НОВА ВЛАДА УШТЕ НЕМА, АМА ЗАДОЛЖУВАЊАТА ДОМА МОРА ДА „ВРВАТ“ - издадени државни обврзници од 26 милиони евра
Објавено во: Финансии 07 Јуни, 2024 10:37
Влада можеби уште не е формирана, ама државата мора да функционира, а мора да се враќаат и стари долгови, односно рати на претходно земени заеми, чии ануитети достасуваат за наплата.
Затоа мора да се земаат и нови заеми, односно државата мора да се задолжува каде што има достапни извори на финансирање.
А, најлесно е во секое време да се земат нови заеми на домашниот пазар, односно преку издавање на државни обврзници, и каде како кредитори се јавуваат домашните банки, како и пензиски и инвестициски фондови, кои се полни со пари, и кои за прилично „мрсни“ камати ја кредитираат државата.
Државата вчера издала два вида државни обврзници, со различна рочност и со различни каматни стапки, а од денеска тие котираат на Македонската берза за долгорочни хартии од вредност. Вкупната вредност на задолжувањето на домашниот пазар е близу 26 милиони евра.
Првите обврзници се петгодишни, што значи дека парите и каматите ќе мора да ги вратиме на 6 јуни 2029 година, а нивниот износ е 9,61 милиони евра. Станува збор за државни обврзници без девизна клаузула. Бидејќи имаат помала рочност, нивната каматна стапка е пониска и изнесува 4,2 проценти.
Вторите издадени државни обврзници се на повисока сума, од 25,87 милиони евра, и тие се 15 годишни, односно доспеваат на 6 јуни 2039 година. Тие се исто така без девизна клаузула.
А, нивната камтна стапка е многу висока, 5,6 проценти, повисока буквално и од кредитите по кои банките ги кредитираат фирмите и населението. Затоа и финансиерите на државата, а тие се домашните банки и фондовите, тријат раце кога таа сака да се задолжува, бидејќи влечат и тоа како одлични камати на нивните вложувања во државните хартии од вредност.
Н.Н.Ф.
Можеби ќе ве интересира
Рекорд на пазарот на недвижности: Пентхаус во Дубаи продаден за речиси 130 милиони евра
Дали се руши хрватскиот сон? Половина од платата оди за даноци, становите се прескапи, подобро е дома
„Ти си Балканец, ќе ни работиш за џабе“: Што навистина значи животот и работата во Швајцарска
„Тука луѓето откопуваат злато“: На 2 часа од Скопје пронајдена населба постара од онаа на Инките и Маите
Во времето на Тито, за некој овие пари беа една плата: Никој не успеал да ја фалсификува „сивата гулабица“, а еве која е мистериозната жена од банкнотата
Еве каде да ги најдете најдобрите половни автомобили во Европа: Возачите возат помалку километри и ги чуваат подолго
РАБОТА ОД СОНИШТАТА ВО ГЕРМАНИЈА: Плата до 90.000 евра, повеќе од 60 дена одмор - еве како да ја добиете
ФЕД ПО ТРЕТ ПАТ ГИ НАМАЛИ КАМАТИТЕ: Пауел вели засега е доволно
ГАРАЖА ВО АЕРОДРОМ ПРОДАДЕНА ЗА 30 ИЛЈАДИ ЕВРА, А ЗА КВАДРАТ ЗА СТАН ВО ЦЕНТАР ПЛАТЕНИ БЛИЗУ 3.000 ЕВРА: Еве каде и за што се давале најмногу пари




