13 Мај, 2024
0.0265

НОВИ ДЕТАЛИ ОД КОБНАТА КАВГА НА ЗАКИНТОС: Причина за убиството на Американецот флерт со Србинка или пијалок на погрешна маса?

Објавено во: Балкан 11 Јули, 2017

Добивај вести на Viber

Деветмина Срби, гости на грчки бар, и двајца вработени во тој бар-келнер Грк и обезбедувач, британски државјанин со српско потркло, се уапсени и осомничени за убиство од умисла, 22-годишниот Американец Бакариј Хандерсон.

Грчката полиција утрово, после потерите на Закинтос, уапсила уште двајца српски државјани. За еден од нив, тврдат дека, според снимки на безбедносните камери, ја започнал кобната кавга после која американскиот дипломец починал подлегнувајќи им на повредите. Американецот Бакари на Закинтос дошол, како тврди неговото семејство, да „сними реклама за својата нова линија на облека која ја лансирал“.

Меѓутоа, она што засега е непознато е вистинската причина на тепачката која му претходела на трагичниот настан.

Според пишувањата на атинскиот весник Катимерини, кој се повикува на свои извори, караницата а потоа и тепачката избиле после банална расправа за тоа кој го ставил пијалокот на масата која веќе била зафатена.

Во меѓувреме, американската ТВ мрежа CBS цитирала „еден од очевидците“ кои тврдат дека починатиот Хендерсон и неговата екипа сакале да се сликаат со келнерката, што го разбеснело еден од обезбедувачите, најверојатно британскиот државјанин со српско потекло и уште еден вработен во барот веројатно грчки бармен.

Слично објавил и грчкиот Катимерини пишувајќи дека повод „најверојатно бил флерт на убиениот со една Србинка, вработена во барот, и тоа што се фотографира со неа“.

Тој весник додава дека повеќето од претходните осуммина уапсени во изјавите на предистражната постапка „признале дека присуствувале во караницата, но сите негирале дека на 22-годишникот му нанеле смртоносни повреди“.

На притворените сега им се закануваат најмалку 10 години или максимална доживотна казна затвор.

Нивните семејства пак велат дека уапсените им ја ракажале приказната со образложение дека не се виновни и дека ги местат.

Можеби ќе ве интересира

ДЕНЕС ИСТЕКУВА РОКОТ ЗА КОРИСТЕЊЕ ДИНАРИ ВО КОСОВО - од утре смее да се плаќа само со евра

ДЕНЕС ИСТЕКУВА РОКОТ ЗА КОРИСТЕЊЕ ДИНАРИ ВО КОСОВО - од утре смее да се плаќа само со евра

ОГЛАС ЗА ПРАЗЕН СТАН ГИ БРАНУВА СОЦИЈАЛНИТЕ МРЕЖИ ВО СОСЕДСТВОТО: 500 евра, па колку би чинел станот ако е наместен?!

ОГЛАС ЗА ПРАЗЕН СТАН ГИ БРАНУВА СОЦИЈАЛНИТЕ МРЕЖИ ВО СОСЕДСТВОТО: 500 евра, па колку би чинел станот ако е наместен?!

„Сè уште ги слушам криците на децата и мајките кои усташите ги раздвојуваа“ - Јелена ја преживеа голготата на Јасеновац

„Сè уште ги слушам криците на децата и мајките кои усташите ги раздвојуваа“ - Јелена ја преживеа голготата на Јасеновац

Американската амбасада на листата даночни должници во Црна Гора

Американската амбасада на листата даночни должници во Црна Гора

Бојко Борисов: Мицкоски, завршија изборите!

Бојко Борисов: Мицкоски, завршија изборите!

ЗА ДАЛИБОР ДРАГИЈЕВИЌ КОЈ ПОЧИНА: Внатрешната контрола на полицијата бара суспензија на тројцата полицајци

ЗА ДАЛИБОР ДРАГИЈЕВИЌ КОЈ ПОЧИНА: Внатрешната контрола на полицијата бара суспензија на тројцата полицајци

ЗА УБИСТВОТО НА ДАНКА: Oсомничените можат да се спасат од „тешки“ казни

ЗА УБИСТВОТО НА ДАНКА: Oсомничените можат да се спасат од „тешки“ казни

КИНЕСКИ АМАЗОН ДОСТАПЕН ВО СРБИЈА: Се е со багателни цени

КИНЕСКИ АМАЗОН ДОСТАПЕН ВО СРБИЈА: Се е со багателни цени

ТУРИСТИТЕ ЗБЕСНАА ЗАРАДИ ЦЕНИТЕ ВО ГРЦИЈА: Бараат луди суми само за кревет, многумина поради тоа веќе ги откажаа одморите!

ТУРИСТИТЕ ЗБЕСНАА ЗАРАДИ ЦЕНИТЕ ВО ГРЦИЈА: Бараат луди суми само за кревет, многумина поради тоа веќе ги откажаа одморите!