Има измени кај задолжителната резерва, кај тарифата на надоместоците на Народната банка.

Со измените на Одлуката за задолжителна резерва, Народната банка повторно ја става во функција нестандардната мерка со која се овозможува намалување на основата за обврската на задолжителната резерва во денари на деловните банки за износот на новоодобрените и реструктурираните кредити одобрени на претпријатијата во дејности коишто согласно со информациите од Владата на Република Северна Македонија ќе бидат најпогодени од ширењето на ковид-19. Се очекува дека мерката ќе поттикне непречена кредитна поддршка по поволни услови од страна на банките за најпогодените сектори.

Во однос на Одлуката за изменување на методологијата за управување со ризиците од НБРМ велат дека со измената се одложува рокот во кој банките треба да го достават првиот извештај за процесот на утврдување интерна ликвидност, со што, наместо до 31 мај, оваа обврска ќе треба да се исполни до 30 септември 2020 година. Со ова регулаторно олеснување, на банките и на нивните тимови им се остава простор за поголема фокусираност на обезбедувањето кредитна поддршка на корпоративниот сектор и на населението, како и на одржувањето на квалитетот на кредитното портфолио

Дополнително донесена е одлука со којашто се укинуваат провизиите коишто досега се наплатуваа за подигање и враќање на готовината во централниот трезор на Народната банка. 

„Со ова се елиминираат сите трошоци за подигнување и враќање ефективни пари. Ваквите промени придонесуваат за поддршка на процесот на управувањето со готовината преку минимизирање на евентуалните ризици од пренесување на заразата преку овој канал, информираат од Народната банка.

Претходно, во понеделникот, на седницата на Комитетот за оперативна монетарната политика на Народната банка беше донесена одлука за намалување на основната каматна стапка на нивото од 1,75 проценти, што треба да придонесе за намалување на цената на финансирање преку кредити од банките. 


Можеби ќе ве интересира

РАСТ НА ТУРИСТИТЕ ВО КИНА - се повеќе се бараат услугите за изнајмување автомобили

РАСТ НА ТУРИСТИТЕ ВО КИНА - се повеќе се бараат услугите за изнајмување автомобили

KOJA E MИНИМАЛНАТА ПЛАТА ЗА КОЈА БИ РАБОТЕЛЕ: Што кога на интервју за работа ќе ви го постават ова прашање?

KOJA E MИНИМАЛНАТА ПЛАТА ЗА КОЈА БИ РАБОТЕЛЕ: Што кога на интервју за работа ќе ви го постават ова прашање?

ПОРАДИ ЕНОРМНА ПОБАРУВАЧКА ОД РУРАЛНО ВО БИЗНИС СЕЛО - растечката индустрија на перики поттикна промени во источна Кина

ПОРАДИ ЕНОРМНА ПОБАРУВАЧКА ОД РУРАЛНО ВО БИЗНИС СЕЛО - растечката индустрија на перики поттикна промени во источна Кина

ТОП 5: Продадоа најмногу струја во Македонија, двајца трговци се новоетаблирани од Албанија

ТОП 5: Продадоа најмногу струја во Македонија, двајца трговци се новоетаблирани од Албанија

КЕЛНЕРИ ВО ХРВАТСКА: Реална ли е платата од 2.000 евра?

КЕЛНЕРИ ВО ХРВАТСКА: Реална ли е платата од 2.000 евра?

СУША ВО ВИЕТНАМ: Кафето ќе поскапува

СУША ВО ВИЕТНАМ: Кафето ќе поскапува

НЕВРАБОТЕНОСТ ВО ЕУ: Koи земји се со најниска стапка?

НЕВРАБОТЕНОСТ ВО ЕУ: Koи земји се со најниска стапка?

РАСТАТ ЦЕНИТЕ И ВО УГОСТИТЕЛСТВОТО - најмногу поскапеле ноќевањата, но и храната во рестораните

РАСТАТ ЦЕНИТЕ И ВО УГОСТИТЕЛСТВОТО - најмногу поскапеле ноќевањата, но и храната во рестораните

САМИТ НА МАКЕДОНИЈА2025 НА 15 И 16 МАЈ – ФОКУС НА ИНИЦИРАЊЕ ПРОМЕНИ И ИНОВАЦИИ ВО ЈУГОИСТОЧНА ЕВРОПА

САМИТ НА МАКЕДОНИЈА2025 НА 15 И 16 МАЈ – ФОКУС НА ИНИЦИРАЊЕ ПРОМЕНИ И ИНОВАЦИИ ВО ЈУГОИСТОЧНА ЕВРОПА