08 Мај, 2024
0.0271

Нови амбициозни планови за заштита на животната средина од Coca-Cola HBC и Пивара Скопје

Објавено во: Мои пари 12 Ноември, 2015

Добивај вести на Viber

Пивара Скопје, како заедничко вложување на Coca-Cola HBC и Heineken, останува посветена на својата агенда за одржливост во насока на поттикнување одржлив раст и развој. Компанијата во целост е усогласена со најдобрите стандарди за одржливост на двете корпорации на кои им припаѓа.

Coca-Cola HBC неодамна го потврди статусот на глобален лидер меѓу компаниите за производство на пијалаци, според остварените резултати и заложбите за оджливост и заштита на животната средина. Ова следува откако корпoрацијата, втора година по ред е рангирана на прво место во светската индустрија за пијалаци, од страна на глобалниот „Дау Џонс индекс за одржливост“ (The Dow Jones Sustainability Index). Истовремено, за своите напори за намалување на емисиите на јаглерод диоксид во атмосферата, Coca-Cola HBC го задржа првото место меѓу производителите на пијалаци и осмото место на листата ТОП 100 водечки компании кои го формираат FTSE 100 индексот на Лондонската берза.

пивара 1

Потврдувањето на статусот светски индустриски лидер во одржливост ја мотивираше Coca-Cola HBC да ги објави новите амбициозни заложби за заштеда на водата за 30% и редукција на емисиите на јаглерод диоксид за 50% до 2020-та година.

„Горди сме што, како членка на системот на Coca-Cola HBC, учествуваме во исполнувањето на овие заложби, на тој начин придонесувајќи за заштеда на вода, како еден од есенцијалните природни ресурси и во натамошно унапредување на животната средина во Македонија, но и во глобални рамки“, изјави Витце Мутерс, вршител на должност генерален директор на Пивара Скопје, која во рамките на Coca-Cola HBC системот, две години по ред, ја добива наградата за квалитет и одржлив развој, како највисоко признание за реализираните активности и остварените резултати во четири области: квалитет; здравје и безбедност; заштита на животната средина и почитување на највисоките стандарди во деловните операции.

пивара

Придонесот на Пивара Скопје во достигнувањето на високите таргети за одржливост на Coca-Cola HBCе реализиран преку спроведување на неколку конкретни проекти, како што се: оптимизација на користењето на топлинската енергија во производството на ПЕТ амбалажа; унапредување на системите за загревање во процесот на производство со подобрување на ефикасноста на задржување на топлината; користење соларна енергија за загревање на техничката и санитарната вода; независен автоматски регулиран систем за загревање на работните простории; употреба на енергетски ефикасни светилки во целата компанија; како и системи за рециклирање на водата која се користи во процесот на производство.

Благодарение на досегашните иницијативи, Пивара Скопје значително придонесе во вкупните вложувања и остварувања на Coca-Cola HBC во областа на одрживиот развој, меѓу кои секако се: директна и индиректна редукција на емиисите на јаглерод диоксид за 7,8% годишно; инвестиции од 5,8 милиони евра во инсталации со кои се овозможи заштеда од 1,1 милиони метри кубни вода, како и 4,3 милиони евра инвестирани во проекти за енергетска ефикасност.

Во составот на Coca-Cola HBC се наоѓаат компании од 28 земји, меѓу кои и Пивара Скопје, кои произведуваат брендови од портфолиото на Coca-Cola за пазар од вкупно 58 9милиони потрошувачи. Со годишно производство од повеќе од 2 милијарди единечни пакувања, Coca-Cola HBC е водечки производител на најпопуларните безалкохолни пијалаци на светот.

Можеби ќе ве интересира

Преку „Рамка за помош“, НЛБ Банка ја поддржува грижата за менталното здравје на адолесцентите: М–р Лариса Стојковиќ Трајкоска од Центар за раст и развој на личноста „Синтеза“

Преку „Рамка за помош“, НЛБ Банка ја поддржува грижата за менталното здравје на адолесцентите: М–р Лариса Стојковиќ Трајкоска од Центар за раст и развој на личноста „Синтеза“

Одбројуваме уште 15 дена до Конференцијата за комерцијални недвижности

Одбројуваме уште 15 дена до Конференцијата за комерцијални недвижности

БИМИЛК во Битола го носи д-р Ранко Рајовиќ за да го одбележи Светскиот ден на семејството

БИМИЛК во Битола го носи д-р Ранко Рајовиќ за да го одбележи Светскиот ден на семејството

Караванот „Не е до нив, до тебе е“ денеска патува до својата крајна станица – Drunken Monkeys

Караванот „Не е до нив, до тебе е“ денеска патува до својата крајна станица – Drunken Monkeys

АПРИЛ ВОЗБУДЛИВ ЗА ИГРАЧИТЕ НА ВЛТ: ВИДЕОЛОТАРИЈА КАСИНОС АВСТРИЈА ИМ ИСПЛАТИ НА ИГРАЧИТЕ ФАНТАСТИЧНИ 46.238.549 ДЕНАРИ

АПРИЛ ВОЗБУДЛИВ ЗА ИГРАЧИТЕ НА ВЛТ: ВИДЕОЛОТАРИЈА КАСИНОС АВСТРИЈА ИМ ИСПЛАТИ НА ИГРАЧИТЕ ФАНТАСТИЧНИ 46.238.549 ДЕНАРИ

Регионална кампања „Вистината е важна“ за опасностите кои ги носат дезинформациите и говорот на омраза

Регионална кампања „Вистината е важна“ за опасностите кои ги носат дезинформациите и говорот на омраза

Дали се сеќавате на оваа игра? Би ја играле и денес?

Дали се сеќавате на оваа игра? Би ја играле и денес?

Осум каратисти на „Макпетрол“ ќе учествуваат на Европскиот Шампионат во Хрватска

Осум каратисти на „Макпетрол“ ќе учествуваат на Европскиот Шампионат во Хрватска

Посакувам да бидеме дел од трите регионални финалисти на „Рамка за помош“ на НЛБ Групацијата и токму нашиот проект да стане реалност: Сашко Јованов од Здружението за поддршка и развој „Хуманост“

Посакувам да бидеме дел од трите регионални финалисти на „Рамка за помош“ на НЛБ Групацијата и токму нашиот проект да стане реалност: Сашко Јованов од Здружението за поддршка и развој „Хуманост“