29 Април, 2024
0.0245

Нови 40 стипендисти ќе се доквалификуваат на програми од Универзитетот Шефилд на Академијата за Менаџери во Скопје

Објавено во: Мои пари 12 Ноември, 2014

Добивај вести на Viber

Соработката меѓу Академија за Менаџери и Министерството за образование на Република Македонија заедно со Сојузот на стопански комори, продолжува и оваа година со програмата за доделување на стипендии. Кандидатите кои се заинтересирани за доквалификација според програмите на Универзитетот Шефилд, можат да аплицираат на конкурсот кој што е достапен на интернет страниците на МОН и Академија за Менаџери на линкот http://managersacademy.mk/stipendii.php#конкурс-2014. Годинешните стипендии се однесуваат на два модули, Стратешки маркетинг и тоа во смеровите Стратешки менаџмент и Стратешки маркетинг со 25 стипендии и 15 стипендии за модулот Балканската економска средина во банкарството и финансиите во рамки на смерот Финансии. „Предностите на овие докваликации се бројни а пред се доаѓаат од програмите на Универзитетот Шефилд што ги имплементираме тука во Академија за Менаџери. Висока експертизата на професорите, неконвенционалните наставни методи, флексибилноста, индивидуалната грижа за студентите, простор за истражување и практична работа и секако финансиските погодности се високо оценети и создаваат високо профилирани менаџерски кадри кои имаат способност да го издигнат степенот на оперативност на секоја компанија. Дополнително стимулира и фактот што овој универзитет е рангиран високо на листата на 100те најдобри универзитетот на светот“, изјави Марија Никовска, директор на Академија за Менаџери. 40те стипендии се во вредност од 500 евра и се обезбедени како финансиска поддршка од Владата на Република Македонија преку Министерството за образование и наука. Конкурсот ќе биде отворен до 18 ноември и до 28 ноември, во зависност од модулите, а за изборот на кандидатите ќе одлучува координативно тело формирано од претставници на Академијата за Менаџери, Министерството за образование и наука, СИТИ колеџот и Сојузот на стопански комори. Избраните кандидати ќе следат предавања организирани еден викенд во ноември или декември, зависно од модулот, во Скопје и со времетраење од 22 часа. Академијата за Менаџери во Скопје, веќе 2 години работи под академска надлежност на Универзитетот Шефилд и на Меѓународниот факултет, СИТИ Колеџ - еден од 6те академски факултети на Универзитетот Шефилд. Програмите на Академијата за Менаџери во Скопје им овозможуваат на кандидатите да се здобијат со сертификат, диплома или мастер титула од страна на Универзитетот Шефилд.

Можеби ќе ве интересира

Менаџментот на NOVOMATIC свечено ги отвори вратите на Grand Casino Admiral

Менаџментот на NOVOMATIC свечено ги отвори вратите на Grand Casino Admiral

Третиот дел на „Солунска 28“ од д-р Неле Карајлиќ е најпродаван наслов од „Арс Ламина“ на Саемот на книгата 2024

Третиот дел на „Солунска 28“ од д-р Неле Карајлиќ е најпродаван наслов од „Арс Ламина“ на Саемот на книгата 2024

Успешен и профитабилен прв квартал од 2024 за НЛБ Банка

Успешен и профитабилен прв квартал од 2024 за НЛБ Банка

ТРИКРАТНИОТ ШАМПИОН ИГОР ИЏЕ СТЕФАНОВСКИ ВО ПОХОД ПО НОВА ЕВРОПСКА ТИТУЛА

ТРИКРАТНИОТ ШАМПИОН ИГОР ИЏЕ СТЕФАНОВСКИ ВО ПОХОД ПО НОВА ЕВРОПСКА ТИТУЛА

„A1 Academy” заокружи уште еден успешен модул – Бизнис аналитика

„A1 Academy” заокружи уште еден успешен модул – Бизнис аналитика

Хуманитарен велигденски настан во Веро центар за лицата со церебрална парализа

Хуманитарен велигденски настан во Веро центар за лицата со церебрална парализа

Караванот „Не е до нив, до тебе е“ утре патува во Скопје и во Охрид

Караванот „Не е до нив, до тебе е“ утре патува во Скопје и во Охрид

ВЕЛИГДЕНСКИ БОНУСИ ВО ПРОГРАМАТА ЗА ЛОЈАЛНОСТ НА 2win.мк

ВЕЛИГДЕНСКИ БОНУСИ ВО ПРОГРАМАТА ЗА ЛОЈАЛНОСТ НА 2win.мк

Прашања од граѓански организации до политичките партии пред следниот изборен круг

Прашања од граѓански организации до политичките партии пред следниот изборен круг